Се прикажуваат објави со етикета потсетници. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета потсетници. Прикажи ги сите објави

14 март 2011

Не испуштајте ги родендените на вашите блиски

„Роденденски аларм” е сајт кој ќе ви ги скрати маките кога се работи за паметењето родендени и одбирање роденденски картички за вашите роднини, пријатели и познаници. Сè што треба да направите е да отворите корисничка сметка која е бесплатна, а понатаму е многу едноставно. Со корисничката сметка добивате потсетници за родендени и настани, покани и алатки за планирање, како и повеќе од стотина бесплатни електронски картички.
Веб-сајт со кој нема да ги заборавите родендените на вашите најблиски
Сајтот е основан во 2001 година со цел да им овозможи на луѓето едноставен начин за помнење родендени, но поради позитивниот фидбек, креаторите додале и дополнителни можности.

Со отворањето сметка, сајтот ви овозможува да ги поканите вашите контакти да бидат дел од вашата листа за роденденски честитки. Внесувањето контакти во листата можете да го направите и рачно. Потоа, непосредно пред нивниот роденден ќе ви пристигне известување на имејл кое ќе ве потсети да им испратите електронска честитка, која може да ја изберете од многуте понудени на сајтот.

„Роденденски аларм”, освен роденденски картички, нуди и картички за други пригоди, празници, годишнини, новогодишни и божиќни честитки, љубовни и многу многу други. Некои од електронските честитки се статични, а некои анимирани, но секако тука може да најдете нешто за сечиј вкус и да изненадите некого за нивниот роденден кога најмалку го очекувале тоа од вас.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.birthdayalarm.com

31 октомври 2009

Вашите белешки и потсетници пристапни од веб во секое време

Денес е тешко човек да запамети сè што треба да направи во текот на еден ден или во период од неколку денови кои следуваат. Се живее брзо, динамично и непредвидливо. Нашата концентрација и сосредоточеност ни требаат за многу нешта. Не мора да се трошиме на помнење на работите кои треба да ги направиме. За тоа служат потсетниците. Секако, и понатаму можете да одлучите нив да ги лепите на вашиот фрижидер, да ги оставате на полицата до вашиот кревет или со нив да ја украсувате рамката на вашиот монитор на работното место. Но, ако сакате да бидете поефикасни, поекономични и попрактични, а вашата работа е поврзана со седење пред компјутер, тогаш можеби треба да разгледате и други опции. Опцијата која ви ја предлагаме денес се вика „листингс“.

Тоа е веб-локација на која откако ќе се регистрирате можете крајно едноставно да водите евиденција на вашите идни планови, обврски, задачи и сл., односно истите да ги поставувате во вид на белешки. На површината можете да лепите колку сакате белешки, да ги исполнувате со онолку текст колку што мислите дека ви е потребно за секоја, а потоа и да ја прилагодувате нивната големина и позиција на типот и количината на нивната содржина. Предноста е во тоа што, доколку сајтот го повикате од дома, ќе ви ги покаже истите белешки кои сте ги внеле или измениле додека сте биле на работа. Сајтот не е зависен од ниеден компјутер, туку само од интернет конекција. Со други зборови, со пријавување на истиот, вашите белешки се достапни од секаде. Го заборавивте мобилниот телефон дома и вашите белешки автоматски стануваат недостапни за вас. Трошењето на хартијата за белешки е нееколошко и неекономично. Затоа размислете за „листингс“. Позитивно и важно е што на сајтот е поддржано користење на македонското кирилско писмо.

Дополнување: од страна на корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: скоро нема
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: listhings.com