Се прикажуваат објави со етикета обработка. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета обработка. Прикажи ги сите објави

09 април 2010

Оригинално лого или брзо брендирање?

Логото на една фирма, организација или каков било бренд со кој доаѓате во контакт во продавница, во кафе-бар или на веб е од непроценливо значење. Тоа е она што идентификува, она на што луѓето се навикнуваат и заради кое често стануваат лојални на производите кои ги претставува. Ако сакате да станете препознатливи на веб, задолжително направете си лого кое ќе ве претставува секаде каде што ќе бидете спомнати вие, вашиот веб-сајт, блог сервис или производ кој го промовирате. Не треба да ја занемарувате моќта на логото и да штедите на дизајн, но ако ви треба брзо, практично и пристојно решение, ваше е да одлучите дали да го примените „логоиз“.

Logoease - бесплатен онлајн сервис за креирање логоа
Сервисот најпрво овозможува избор на некоја графика според намената која треба да ја има логото. Графиките се групирани по теми: медицина, спорт, пишување, музика итн., кои потоа може да се обработуваат, заедно со останатите елементи. Секако, можете да вметнете и текст за кој ќе изберете фонт, големина и боја на буквите, но кириличното писмо не е поддржано. Елементите може да се подредуваат во слоеви, да се ротираат, превртуваат, зголемуваат, намалуваат, поместуваат и бојат со соодветните бои, дел по дел.

Логоиз го одликува едноставен и интуитивен интерфејс кој го овозможува креирањето на бесплатни логоа за само неколку минути. Готовите логоа ќе можете да ги преземете во следниве формати: eps, png, jpg и tiff, но исклучиво доколку сте регистрирани корисници. Ќе можете да зачувате и преземете вкупно 10 логоа одеднаш.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: непостојана
Дизајн: пристоен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.logoease.com

07 април 2010

Одлична веб-апликација за аудио обработка

„Мајна” е интересна аудио веб-апликација изработена од студиото „Ејвиeри“, досега познато по неколкуте графички програми кои се користат директно од веб (рецензија). Апликацијата е релативно нова и ви овозможува лесно и брзо да ги обработувате вашите аудио фајлови.

Користењето на апликацијата е бесплатно и не бара инсталирање на дополнителен софтвер. Најпрво регистрирајте се за да може да го зачувате финалниот аудио производ. Откако ќе ја отворите апликацијата во вашиот прелистувач, може да одберете дали сакате да закачите готов аудио запис од вашиот компјутер, да искористите некој од понудените на сервисот или да снимите нов.

За да почнете со обработка на аудио фајлот, најпрво одберете ја опцијата „Snap to Grid“, што ќе ви овозможи да го преместувате фајлот низ временските ленти и да бидете попрецизни при работата. Што понатаму ќе правите со вашиот аудио запис, е ваш избор. Можете да додавате секакви ефекти, да го менувате темпото, јачината и брзината на записот или да додавате глас. Готовиот фајл зачувајте го на вашиот компјутер или директно на серверот на мајна.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: aviary.com/tools/myna

20 март 2010

Креирајте видеа базирани на фотографии

„Фликстајм“ е едноставна веб-апликација со која од вашите фотографии, видеа и текстуални белешки, можете да направите краток филм, кој потоа можете да го споделите со сите пријатели. Сервисот се користи навистина едноставно, не бара симнување на дополнителен софтвер или долготрајна обработка за добивање на едноставен видео производ. По кратката регистрација, прикачувањето на саканите слики и изборот на музичка нумера по ваш вкус, фликстајм ќе го креира видеото за вас.


Постапката се состои во три чекори. Еве што треба да направите: одберете слики ив идеа, како и насловна слика, поставете музичка нумера по желба и на крај, кликнете на копчето „рендер“, за сервисот да започне со обработка на видеото. Доколку сакате само да се забавувате со сервисот, може да одберете од достапните галерии со музика и слики, наместо да поставувате свои. Готовите видеа може одново да се обработуваат доколку не сте задоволни со првичниот резултат.

