28 јануари 2009

По повод денот на приватноста...

28 јануари е интернационален ден на приватноста кој го обележуваат многу земји во Европа веќе трета година по ред. На овој ден се случуваат разни настани низ Европа, како средби и образвони програми. Денот е истовремено наменет за подигнување на свеста меѓу луѓето за ризиците кои постојат на интернет, како и оние поврзани со нелегално користење и неправедно процесирање на нивните лични податоци. Овој ден, денес се обележува и кај нас.

Информации за вакви и слични теми и случувања ќе најдете на thepublicvoice.org, веб-сајт кој постои од 1996 година и е основан од страна на Центарот за приватност на електронските информации (EPIC). Неговата цел е промовирање на јавно учество во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на иднината на интернетот. Тука спаѓаат прашања од приватноста и слободата на изразување, па се до заштитата на корисниците и интернет владеење. Преку интернационални конференции, извештаи и фондови за патувања, проектот Јавен глас (Public Voice) се обидува да го зголеми присуството на НВОи на средбите низ светот. Во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Унеско и други интернационални организации, прокетот ги доближува лидерите на цивилното општество, лице во лице со владините претставници, со цел заедничко и конструктивно ангажирање за решавање на прашања и проблеми во врска со моменталните политики.

Проектот е овозможен и со поддршка од Фондацијата Форд и Институтот отворено општество.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен,
компактен и модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: thepublicvoice.org

27 јануари 2009

Нов веб-сајт на Каролина Гочева

Од неодамна, обожавателите на македонската дива Каролина Гочева, можат да уживаат во нејзиниот нов веб-сајт. Тој изгледа многу модерно и многу практично, токму онака како што се очекува да биде претставена онлјан, секоја музичка ѕвезда.

Сајтот одлично ги пречекува посетителите, со фотографии од Каролина кои преовладуваат на екранот и наизменично се менуваат, пропратени со музиката од последниот албум, која многу му прилега.

Посетете го новиот сајт на Каролина, за да прочитате што можете да очекувате од неа во наредниот период, да прочитате некои библиографски податоци, да се информирате за она што таа го има издадено во вид на албуми, и секако да се изнагледате фотографии, кои навистина ги има во изобилие.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 9/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.karolinagoceva.net

26 јануари 2009

Лорем ипсум - текст како замена за оној што моментално ви недостига

Лорем ипусм е едноставен модел на текст кој се користел во печатарската индусрија уште од 1500-те години, а се популаризирал во 60-те години од минатиот век. Настанал на тој начин што еден непознат печатар зел кутија со букви и ги сложил така за да добие примерок на книга. Моделот опстанал 5 века, а сега се користи и во електронските медиуми во непроменет вид. Тоа значи дека доколку се занимавате со развој на софтверски апликации или веб решенија, лорем ипсум ќе ви го пополни местото на кое знаете дека во крајниот производ треба да стои текст, кој во моментот го немате. Наместо да пишувате една реченица со повторување, искористете го лорем ипсум, кој иако на латински јазик, сепак претставува склоп од зборови и реченици со значење.

Занимавајќи се со својата секојдневна работа, дизајнерите и развивачите на софтвер, можеби веќе одамна се имаат сретнато со лорем ипсум. Но ако тоа не е случај, појдете на сајтот и генерирајте тип и обем на текстуална содржина која ќе одговори на вашите потреби. Можете да изберете број на пасуси, зборови, бајти и листи, а од поново време, можете да користите и лорем ипсум модели на логоа.

Веб-сајтот е преведен на многу јазици, меѓу кои и на македонски. Прочитајте повеќе за настанокот и масовната употреба на лорем ипсум доколку ве интересира, а доколку пак се сомневате во моќта на овој модел, испишете „lorem ipusm“ на Гугл и видете колку луѓе го употребиле во текот на својата работа.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: македонски, англиски,
албански, француски, српски...
Политика за приватност: нема
Адреса: www.lipsum.com

22 јануари 2009

Графичко креирање музика

Вижуал акустикс е концепт за интерактивно изразување, поточно претставува платформа за цртање музика и нејзина истовремена визуелна презентација во вид на комбинирана, релано-временска артистичка изведба.

