30 мај 2010

Креативни имиња за вашето бебе

Адораблнејмс“ е одличен веб-сајт кој може да им биде од огромна корист на сите родители кои се во недоумица како да го крстат своето бебе.

Веб-сајтот е едноставен, но на него можете да наидете на илјадници имиња од различни региони од светот. Пребарувањето на имињата е многу лесно и истото можете да го направите според почетна буква, регион или пол. Доколку одберете некој од понудените региони, сите имиња кои ќе ги добиете ќе бидат сместени во табела по азбучен редослед и за истите ќе можете да прочитате и објаснување што точно значат.

Исто така, на сајтот има листа на најпопуларните 1000 машки и женски имиња во Велика Британија, како и листа со несекојдневни и специфични имиња.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.adorablenames.com

28 мај 2010

Бесплатно преземање видеа од Јутјуб

Кипхаде” претставува едноставен онлајн сервис кој ќе ви овозможи да преземете некое видео од Јутјуб бесплатно.

Не е потребна ниту регистрација, ниту пак инсталирање на некој дополнителен софтвер. Сè што треба да направите е да ја впишете адресата на видеото кое ви е потребно и да притиснете на копчето „Download“. Откако сервисот ќе го вчита видеото, ќе треба да одберете една од понудените комбинации во зависност од вашите потреби. Комбинацијата е составена од формат и квалитет со кој сакате да го преземете видеото.

Иако Јутјуб е посочен како главен извор, сепак сервисот подржува и преземање видеа од други слични популарни сервиси како што се Вимео, БлипТВ, Јаху видеос, Мегавидео, Гугл видеос и други.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: keephd.com

27 мај 2010

Десктоп заднини со висок квалитет за вашиот десктоп

Доколку сакате да имате интересна и креативна заднина на вашиот десктоп, а истовремено истата да е со одличен квалитет, „Хадеволпејперс“ сигурно ќе ви стане место кое редовно ќе го посетувате.

Сајтот претставува база на високо квалитетни заднини кои можете да ги преземате бесплатно, без притоа да морате да се најавувате на сервисот. Сите заднини се распоредени во соодветни категории, а поопштите понатаму се делат на поткатегории, со што на посетителите им се олеснува пребарувањето. Исто така, доколку го оставите вашиот имејл на сајтот, секој викенд ќе ви пристигнуваат десетте најдобри заднини за измината недела.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен и прегледлив
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.hdwallpapers.net

26 мај 2010

Оптимизатор на слики и фотографии

Доколку се најдете во ситуација кога од вас се бара сликите кои треба да ги прикачите или искористите на интернет да се со одредени спецификации во однос на големината, сервисот „Имиџ оптимајзер“ ќе ви биде од голема корист.

Сервисот овозможува да прикачите слика за оптимизирање директно од вашиот компјутер или пак да внесете линк до некоја слика од интернет. Откако ќе го направите тоа, го одбирате форматот кој вам ви одговара и сервисот ја преработува сликата. На екранот ќе ви се појават десетина копии од сликата која сте ја прикачиле, секоја со различен квалитет и големина, а ваше ќе биде да ја одберете онаа која ви одговара и да ја преземете.

Едноставен и лесен сервис, кој некогаш може да ви навистина се најде. Сепак, мора да се напомене дека сликите и фотографиите кои ќе ги прикачите мораат да бидат со максимална големина од 300 kb, но истите потоа ќе можете да ги оптимизирате да бидат триесетина пати помали, но секако и со полош квалитет..

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: tools.dynamicdrive.com/imageoptimizer