30 април 2010

Центар за правилен развој и едукација на децата

Медиа Арт Центар“ е веб-сајт на истоимената школа, која преку одлично замислена воншколска програма стреми кон едуцирање и развој на капацитетите на децата на возраст од 4 до 12 години.

Веб-сајтот е со интересен и едноставен дизајн и моментално на него можат да се најдат информативни содржини поврзани со програмата и работата на центарот. Работилниците кои се дел од програмата се од секаков вид и имаат за цел да му овозможат стекнување здрави и корисни навики на секое дете, кои ќе му помогнат во секојдневните школски активности и задачи. Креативно пишување и читање, компјутери, англиски јазик, македонски јазик, домашни задачи и развивање на т.н. животни вештини се само дел од активностите кои децата секојдневно ќе ги извршуваат и совладуваат со помош на стручно обучените лица. Исто така, меѓу активностите не е изоставено одржувањето редовна физичка активност на децата преку вежби за пилатес и аеробик. Центарот организира и подготовка за полагање државна матура по англиски и македонски јазик и книжевност, како и курсеви и индивидуални часови по деловен англиски јазик, ФЦЕ, ЦАЕ, ТОЕФЛ и ИЕЛТС.

На сајтот директно може да се аплицира за членство во центарот преку пополнување на формуларот во кој родителот треба да остави неколку основни податоци за себе и за своето дете.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен и едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.mediaart.mk

29 април 2010

Преводи за филмови и ТВ серии на повеќе светски јазици

Поднапиши“ претставува веб-сајт кој овозможува преземање на преводи за филмови и ТВ серии на 52 јазици, меѓу кои е и македонскиот. За своето 5-годишно постоење, сајтот има повеќе од половина милион преводи и истите се преземени повеќе од 100 000 000 пати.

Пребарувањето на преводи на сајтот е многу лесно бидејќи се овозможени повеќе опции кои ќе го поедностават процесот. Сè што треба да направите е да го впишете насловот и да прецизирате година на излегување на филмот и јазик за кој сакате да добиете резултати или пак број на епизода и сезона за сериите. За секој превод можете да видите неколку информации, како и коментари од корисниците за квалитетот на истиот. За преземање на преводите не е потребна регистрација, но доколку сакате да предложите или да прикачите ваш, тоа ќе треба да го сторите. Сајтот има и форум на кој можете да дискутирате за многу теми, како и дел во кој можете да прочитате новости од филмската сцена. Доколку пак сакате да си направите своја лична колекција, на сајтот има и база со обвивки од филмовите и сериите.

Интересно е тоа што и интерфејсот на сајтот е достапен на повеќе јазици, меѓу кои го има и македонскиот, што е олеснителна околност за корисниците од земјава.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен и едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има за преземањата
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: бугарски, кинески, хрватски,
дански, англиски, германски, грчки,
унгарски, италијански, македонски,
српски, словенски
Адреса: www.podnapisi.net

27 април 2010

Гледајте ги вашите омилени ТВ емисии и серии онлајн

КастТВ“ претставува онлајн видео пребарувач преку кој сите корисници можат да ги гледаат најновите епизоди од своите омилени серии и емисии, или пак музички спотови, исечоци од спортски натпревари, вести, видеа од секакви настани, па дури и по некој филм.

Скоро сите видеа на сајтот се бесплатни и достапни во голем дел од светот. Овој сајт, всушност претставува агрегатор на најдобрите и најпознатите пребарувачи на видеа. Регистрацијата на сајтот е произволна, бидејќи и без тоа ги имате истите опции на располагање. Единствено, ќе треба да се регистрирате доколку сакате да платите за некое видео кое не е бесплатно достапно. Повеќето од веб-сајтовите преку кои се гледаат видеата не поставуваат ограничувања, иако ретко можете да наидете и на такви пречки. Сајтот им овозможува на корисниците да ги гледаат најновите епизоди од омилените ТВ серии по нивното прикажување во етерот. На него ќе најдете и календар во кој уредно, по датуми се впишани премиерите на најновите епизоди од сериите и емисиите, овозможувајќи им на корисниците секогаш да бидат благовремено информирани.

