15 јануари 2009

Каде да јадете?

Веројатно многу пати сте сакале да излезете на вечера или барем на некоја мезе варијанта, но не сте имале идеја каде да го договорите друштвото. За таа цел служи www.restorani.com.mk – веб-сајт кој ќе ви ги посочи ваквите места и ќе ви понуди дополнителни информации за нив кои ја прават сликата комплетна.

Групирани според типот, рестораните можете да ги прегледувате по категорија, по локација или пак да побарате некој според име за да добиете дополнителни информации. Она што можете да го видите за секој ресторан е навистина сеопфатно: слики, панорамски и статични, мени со цени, географска локација , број на седишта за пушачи и непушачи, контакт информации, како и можност за закажување преку веб. Дел од овие информации не се достапни за некои ресторани, додека за други пак има уште повеќе.

Други квалитети на сајтот се препорачаните ресторани истакнати на почетната страница, информации за вината, рецепти карактеристични за македонската кујна, бонтон совети и сл.
Со оглед на тоа дека овој сајт е достапен на македонски и на англиски јазик, препорачлив е не само за Македонците кои немаат идеја каде да јадат, туку и за странците кои се на престој во нашата земја.

Дополнување: неодредено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.restorani.com.mk

Нема коментари: