19 јуни 2008

Титлувајте филмови онлајн

Поставувањето преводи на филмови вообичаено бара одредени технички предзнаења, користење на специјален софтвер за таа намена и одредено време за таа работа да биде комплетно завршена.

Една од карактеристиките кои го одликуваат новиот веб е преоѓањето од тешки софтверски апликации за офлајн работење кон лесни и едноставни онлајн алатки кои на корисникот му овозможуваат целосно работење, зачувување и споделување од една веб-локација.

Една таква алатка која е особено корисна кога станува збор за титлувањето филмови е „дотсаб“. На веб-сајтот кој стои во функција на оваа алатка може да се поставуваат филмови со различно времетраење и тематика. За истите потоа треба да се изработи титл на јазикот кој се користи во видеото и притоа да се назначи кој е тој јазик. Посетителите на „дотсаб“ потоа можат да одберат некое од поставените видеа и да го преведат на својот мајчин или пак на некој друг јазик. На тој начин, еден видео материјал станува достапен за повеќе луѓе од светот кои разбираат различни јазици.

Сајтот има многу пријателски изглед и бара сосема малку истражување за да се почне со придонесување, а нуди и многу едноставна помош за користење достапна во аудио формат.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
(за секое видео поедниечно)
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: dotsub.com

2 коментари:

Анонимен рече...

Ирена. Јас веќе одамна имам поставено преводи на македонски за RSS и Блог, а има и уште неколку други преводи на видеа на македонски. Единствено ме нервира што гледањето на видеата е потешко поради спороста

Анонимен рече...

There are no videos in Macedonian (yet).