Се прикажуваат објави со етикета порака. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета порака. Прикажи ги сите објави

20 јули 2010

Праќајте видео пораки преку електронска пошта

Сигурно ви се случило да треба да испратите имејл, а да сте мрзеливи за да пишувате. За оваа ситуација особено корисен е сервисот „мејлву“, со кој може да праќате видео записи во форма на имејл пораки.


Сервис за праќање имејл пораки во видео формат
За да почнете со праќање на видео записи, потребни ви се само прелистувач, камера и микрофон, а регистрацијата на сервисот не е задолжителна. Времетраењето на едно видео може да изнесува до една минута, а истото може да го пратите само до една имејл адреса. Откако ќе му пристапите на сервисот, почекајте тој да ги пронајде вашите камера и микрофон и потоа  дадете му пристап до нив. Снимете ја вашата порака, потоа пополнете ја формата и испратете ја пораката. Интересна опција е можноста за поставување рок на пораките. Ова значи дека може да поставите датум до кој смее да остане видеото на сервисот. По истекот на тој датум, видеото ќе се самоуништи.

Форматот на видеата е поддржан од повеќето паметни телефони, па така можете да уживате пристап до нив и од вашиот телефон.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, интересен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: mailvu.com

12 јуни 2010

Праќајте безбедни и самоуништувачки онлајн пораки

Ако имате потреба да праќате пораки со важни информации кои навистина сакате да останат тајни, тогаш „уан-тајм-месиџ“ е идеалната веб-локација за вашите потреби. Овој сервис ви овозможува да праќате онлајн пораки кои сами се уништуваат откако ќе бидат прочитани од страна на наведениот примач.

Формата која треба да ја пополните за да ја испратите пораката е многу слична на интерфејсот на вашата електронска пошта. Треба да го внесето вашето име и адресата на електронска пошта, како и името и електронската пошта на примачот. Откако ќе ја напишете пораката, треба да решите многу лесна математичка задача по што содржината ќе биде испратена. На крајот ќе добиете код кој ќе треба да го споделите со примачот на пораката, кој пак ќе треба да го употреби за да ја прочита. По читањето, пораката ќе биде избришана од датабазата на сајтот. Исто така, може да одберете опција доколку пораката не пристигне во рок од една недела, таа сепак да биде уништена.

На овој начин, вие ќе бидете сигурни дека вашата порака ќе стигне на правото место, без можност за нејзино несакано пробивање.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: onetimemessage.com/

08 април 2010

Привлечете внимание со праќање пораки на цел екран

Ако забележувате дека вашите колеги или пријатели често ги игнорираат пораките кои им ги испраќате или доцнат со обврските кои сте им ги дале, тогаш „бигесмесиџ“ ќе ви помогне да им го привлечете вниманието. Преку овој сајт можете да праќате огромни пораки во јаки бои, претставени низ целиот екран, со кои примачите сигурно нема да ја заборават содржината која им ја пренесувате.

Користењето на оваа веб-локација е многу едноставно. Напишете ја пораката која сакате да ја испратите некому и одберете го стилот во кој сакате да биде претставена. Дадени ви се опциите: Basic, Magic, Heart и JPRDS. Потоа, одберете preview и доколку стилот ви се допаднал, кликнете на save, за да ја зачувате пораката. Добиениот линк можете да го споделите со примачите за кои е наменета пораката.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика на приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: bigassmessage.com