26 март 2010

Одличен сервис за конвертирање аудио и видео материјали онлајн

Медија конвертер“ е онлајн сервис кој ќе ви овозможи да ги претворите вашите аудио и видео фајлови во формат што ви одговара. За користење на овој сервис можете, но не морате да се регистрирате, во зависност од тоа кои опции сакате да ги имате на располагање.

Без регистрирање на сервисот, ќе можете секојдневно да конвертирате најмногу 5 фајлови во нормален квалитет, со ограничување на големината на истите до 100 MB. За разлика од ова, доколку се регистрирате на сајтот (неделно, месечно, на 6 месеци или пак годишно), притоа плаќајќи соодветна сума, вашите можности се прошируваат. На овој начин ќе можете да прикачите фајлови со големина до 1 GB во неограничена количина, ќе добиете онлајн складиште за зачувување на вашите обработки од 5 GB и истите ќе можете да ги добиете со многу повисок квалитет. И на двата начина фајловите можете да ги прикачите директно од вашиот компјутер или преку впишување на линкот до видеото или аудио материјалот кој сакате да го конвертирате, за што на располагање имате избор од многу формати. Исто така, има опција за директно пребарување на видео од Јутјуб преку сервисот и можност за преземање во соодветниот формат и квалитет. Откако ќе ги прикачите и одберете вашите материјали и ќе ги изберете опциите за начинот на конвертирање, притиснете „Cinvert“, почекајте постапката да заврши и потоа преземете ги вашите фајлови.

Уште една важна разлика помеѓу двата начина е брзината на конвертирање, која секако на претплатничкиот профил е многу поголема. Исто така, од сајтот ќе имате можност да преземете додаток за вашиот прелистувач кој ќе ви овозможи директно без никаква постапка веднаш да конвертирате видео или аудио материјал од интернет, преку одбирање на опцијата од вашата палета со алатки.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, германски,
француски, шпански, италијански
Адреса: www.mediaconverter.org

22 март 2010

Онлајн бесплатна алатка за цртање

Веројатно „Мајкрософт Пеинт“ е најкористената програма за цртање на домашните компјутери. Доколку претпочитате да работите онлајн, „Канвастик“ е иделна веб-апликација за вас, бидејќи содржи слични опции како програмата на „Мајкрософт“.Апликацијата е бесплатна, не бара дополнителна регистрација за користење, а готовиот цртеж може да го зачувате или да го погледнете текот на цртањето.

На канвастик ќе најдете шест големини на четки, огромна палета на бои од кои можете да избирате и опции за зачувување, печатење или бришење на цртежот. Цртањето се врши со помош на глувчето, а дополнителна е можноста за додавање на текст под цртежот. На овој начин, со малку креативност и неколку потези со глувчето, под готовиот цртеж може да вметнете кратка посвета и да ги израдувате најблиските.

Иако апликацијата не изобилува со многу опции, сепак е идеална за сите кои сакаат да ја вежбаат вештината на цртање со слободна рака, а и за сегашните или идни корисници на графичка табла.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: canvastic.net

20 март 2010

Креирајте видеа базирани на фотографии

Фликстајм“ е едноставна веб-апликација со која од вашите фотографии, видеа и текстуални белешки, можете да направите краток филм, кој потоа можете да го споделите со сите пријатели. Сервисот се користи навистина едноставно, не бара симнување на дополнителен софтвер или долготрајна обработка за добивање на едноставен видео производ. По кратката регистрација, прикачувањето на саканите слики и изборот на музичка нумера по ваш вкус, фликстајм ќе го креира видеото за вас.


Постапката се состои во три чекори. Еве што треба да направите: одберете слики ив идеа, како и насловна слика, поставете музичка нумера по желба и на крај, кликнете на копчето „рендер“, за сервисот да започне со обработка на видеото. Доколку сакате само да се забавувате со сервисот, може да одберете од достапните галерии со музика и слики, наместо да поставувате свои. Готовите видеа може одново да се обработуваат доколку не сте задоволни со првичниот резултат.

