Доколку ви се допаѓа нешто што е веќе продадено, можете да побарате сличен производ или да поставите прашање за можноста за изработка на слично парче. Оваа веб-локација е и одлично место кое можете да го посетите доколку наидува нечиј роденден за кој сакате да приредите убаво изненадување со изборот на подарокот.
Нарачаните производи се подигнуваат од пошта, каде на цената на производот ќе треба да додадете уште некој денар за поштарина. Пратката би требало да ја добиете за 3-5 дена од моментот на нарачувањето.
За секој производ, претставени се одерени детали кои ќе ви помогнат во изборот, а начинот на прегледување и пребарување на разните видови облека е толку практичен, што понуденото за кратко ќе ви изгледа недоволно. За купените производи добивате гаранција од 10 дена за нивно враќање, за што ќе го добиете платениот износ назад.
И на крајот, доколку вие сте изработувачи на рачни работи, можете да се приклучите и вашите творби да ги направите достапни од галеријата на уникатно.
Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: пријатен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Политика за приватност: нема
посебно, но има кратка информација
Јазик: македонски
Адреса: unikatno.com.mk
4 коментари:
Иако продавницата е со добра намена, сепак дизајнот е катастрофален. Незнам колку функционира делот за плаќање со картички. Нема логоа на картички кои се примаат, нема политика на приватност, правила на користење. Не се користи SSL. Нема политика на враќање и политика на испорака. Мислам дека е далеку од е-продавница.
se e OK, osem edna nelogicnost.
Ne e jasno sto predstavuvaat trosocite od 30 denari za pratki do 1000 den, odnosno 3% od vrednosta za pogolemi iznosi od 1000 den, ako se ima vo vid deka ponapred se tvrdi deka postarinata i pakuvanjeto se sodrzani vo cenata na proizvodot???
Proizvodite od druga strana se ubavi i kako za koj ne preskapi.
Првиот коментар е полн со негативна енергија која очигледно кажува за нечија желба да се критикува без да се прочита се.
За вториот коментар. Тие 30 денари или 3% над 1000 денари се пари кои ги наплаќа поштата не за поштарина ами за провизија кога плаќате за превземање на производот. Сега засега за жал фунцкионира системот на плаќање при превземање на производот во пошта, поради сеуште ужасно комплицираната постапка кај банките за да се започне со користење и на плаќање со кредитни картички. Тој процес е започнат и набрзо ќе биде активен. - Од авторите на ПРОДАВНИЦАТА
Prvin bravo za idejava, redno bese za rakotvorbi da ima nesto vakvo.
Mozebi prviot komentator e poln so negativna energija, no e vo pravo.
Inaku ne e tocno deka e komplicirana postapkata za vo bankite. Nasata banka (ne bi sakal da reklamiram) veke nudi ednostaven metod, megutoa treba da se ima dobar softver koj ke garantira bezbednost. Povelete prasajte (dve banki vo makedonija nudat e-bankarstvo na domasni kartici.
A za 3% mozebi imate pravo no 3% (kako kaj kartickite, trebaat da bidat vkalkulirani vo cenata)
Uste ednas bravo za sajtot
Објави коментар