Се прикажуваат објави со етикета звуци. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета звуци. Прикажи ги сите објави

07 април 2010

Одлична веб-апликација за аудио обработка

„Мајна” е интересна аудио веб-апликација изработена од студиото „Ејвиeри“, досега познато по неколкуте графички програми кои се користат директно од веб (рецензија). Апликацијата е релативно нова и ви овозможува лесно и брзо да ги обработувате вашите аудио фајлови.

Користењето на апликацијата е бесплатно и не бара инсталирање на дополнителен софтвер. Најпрво регистрирајте се за да може да го зачувате финалниот аудио производ. Откако ќе ја отворите апликацијата во вашиот прелистувач, може да одберете дали сакате да закачите готов аудио запис од вашиот компјутер, да искористите некој од понудените на сервисот или да снимите нов.

За да почнете со обработка на аудио фајлот, најпрво одберете ја опцијата „Snap to Grid“, што ќе ви овозможи да го преместувате фајлот низ временските ленти и да бидете попрецизни при работата. Што понатаму ќе правите со вашиот аудио запис, е ваш избор. Можете да додавате секакви ефекти, да го менувате темпото, јачината и брзината на записот или да додавате глас. Готовиот фајл зачувајте го на вашиот компјутер или директно на серверот на мајна.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: aviary.com/tools/myna

01 март 2010

Конвертирајте ги омилените текстуални написи во аудио фајлови

„Кериаут текст“ е корисна интернет алатка чија основна намена се состои во конвертирање на секојдневните вести, блог написи, електронската пошта и други текстуални документи, во аудио фајлови.

Процесот на конвертирање се состои од два, брзи чекори. Почнете со копирање на саканиот текст и залепете го (paste) во предвиденото поле на страницата, или пак директно закачете текстуален документ со пребарување меѓу папките на вашиот компјутер. Потоа одберете ја опцијата конвертирање и почекајте додека сервисот го процесира вашето барање. Времетраењето на конвертирањето зависи од големината на текстот кој сте го одбрале. Откако процесот ќе заврши, ќе ви се отвори скок прозорец од кој ќе може да одберете дали сакате да го отворите или зачувате вашиот мп3 фајл.

Овој сервис е посебен по неговата изразена едноставност. За да конвертирате текст не е потребно да се регистрирате, да симнете посебен софтвер или додатоци за вашиот прелистувач. Моментално, веб-локацијата подржува само фајлови на англиски јазик, а веќе конвертираните аудио документи остануваат на серверот во период од 24 часа.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.carryouttext.com

25 септември 2009

Најдоброто детско игралиште онлајн

„Поасон руж“ или „црвена риба“ е еден од најинтересните сајтови наменети за децата кои можат да се сретнат на веб. Пристапот до елементите на сајтот е целосно овозможен преку слики, каде секоја сликичка открива нова содржина. Иако наменет за најмалите, на него ќе му се израдуваат и повозрасните, и тоа како родителите, така и наставниците.

Овој веб-сајт е посебно добар бидејќи на едноставен, сликовит и, за децата, разбирлив начин, ги претставува содржините, заради што тие се мотивирани самите да истражуваат и да ги откриваат загатките.Букви, бројки, годишни времиња, звуци, странски јазици, сложувалки, инструменти за свирење, оптички илузии, игри и уште многу други содржини се дел од овој веб-сајт. Тој е забавен и корисен, бидејќи се учи низ игра со што се овозможува напредување во разни вештини, вклучително и во компјутерските.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: детски
Навигација: преку слики
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски, француски
Адреса: www.poissonrouge.com

04 мај 2009

100 000 звучни ефекти и лупови

Саундснеп е веб-сајт, кој во 2007 година почна да функционира како бесплатна библиотека на звуци, кон која придонесуваа самите корисници. Подоцна, сајтот се претвори во најдобрата онлајн банка за звуци во светот. Веќе наредната година, сајтот доби комерцијална природа, па сега премиум корисниците имаат неограничени можности за преземање, додека останатите регистрирани членови можат да преземаат најмногу 5 звуци месечно. Пред преземање, звуците можат да се преслушуваат.

Овој сајт секако им е наменет на луѓе кои се занимаваат професионално со создавање на музика, музички и филмски продуценти, радио и ТВ станици, веб-дизајнери, развивачи на игри, дизјанери на театарска музика итн. Но, и развивачите на аудио и видео содржини во домашни услови не се исклучени како потенцијални корисници на содржините на саундснеп.

Сајтот ги содржи само најдобрите звуци, многу од нив создадени од познати холивудски автори, а сите тие се уредно групирани во категории и лесно пристапни благодарение на интуитивниот интерфејс на сајтот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: чист и модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.soundsnap.com