Веднаш по обработката, видеата се достапни онлајн, па ќе можете да ги преземате, да ги праќате по електронска пошта, да ги споделите на саканите социјални мрежи или директно да се поврзете со вашата „Јутјуб“ корисничка сметка и да ги поставите на овој видео сервис. Форматите во кои видеата се достапни се: Mp4, DivX, Flv и H264.



Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: flixtime.com

18 март 2010

Креирајте листи со намирници за вашите оброци

Зиплист“ е бесплатна и ефикасна онлајн алатка која ви овозможува секогаш да имате готова листа со намирниците кои ви се потребни за вашето дневно мени или пак за неделното пазарење. Готовата листа може потоа да ја испечатите, да ја пратите некому преку електронска пошта или да си ја испратите на вашиот мобилен, со што ќе ви биде достапна при секое купување.

Откако ќе се регистрирате на сервисот, може да започнете со креирање на вашата листа. Пишувајќи ги првите неколку букви од одреден продукт, сервисот ќе ви понуди повеќе готови опции од кои можете да избирате. Зиплист е достапен само на англиски јазик, а покрај листи со намирници, на сајтот може да најдете и голема колекција со интересни рецепти. Готовите листи и одбраните рецепти секогаш ќе ви бидат достапни на сајтот.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: ziplist.com

15 март 2010

Сечете ги и прилагодувајте ги вашите слики онлајн

Катмајпик“ е интересен сајт кој ќе ви помогне да ги средите сликите на брз и едноставен начин, без потреба од регистрација. Тој ќе ви овозможи да ги исфрлите непотребните делови од сликата, да ги заоблите нејзините агли и да поставите ефект на сенка.

Постапката е многу едноставна: ја прикачувате сликата од главната страница на сајтот и чекате да ви се отвори студиото. Ќе почекате во зависност од големината на сликата, за која не е пропишано никакво ограничување. Откако сликата ќе биде прикачена, можете да го исечете делот кој ви е потребен, да ги заоблите ново создадените агли и да поставите сенка на рабовите со саканиот интензитет. Исто така сликата можете да ја ротирате, а сајтот ви дава информација и за тоа колку пиксели сте ја намалиле сликата. Откако ќе притиснете на копчето „Done“ сликата е ваша да ја преземете или да ја испратите преку имејл.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, симпатичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, јапонски
Адреса: www.cutmypic.com

13 март 2010

Испечатете си географски персонализирани коверти каде и да сте

Меп енвелоп“ е бесплатна веб-апликација со која може да креирате и печатите коверти со вашата моментална локација. Сервисот е идеален за сите кои сакаат да патуваат и притоа да ги известуваат најблиските за местата, настаните или знаменитостите кои ги посетуваат.

Користењето на меп енвелоп се состои од три, едноставни чекори, а регистрација на сервисот не ви е потребна. Прво, одберете ја локацијата на која се наоѓате и почекајте мапата на „гугл“да ја пронајде. Потоа напишете кратка порака до примачот на писмото и на крај одберете ја опцијата за преглед на готовиот коверт. Доколку се е во ред, испечатете го. Готовиот лист треба да сами да го превиткате во облик на коверт, што додава поголема вредност на самиот гест. Откако ќе го комплетирате овој процес, останува само да се упатите до најблиската пошта или поштенско сандаче.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлина
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: mapenvelope.com

12 март 2010

За сите студенти...

Веб-сајтот „Факс“ претставува збиралиште за сите студенти од земјава, без разлика дали студираат на некој од државните или приватните универзитети. Токму тука сите ќ можат да отвораат и да водат дискусии на теми кои се од нивни интерес, да се информираат за случувањата околу нив или пак да им дадат оценки на своите професори за работата која тие ја вршат.

За користење на сајтот потребно е да се регистрирате преку стандардна постапка, отворајќи свој кориснички профил и оставајќи неколку податоци за себе. Откако ќе се регистрирате, ќе имате можност да го пронајдете професорот за кој сакате да дадете оценка или пак, доколку го нема во листата, ќе можете сами да го додадете со внесување на неколку податоци поврзани со него. Оценувањето на професорот се врши според неколку основи, помеѓу кои се: објективност, јасност, карактер и знаење. Исто така, ќе бидете во можност да додадете универзитет, во кој ќе можат да членуваат студентите од истиот.