Веднаш по обработката, видеата се достапни онлајн, па ќе можете да ги преземате, да ги праќате по електронска пошта, да ги споделите на саканите социјални мрежи или директно да се поврзете со вашата „Јутјуб“ корисничка сметка и да ги поставите на овој видео сервис. Форматите во кои видеата се достапни се: Mp4, DivX, Flv и H264.



Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: flixtime.com

15 март 2010

Сечете ги и прилагодувајте ги вашите слики онлајн

„Катмајпик“ е интересен сајт кој ќе ви помогне да ги средите сликите на брз и едноставен начин, без потреба од регистрација. Тој ќе ви овозможи да ги исфрлите непотребните делови од сликата, да ги заоблите нејзините агли и да поставите ефект на сенка.

Постапката е многу едноставна: ја прикачувате сликата од главната страница на сајтот и чекате да ви се отвори студиото. Ќе почекате во зависност од големината на сликата, за која не е пропишано никакво ограничување. Откако сликата ќе биде прикачена, можете да го исечете делот кој ви е потребен, да ги заоблите ново создадените агли и да поставите сенка на рабовите со саканиот интензитет. Исто така сликата можете да ја ротирате, а сајтот ви дава информација и за тоа колку пиксели сте ја намалиле сликата. Откако ќе притиснете на копчето „Done“ сликата е ваша да ја преземете или да ја испратите преку имејл.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, симпатичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, јапонски
Адреса: www.cutmypic.com

17 декември 2009

Добијте ги најинтересните детали од вашето видео без мака

Доколку ве интересираат само најинтересните детали од снимката на вашата безбедносна камера или надгледувачката камера за вашето мало дете или домашно милениче оваa веб-локација може да ви биде од многу голема корист.

Бесплатната услуга од оваа локација можете да ја добиете многу лесно и едноставно, но таа е ограничена со само 24 часовна снимка. Поврзете ја вашата камера со компјутерот и почнете да снимате, а по прекинувањето на процесот сајтот сам го креира видеото во скратена верзија која ги содржи само деталите од долгата снимка. Доколку сакате да имате некои додатни бенефиции од сервисот потребно е да отворите профил кој би ве чинел околу 9 американски долари. Со ваквиот профил вие ќе можете да прикачите видео од вашиот компјутер, да го преземете видеото кое сте го снимиле, ќе можете да додадете снимка со висок квалитет и ќе ви биде овозможено наместо 24-часовна снимка да архивирате снимки со времетраење од две календарски недели.

Со оваа услуга вие ќе можете да ги погледаните само кратките инсерти од видеото што сте го обработиле и со тоа ќе си го заштедите времето кое инаку би го изгубиле барајќи го оној дел кој ви е потребен.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: highlightcam.com

14 септември 2009

Испеглајте си го лицето на вашите фотографии

Во ова време многу е важно како се претставувате себеси онлајн. Секако, многу поважно е што пишувате и што се пишува за вас, но не е неважно и со каква слика ќе се идентификувате пред неброената и често непозната публика. За таа цел, сите се трудиме да ја избереме најдобрата фотка што ја имаме, на која изгледаме најкул и најубаво, па макар и на истата да не личиме на себеси. Сето тоа е нормално и е во човечката природа, а за да го засилиме таквиот впечаток кој го оставаме со своите фотографии, можеме да побараме брза и ефикасна помош од „пиктрит“. Тоа е веб-сајт кој без потреба од регистрација ви дозволува да посочите слика од вашиот компјутер или од некоја веб-локација која автоматски ќе биде обработена и сервирана за понатамошно користење.

Сликите, популарно кажано, се пеглаат што подразбира мазнење и давање сјај на кожата, отстранување на флеки, пеги и други недостатоци на кожата, поправање на црвени очи и сл. Воедно процесот трае неверојатно кратко, а готовиот производ можете да го подобрите доколку искажете незадоволство од сликата во однос на одредена карактеристика. Потоа сликата можете да ја поставите на некој ваш профил или да ја зачувате на компјутерот. Сето ова е сосема бесплатно.

