На веб-сајтот можете да ги погледнете веќе поднесените апликации, меѓу кои има и неколку од Македонија. Она што е важно е дека mySociety, во соработка со Институт Отворено општество, се отворени финансиски да ги поддржат не само организациите, туку и индивидуалците кои немаат претходно искуство во секторот на транспарентноста и одговорноста. Критериумите за аплицирање се следниве:
- Проектите треба да генерираат некаква значајна транспарентност и одговорност или демократски напредок од некој друг вид
- Проектите мора да ги искористат уникатните полезности кои ги носи интернетот, како што се надградувањето, двонасочната комуникација, едноставноста за анализа на податоците и др.
Повикот е објавен на 13ти октомври, а во наредните месеци, во 4 месечни интервали, почнувајќи од 15ти овој месец, тие ќе се свикуваат за да ги разгледаат проектите за кои е дотогаш аплицирано. Интересно е што во процесот на одлучување, улога ќе имаат и коментарите на поднесените предлози онлајн.
Со оглед на тоа дека повикот е јавен и отворен за сите, би било добро доколку придонесете во ширење на информациите за него.
Дополнување: повремено, а сега често од страна на корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: cee.mysociety.org
Нема коментари:
Објави коментар