Четките со кои можете да шарате низ екранот всушност претставуваат различни инструменти, кои можете да ги прилагодувате според гласноста и нивото на одложување на тоновите (delay). Со комбинирање на инструментите, можете да создавате пријатни музички уметнички дела, кои визуелно и акустично ќе ја одразат вашата креативност. За да постигнете целосно задоволство, употребете ја опцијата за приказ на сајтот на цел екран.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.ampledesign.co.uk/va

21 јануари 2009

Тамблон - веб-сајт за зафатените родители

Тамблон е веб-сајт пред се наменет за зафатените тазе родители кои сакаат организирано и навремено да ги следат значајните промени во развојот на нивните деца. Она за што порано беа потребни специјални книги, кои можат да се полнат со фотографии и разни важни податоци врзани за растот и развојот на детето, денес, во чекор со дигиталното доба, истово, и тоа со многу послободни и посеопфатни можности, се прави онлајн. Чувајте фотографии, пишувајте приказни и споделувајте ги ваквите содржини со блиските пријатели и роднини лоцирани било каде во светот. Поврзете се други родители за да размените искуства или побарајте извори за што подобро подигнување на вашето дете..

Тамблон е многу повеќе од книга за бебиња и е секако многу помоќен од албум за фотографии. Тој ви нуди одлична можност да го забележувате растот, развојот, сите значајни моменти, смешни изрази и незаборавни фотографии.

Сајтот располага со дел кој опфаќа препорачани прилагодени ресурси за развојот на вашето дете: литература за деца, играчки, интересни активности, совети за вас, најдобрите алатки итн. Многу важно е што за се што ќе поставите онлајн, вие имате право и можност да одлучите дали да биде приватно, јавно или достапно само за кругот на семејството и пријателие. Сите содржини кои ќе ги објавувате, ќе станат дел од вашиот личен блог за кој ќе ви биде доделена едноставна веб-адреса, на која треба да ги поканите блиските да ја регистрираат својата желба да бидат во тек, со се што ќе се најде таму.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: tumblon.com

15 јануари 2009

За љубителите на графити

За некои изразување уметност, за други знак на покажување насилство врз ѕидовите, цртањето графити е нешто што не секој сака и може да го направи. Доколку ви треба инспирација за вашето следно зло дело или пак сакате да се испробате во оваа уметност, посетете го онлајн креаторот на графити.

Сајтот е пред се наменет за искористување на готови фонтови благодарение на кои посетителите и корисниците на генераторот можат да напишат што сакаат, да го стилизираат напишаното со разни графички детали и бои и на крајот доколку сакаат, да го испечатат производот. На тој начин, секој може да биде креативен без разлика на неговата природна дарба и склоност кон уметноста.

Ова е и сајт за оние кои сакаат да гледаат вистински графити, насликани на ѕидовите насекаде низ светот. Па доколку сакате да видите што прават други вакви уметници, посетете го сајтот и веднаш насочете се кон галеријата. Доколку пак сакате и вие да се покажете на дело, приклучете се кон битката за најдобар артист на месецот и обидете се да се истакнете како најдобри во креирање на графит за одреден збор, кој треба да го изработите според одредени правила.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.graffiticreator.net

Каде да јадете?

Веројатно многу пати сте сакале да излезете на вечера или барем на некоја мезе варијанта, но не сте имале идеја каде да го договорите друштвото. За таа цел служи www.restorani.com.mk – веб-сајт кој ќе ви ги посочи ваквите места и ќе ви понуди дополнителни информации за нив кои ја прават сликата комплетна.

Групирани според типот, рестораните можете да ги прегледувате по категорија, по локација или пак да побарате некој според име за да добиете дополнителни информации. Она што можете да го видите за секој ресторан е навистина сеопфатно: слики, панорамски и статични, мени со цени, географска локација , број на седишта за пушачи и непушачи, контакт информации, како и можност за закажување преку веб. Дел од овие информации не се достапни за некои ресторани, додека за други пак има уште повеќе.

Други квалитети на сајтот се препорачаните ресторани истакнати на почетната страница, информации за вината, рецепти карактеристични за македонската кујна, бонтон совети и сл.
Со оглед на тоа дека овој сајт е достапен на македонски и на англиски јазик, препорачлив е не само за Македонците кои немаат идеја каде да јадат, туку и за странците кои се на престој во нашата земја.

Дополнување: неодредено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.restorani.com.mk