Се прикажуваат објави со етикета знаење. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета знаење. Прикажи ги сите објави

04 ноември 2009

Едукативна програма за вашето дете

„Рејлит“ претставува интересен сајт за онлајн едукација за деца на возраст од 3 до 8 години преку специјално дизајнирани видеа и игри. Тој се осврнува на нивно ментално и физичко развивање и претставува преплетувачки баланс на забава и учење, ангажирајќи го секое дете, преку интерактивно, забавно искуство, здраво да се развие.Пријателските ликови во игрите ќе претставуваат водич во секојдневните сесии, што овозможува родителите да можат слободно да се посветат на своите дневни обврски без потреба од надзор врз децата. Ликовите се специјално дизајнирани со посебни гласови и интерактивно комуницираат со децата знаејќи ги нивните потреби и желби и притоа им се обраќаат преку нивните имиња. Преку екстензивно употребување на аудио-визуелни презентации, видео анимации и илустрации во игрите, креаторите се обиделе да допрат до децата за создавање на основни навики, а содржините се секако одобрени од психолози, педагози, учители и од многу родители.

Дневните сесии траат еден час и претставуваат пакет од раскажување приказни, ритмови, прашања и едноставни едукативни игри. Покриваат тематики од полето на аналитичност, пишување и читање англиски јазик, броеви и основна математика, како и широк спектар на други општи науки. Исто така им помага на децата да развијат позитивно однесување и добри навики.

За употреба на дневните сесии потребно е родителот да се регистрира на сајтот и да го наведе своето дете со корисничко име и возрасна група согласно која ќе се определуваат дневните задачи. Преку профилот родителот може да ја следи состојбата на сесиите на неговото дете.

Дополнување: ретко
Брзина: средна
Функционалност: добра
Дизајн: детски
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.raylit.com

11 септември 2009

Побарајте одговори на вашите прашања

Интернетот може да се користи за разни цели, но и покрај тоа, често ги занемаруваме можностите за ползување значајни придобивки од него. Еден интересен концепт за меѓусебно помагање помеѓу корисниците нуди новиот македонски веб-сајт „одговори“. Тој користи многу едноставен концепт за размена на информации, знаења и искуства помеѓу неговите корисници преку систем на поставување конкретни прашања и очекување нивни одговори. Значи, самите корисници прашуваат и одговараат, што значи допринесуваат во развојот на самиот веб-сајт и на него достапните информации.

Доколку имате нешто да прашате од областа на науката, политиката, технологијата или некоја друга, регистрирајте се на одговори, поставете го прашањето и почекајте да добиете помош, насока или некаква друга корисна информација во прилог на вашето прашање.

Веб-сајтот е за пофалба од повеќе аспекти. Се базира на едноставен концепт кој е вообичаен за странските сајтови, но е уникатен помеѓу македонските. Иако форумите можат да го вклучуваат истото, сепак овој тип на сајтови е различен и повеќе насочен кон посериозна цел. Има многу прегледен дизајн и структура, уредни услови за користење и јасни насоки за помош. Прашањата се сместуваат во соодветни категории, истите можат да бидат проследени со повеќе одговори од различни корисници, а квалитетните одговори добиваат повеќе видливост благодарение на едноставниот систем за позитивно гласање. Спротивно, лошите, неточни, навредливи и други несоодветни одговори благодарение на негативни гласови можат да бидат полесно воочени и отстранети.

За да бидете во тек со прашањата на корисниците, „одговори“ можете да го следите и на „твитер“ twitter.com/odgovori.

Дополнување: од корисниците, често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, прегледен, чист
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: odgovori.mk