Форумот на сајтот овозможува влегување во дискусии заради желбата за споделување, како и за добивање на повратни информации од останатите колеги ширум земјата, а темите можат да бидат разнообразни. На сајтот се отворени и студентски огласи во кој студентите можат бесплатно да додадат оглас, вметнувајќи го во категоријата соодветна или на услугата или на доброто кое се нуди.

Од сајтот исто така можете да дознаете повеќе за студентските домови во Македонија и за условите кои тие ги нудат.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен
Навигација: средна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: www.faks.com mk

10 март 2010

Искажете ги вашите згоди и незгоди

Секојдневно ни се случуваат работи кои не можеме да ги држиме во себе и едноставно сакаме да ги споделиме со некого. Без разлика дали станува збор за комична или незгодна ситуација или пак едноставно некој ве изнервирал на работа и слично, веб сајтот „Испразни се“ ќе ви биде тука секогаш да и олесните на вашата душа.

Сајтот, се разбира, е од забавен карактер и неговата цел е да шири позитивна енергија помеѓу читателите и корисниците. Бројот на „празнења“ т.е. оставање на краток текст со некоја случка или анегдота е неограничен, но за секое „празнење“ ви е ограничен бројот на знаци (350 букви заедно со празните места) кои може да ги содржи истото. За да го користите сервисот не е потребно да се регистрирате иако постои и таква опција. За да оставите текст потребно е да притиснете на копчето „Испразни се“, да го впишете вашиот текст, да одберете категорија која е соодветна за содржината, да се потпишете под некој псевдоним и да се согласите со условите на сервисот. Потоа вашето „празнење“ ќе може да биде гласано од страна посетителите на сајтот.

Веб-сајтот претставува успешно реализирана идеја на интересен и креативен начин, која овозможува бесплатно и слободно секој да може да сподели дел од својот живот. Доколку ви се допаѓа целата идеја, сајтот можете да го следите на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледлив
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: www.ispraznise.mk

09 март 2010

Интересни факти и мудрости собрани на едно место

Ако сте љубител на убава и мудра мисла, тогаш „Ризница“ ќе ви претставува одлично катче за секојдневно воодушевување. За користење на овој веб-сајт не ви е потребна регистрација, сè што треба е да се закачите на него и да уживате во мудростите.

Сајтот е многу едноставен. Со одбирање на некоја од категориите можете да наидете на многу мисли, факти, поговорки и закони. Поткатегориите ќе ви помогнат полесно да најдете убави мисли кои вие сакате да ги читате. Сајтот располага и со обемен толкувач на соништа и интересно направен квиз кој се состои во погодување на што повеќе прашања во рок од една минута. Прашањата се всушност мудри мисли од познати личности, а вашата задача е да ги препознаете нив. Постои и рубрика во која можете да прочитате многу интересни и вистинити ритуали, разлики помеѓу мажите и жените, објаснувања за различни типови на карактери и други интересни нешта. Секојдневно излегува и нова „збунувачка мисла“ која малку ќе ве замисли и фобија на денот.

За секоја од мислите можете да гласате и да ги споделувате на многу популарни сервиси и социјални мрежи.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.riznica.com.mk

08 март 2010

Декомпресирајте онлајн кога не можете офлајн

Компресираните фајлови често можат да ви претставуваат проблем доколку немате инсталирано некоја од алатките за декомпресирање како што се WinRAR или 7-Zip или пак се наоѓате на компјутер каде што ви е забрането од администраторот истото да го направите.

Вобзип“ претставува онлајн алатка која ви овозможува едноставно да ги декомпресирате вашите фајлови, а за истото ви е потребна само интернет конекција. Фајловите кои сакате да ги декомпресирате можете да ги прикачите од вашиот компјутер или пак тоа да го направите преку назначување на целосната веб-адреса на конкретниот компресиран документ на интернет. Откако ќе ги прикачите вашите фајлови, притиснете го копчето „wobzip“ по што ќе треба да почекате одредено време во зависност од големината на прикачениот фајл. Откако фајловите ќе бидат декомпресирани, ќе добиете листа и од истата ќе можете да ги преземете потребните фајлови.

