Се прикажуваат објави со етикета серии. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета серии. Прикажи ги сите објави

29 април 2010

Преводи за филмови и ТВ серии на повеќе светски јазици

Поднапиши“ претставува веб-сајт кој овозможува преземање на преводи за филмови и ТВ серии на 52 јазици, меѓу кои е и македонскиот. За своето 5-годишно постоење, сајтот има повеќе од половина милион преводи и истите се преземени повеќе од 100 000 000 пати.

Пребарувањето на преводи на сајтот е многу лесно бидејќи се овозможени повеќе опции кои ќе го поедностават процесот. Сè што треба да направите е да го впишете насловот и да прецизирате година на излегување на филмот и јазик за кој сакате да добиете резултати или пак број на епизода и сезона за сериите. За секој превод можете да видите неколку информации, како и коментари од корисниците за квалитетот на истиот. За преземање на преводите не е потребна регистрација, но доколку сакате да предложите или да прикачите ваш, тоа ќе треба да го сторите. Сајтот има и форум на кој можете да дискутирате за многу теми, како и дел во кој можете да прочитате новости од филмската сцена. Доколку пак сакате да си направите своја лична колекција, на сајтот има и база со обвивки од филмовите и сериите.

Интересно е тоа што и интерфејсот на сајтот е достапен на повеќе јазици, меѓу кои го има и македонскиот, што е олеснителна околност за корисниците од земјава.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен и едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има за преземањата
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: бугарски, кинески, хрватски,
дански, англиски, германски, грчки,
унгарски, италијански, македонски,
српски, словенски
Адреса: www.podnapisi.net

27 април 2010

Гледајте ги вашите омилени ТВ емисии и серии онлајн

КастТВ“ претставува онлајн видео пребарувач преку кој сите корисници можат да ги гледаат најновите епизоди од своите омилени серии и емисии, или пак музички спотови, исечоци од спортски натпревари, вести, видеа од секакви настани, па дури и по некој филм.

Скоро сите видеа на сајтот се бесплатни и достапни во голем дел од светот. Овој сајт, всушност претставува агрегатор на најдобрите и најпознатите пребарувачи на видеа. Регистрацијата на сајтот е произволна, бидејќи и без тоа ги имате истите опции на располагање. Единствено, ќе треба да се регистрирате доколку сакате да платите за некое видео кое не е бесплатно достапно. Повеќето од веб-сајтовите преку кои се гледаат видеата не поставуваат ограничувања, иако ретко можете да наидете и на такви пречки. Сајтот им овозможува на корисниците да ги гледаат најновите епизоди од омилените ТВ серии по нивното прикажување во етерот. На него ќе најдете и календар во кој уредно, по датуми се впишани премиерите на најновите епизоди од сериите и емисиите, овозможувајќи им на корисниците секогаш да бидат благовремено информирани.

Пребарувањето се врши на стандарден начин преку впишување на поим или клучен збор од насловот на содржината. Веднаш до пребарувачот има копче кое ако е исклучено, при пребарувањето ќе ги прикаже и содржините кои не се соодветни за сите возрасни групи. Доколку овој сајт ви е интересен и сакате поредовно да го користите, можете да го инсталирате и додатокот за прелистувач преку кој ќе можете да го следите календарот или да најдете некое видео без да го отворате сајтот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.casttv.com