Пребарувањето се врши на стандарден начин преку впишување на поим или клучен збор од насловот на содржината. Веднаш до пребарувачот има копче кое ако е исклучено, при пребарувањето ќе ги прикаже и содржините кои не се соодветни за сите возрасни групи. Доколку овој сајт ви е интересен и сакате поредовно да го користите, можете да го инсталирате и додатокот за прелистувач преку кој ќе можете да го следите календарот или да најдете некое видео без да го отворате сајтот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.casttv.com

Читајте го вашиот Твитер стрим во форма на дневен весник

Пејпер ли“ е оригинална веб апликација со која, вашите објави на Твитер и оние од кориснците кои ги следите, ќе може да ги прегледувате во вид на дневен весник. Ако следите голем број твитер корисници, а не сакате да се одделите од пиењето на утринското кафе со дневен весник, тогаш пејпер ли е следната веб локација која треба да ја посетите.

Најпрво, поврзете ја вашата кориничка сметка на Твитер со апликацијата. Потоа одберете го вашето или кое било корисничко име, чиј твитер стрим сакате да го проследите. Почекајте неколку минути за апликацијата да го генерира дневното издание на Твитер. Линкот кој води до Твитер весникот кој го креиравте, може да си го зачувате во обележувачите на вашиот прелистувач и да го посетите во некоја наредна прилика. 

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: имa 
Адреса: http://paper.li

14 април 2010

Додадете повеќе слоеви со линкови на поимите што ги објаснувате

Дали некогаш ви се случило да имате потреба да поставите повеќе линкови на еден збор или фраза која треба да ја објасните во вашиот текст, но поради ограниченоста на линкувањето, сте морале да се одлучите само на еден извор? Сигурно да. Ако е така, овој проблем отсега ќе можете да го надминувате со „Батнс (види овде). Тоа е сервис кој овозможува поставување на повеќе слоеви од линкови на еден збор или фраза.

Сервис за поставување повеќе линкови на еден текст одеднаш
Батнс функционира многу едноставно, без потреба од регистрирање. Најпрво го внесувате зборот или зборовите од кои сакате да поставите линкови. Потоа, се избира стилот на буквите: дали да биде подвлечен, здебелен, како останатиот текст и сл. Следниот чекор е главен и овозможува избирање на пребарувачи, сервиси и самопосочени веб-локации до кои сакате да линкува претходно впишаниот текст. На крајот добивате код кој со копирање треба да го сместите на соодветното место во вашата онлајн објава. Резултатот е практично и симпатично облаче со повеќе линкови кои се наредени едно по друго, што се појавува кога ќе се помине со курсорот преку текстот.

Батнс го менува начинот на кој досега се сфаќаше линкувањето. Дополнително, тимот кој го развива сервисот работи на професионална верзија која, меѓу другото, ќе овозможува архивирање на сите линкувани содржини на своја корисничка сметка, можност за нивно менување, поставување на свој графички идентитет и др.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.butns.com

09 април 2010

Оригинално лого или брзо брендирање?

Логото на една фирма, организација или каков било бренд со кој доаѓате во контакт во продавница, во кафе-бар или на веб е од непроценливо значење. Тоа е она што идентификува, она на што луѓето се навикнуваат и заради кое често стануваат лојални на производите кои ги претставува. Ако сакате да станете препознатливи на веб, задолжително направете си лого кое ќе ве претставува секаде каде што ќе бидете спомнати вие, вашиот веб-сајт, блог сервис или производ кој го промовирате. Не треба да ја занемарувате моќта на логото и да штедите на дизајн, но ако ви треба брзо, практично и пристојно решение, ваше е да одлучите дали да го примените „логоиз“.

