Се прикажуваат објави со етикета весник. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета весник. Прикажи ги сите објави

25 август 2010

Следете ги најновите светски вести, коментари и осврти со Гардијан

„Гардијан“ претставува онлајн издание на истоимениот весник кој постои уште од 1821 година. Најновите вести од светот, спортот, патувањето, бизнисот, културата, модата, книгите и уште многу други области можете да ги најдете тука. Овој сајт го привлече нашето внимание, заради можноста за инстантно дознавање на најновите вести, како и за читање на најновите содржини од блоговите со само еден клик.

Гардијан е типичен портал за вести, богат со многу области на покривање, но и со дополнителни сервиси за неговите посетители. Така на пример, на него е поставен огласник за вработување, за да им се овозможи на посетителите полесно да најдат или да понудат работа. Тука се и временската прогноза, сервисот за пронаоѓање сродни души, крстозборки, квизоиви, игри и уште многу други.

Читајте светски вести на светски начин
Разгледувањето на содржините на Гардијан е задоволство за посетителите и заради богатството од мултимедијални содржини во секоја форма: аудио, текст и слики. Притоа, читањето вести и разгледувањето на останатите содржини е секако бесплатно.

Сајтот си има сопствена верзија прилагодена за читање преку мобилен телефон.

Дополнување: редовно
Брзина: средно
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема 
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 9/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.guardian.co.uk

27 април 2010

Читајте го вашиот Твитер стрим во форма на дневен весник

„Пејпер ли“ е оригинална веб апликација со која, вашите објави на Твитер и оние од кориснците кои ги следите, ќе може да ги прегледувате во вид на дневен весник. Ако следите голем број твитер корисници, а не сакате да се одделите од пиењето на утринското кафе со дневен весник, тогаш пејпер ли е следната веб локација која треба да ја посетите.

Најпрво, поврзете ја вашата кориничка сметка на Твитер со апликацијата. Потоа одберете го вашето или кое било корисничко име, чиј твитер стрим сакате да го проследите. Почекајте неколку минути за апликацијата да го генерира дневното издание на Твитер. Линкот кој води до Твитер весникот кој го креиравте, може да си го зачувате во обележувачите на вашиот прелистувач и да го посетите во некоја наредна прилика. 

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: имa 
Адреса: http://paper.li