Регистрираните корисници добиваат можност да ги чуваат испегланите слики во свои албуми, како и да ги споделуваат со пријателите.

Дополнување: неважно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: модерен, прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.pictreat.com

31 јули 2009

Онлајн графичко студио

Без разлика дали сте професионален графички дизајнер, аматер за обработка на слики и фотографии или просечен корисник на програми за графика, „Ејвиери“ е вашата следна веб-дестинација каде треба да се преселите.

„Ејвиери“ постои за да го овозможи креирањето на содржини од секаде. Со апликации кои релативно брзо се вчитуваат во самиот прелистувач, повеќе нема потреба да зависите од скапите програми и долготрајните инсталации.

„Финикс“ е обработувач на слики кој располага со основни алатки за дотерување, како и посложени ефекти. „Тукен“ е онлајн апликација која ќе ви помогне при изборот на бои кои се добри за меѓусебно комбинирање. Апликацијата „пикок“, поинаку наречена визуелна лабораторија, овозможува бескрајно експериментирање со слики или создавање на сосема нови креации изведени со примена на ефекти базирани на пиксели. За да работите векторски, што е особено значајно при дизајнирање на логоа и дизајни за маички на пример, користете го „рејвен“ – една од единствените апликации од овој вид кои постојат на интернет. Конечно, „ејвиери“ во својот пакет од апликации вклучува и таква за фаќање слики и цели веб-страници од она што е моментално отворено во прелистувачот, нивно сечење, дотерување и прилагодување во димензии. Ова ќе ви го овозможи апликацијата „фалкон“, која е достапна и како додаток за фајрфокс под името талкон. Дополнително, опцијата за фаќање слики можете да ја користите и со директно внесување на „aviary.com/“ пред адресата на страницата која ви е моментално отворена. Ваквото користење на апликацијата може да биде значително побавно во однос на нејзиното директно повикување во прелистувачот.

За секоја од овие апликации постојат онлајн видео туторијали кои значително ќе ви помогнат да ги совладате техниките на работа, алатките и опциите. Сработените материјали можете да ги објавувате на веб, според условите за приватност кои ќе ги зададете или пак да ги преземате на вашиот компјутер. Бесплатните варијанти од апликациите од пакетот ејвиери се поскромни во однос на комерцијалните за чие користење се плаќа 25 долари годишно.

Во иднина од ејвиери можеме да очекуваме креирање на секаков тип на мултимедијални содржини со помош на апликации за обработка на аудио, видео, па дури и 3Д.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: aviary.com

06 април 2009

Беспрекорна и едноставна фото-обработка

Обработката на фотографии, како и создавањето на индивидуални, креативни, визуелни творби, се чини како се повеќе да се сели онлајн, или барем како софтверската онлајн подлога за таа цел да се развива во чекор со можностите кои ги нудат сериозните програми за графичка обработка. Професионалните графички дизајнери и фотографи, сигурно и понатаму ќе им останат верни на своите офлајн алатки, но дури и тие, во недостаток на основни ресурси, можат да се повикаат на сплешап. Тоа е софтверска апликација, која функционира скоро беспрекорно директно од прелистувачот на корисникот, а нејзиниот интерфејс многу наликува на интерфејсот на популарниот фотошоп.

Без потреба од регистрација, секој може да ја користи апликацијата за да ги направи саканите промени на одредени слики и фотографии кои се наоѓаат локално, каде потоа можат да се зачуваат во неколку различни графички формати. Некои од можностите се следниве: работа со повеќе слоеви, истовремена обработка на повеќе фајлови, креирање и обработка на фотографии од приклучената веб-камера итн. Регистрираните корисници можат да обработуваат слики поставени на некои од популарните онлајн фото сервиси.

Доколку пак, некои интернет корисници имаат потреба од минимални корекции на сликите и фотографиите со кои располагаат, а немаат потреба од напредни опции, можат да се послужат со офлајн верзијата сплешап лајт.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има (блог)
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.splashup.com