Сервисот нуди голема сигурност и заштита, бидејќи секој од фајловите подлежи на скенирање од вируси преку антивирусот „BitDefender“, кој според многу анализи е моментално најдобриот антивирус, а заразените фајлови се автоматски отстранети без можност истите да бидат преземени. Сервисот подржува многу различни формати за компресирани документи, чија максимална големина може да биде до 100 мегабајти.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: wobzip.org

04 март 2010

Сечете емпетројки за да имате уникатни рингтонови

Кој не сака добро музиче да му излегува од неговиот телефон? Секој сака уникатен рингтон, омилена песна или барем пријатен звук кој, сепак, често треба да го слуша. За таа цел, можете да користите софтвер за обработка на аудио фајлови кој ќе ви овозможи сечење и дотерување на избраната песна според вашите потреби. Но, сето тоа веќе е непотребно, бидејќи ваквите можности се преселија онлајн – „емпитрикат“ е токму такво место.

Се работи за крајно едноставен сервис со прост концепт и постапка која е сведена на минимум маневри со глувчето. Изберете ја саканата песна во мп3 формат од вашиот компјутер, почекајте да се качи на серверот и порцијата е сервирана. Фатете ги лизгачите од лево и од десно, преслушајте што сте направиле и кликнете на копчето “Split and download“ кога се ќе биде готово. Зачувајте го музичкото парче на компјутерот, префрлете го на вашиот телефон и гордо излезете од студиото со нов, уникатен рингтон.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски, руски
Адреса: mp3cut.net

02 март 2010

Прв бизнис-локатор во Македонија

За прв пат во Македонија, по примерот на многу други светски земји, реализиран е проектот кој ќе им овозможи на сите заинтересирани фирми од земјава, сателитски да го лоцираат своето седиште, а со тоа да им помогнат на потенцијалните клиенти полесно ги пронајдат.

Веб-порталот „Директориум“ претставува електронски сервис, кој со помош на „Google maps“ и „Google earth“ на лесен и едноставен начин ви овозможува да ја одредите точната локација на вашата фирма. За да ги користите услугите на овој сервис како бизнис субјект, потребно е да се регистрирате на сајтот, со што добивате свој кориснички профил кој потоа можете самостојно да го менувате, ажурирате или пак да го надополнувате во зависност од вашите потреби, а за истиот ќе треба да платите симболична годишна претплата. Во корисничките профили, фирмите можат да го вметнат своето лого, адресата, производите, нивните податоци за контакт, опис на дејноста со која се занимаваат, работното време итн.

Лоцирањето на фирмите од страна на посетителите на овој сервис може да се врши преку пребарување по првата буква од дејноста или по првата буква на фирмата или правното лице. Исто така сервисот има и пребарувач на претплатените фирми, па со впишување на името, дејноста или брендот, ќе ви бидат прикажани соодветни резултати.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, едноставен
Навигација: одлична
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.directorium.mk

01 март 2010

Конвертирајте ги омилените текстуални написи во аудио фајлови

Кериаут текст“ е корисна интернет алатка чија основна намена се состои во конвертирање на секојдневните вести, блог написи, електронската пошта и други текстуални документи, во аудио фајлови.

Процесот на конвертирање се состои од два, брзи чекори. Почнете со копирање на саканиот текст и залепете го (paste) во предвиденото поле на страницата, или пак директно закачете текстуален документ со пребарување меѓу папките на вашиот компјутер. Потоа одберете ја опцијата конвертирање и почекајте додека сервисот го процесира вашето барање. Времетраењето на конвертирањето зависи од големината на текстот кој сте го одбрале. Откако процесот ќе заврши, ќе ви се отвори скок прозорец од кој ќе може да одберете дали сакате да го отворите или зачувате вашиот мп3 фајл.

Овој сервис е посебен по неговата изразена едноставност. За да конвертирате текст не е потребно да се регистрирате, да симнете посебен софтвер или додатоци за вашиот прелистувач. Моментално, веб-локацијата подржува само фајлови на англиски јазик, а веќе конвертираните аудио документи остануваат на серверот во период од 24 часа.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.carryouttext.com