Logoease - бесплатен онлајн сервис за креирање логоа
Сервисот најпрво овозможува избор на некоја графика според намената која треба да ја има логото. Графиките се групирани по теми: медицина, спорт, пишување, музика итн., кои потоа може да се обработуваат, заедно со останатите елементи. Секако, можете да вметнете и текст за кој ќе изберете фонт, големина и боја на буквите, но кириличното писмо не е поддржано. Елементите може да се подредуваат во слоеви, да се ротираат, превртуваат, зголемуваат, намалуваат, поместуваат и бојат со соодветните бои, дел по дел.

Логоиз го одликува едноставен и интуитивен интерфејс кој го овозможува креирањето на бесплатни логоа за само неколку минути. Готовите логоа ќе можете да ги преземете во следниве формати: eps, png, jpg и tiff, но исклучиво доколку сте регистрирани корисници. Ќе можете да зачувате и преземете вкупно 10 логоа одеднаш.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: непостојана
Дизајн: пристоен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.logoease.com

08 април 2010

Привлечете внимание со праќање пораки на цел екран

Ако забележувате дека вашите колеги или пријатели често ги игнорираат пораките кои им ги испраќате или доцнат со обврските кои сте им ги дале, тогаш „бигесмесиџ“ ќе ви помогне да им го привлечете вниманието. Преку овој сајт можете да праќате огромни пораки во јаки бои, претставени низ целиот екран, со кои примачите сигурно нема да ја заборават содржината која им ја пренесувате.

Користењето на оваа веб-локација е многу едноставно. Напишете ја пораката која сакате да ја испратите некому и одберете го стилот во кој сакате да биде претставена. Дадени ви се опциите: Basic, Magic, Heart и JPRDS. Потоа, одберете preview и доколку стилот ви се допаднал, кликнете на save, за да ја зачувате пораката. Добиениот линк можете да го споделите со примачите за кои е наменета пораката.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: bigassmessage.com

07 април 2010

Одлична веб-апликација за аудио обработка

Мајна” е интересна аудио веб-апликација изработена од студиото „Ејвиeри“, досега познато по неколкуте графички програми кои се користат директно од веб (рецензија). Апликацијата е релативно нова и ви овозможува лесно и брзо да ги обработувате вашите аудио фајлови.

Користењето на апликацијата е бесплатно и не бара инсталирање на дополнителен софтвер. Најпрво регистрирајте се за да може да го зачувате финалниот аудио производ. Откако ќе ја отворите апликацијата во вашиот прелистувач, може да одберете дали сакате да закачите готов аудио запис од вашиот компјутер, да искористите некој од понудените на сервисот или да снимите нов.

За да почнете со обработка на аудио фајлот, најпрво одберете ја опцијата „Snap to Grid“, што ќе ви овозможи да го преместувате фајлот низ временските ленти и да бидете попрецизни при работата. Што понатаму ќе правите со вашиот аудио запис, е ваш избор. Можете да додавате секакви ефекти, да го менувате темпото, јачината и брзината на записот или да додавате глас. Готовиот фајл зачувајте го на вашиот компјутер или директно на серверот на мајна.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: aviary.com/tools/myna

01 април 2010

Проверете дали спиете доволно

Ако често се чувствувате уморно, ненаспано или не сте сигурни дали доволно време посветувате на ноќниот сон, тогаш „слип калкулатор“ е вистинската веб-локација за вас. На овој веб-сервис лесно ќе ги пресметате часовите кои ви се потребни за навистина да се разбудите наспани.

Сервисот е бесплатен и не бара да се регистрирате за да го користите. Започнувате со одговарње на неколку едноставни прашања - процес што трае помалку од една минута. Добивате однапред понудени сценарија за кои со оценка од 0 до 3 назначувате колкава е веројатноста да заспиете. Според вашите одговори, сервисот ќе ви каже дали имате проблем со спиењето, а доколку имате, колку е тој сериозен. Сепак, на сајтот стои предупредување дека резултатите кои ги дава се обични, основни проценки и дека истите не смеат да се третираат како стручни, докторски анализи.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.fitnessonline.com/tools/sleep/