11 февруари 2010

Каде ќе купувате за денот на вљубените?

Дали веќе размислувате каде ќе купувате овој Свети Валентин? Сакате да изберете нешто квалитетно а брзо, без да ви одземе многу време? Или можеби се наоѓате далеку од своите најмили, а би сакале да им ја изразите вашата љубов и грижа со романтичен букет? Еве едно предлог решение за вас.

Флауершоп” е првата македонска интернет цвеќарница каде можете да купувате различно аранжирани букети и некои други помали подароци за секакви пригоди: од родендени, свадби, крштевки и други свечени погодности, до изразување сочувства, благодарност, па дури и деловни подароци. Основан уште во 2004 година, кога онлајн купувањето во Македонија воопшто и не беше возможно, Флауершоп првично беше наменет за странски купувачи кои сакаат да останат во контакт и да им испраќаат подароци на своите најблиски во Македонија. Денес, со се поголемата пракса на онлајн купување и кај нас, услугите на оваа интернет цвеќарница се лесно достапни и за сите граѓани во Македонија.

Подароците можете да ги купувате според пригода или според цена, при што самото купување се врши многу брзо и едноставно. Без потреба од претходно регистрирање, многу лесно, откако ќе го изберете подарокот само означувате “додај во кошничка” и продолжувате кон безбедносната веб-страница за плаќање. Овде ги внесувате вашите лични и финансиски податоци за извршување на трансакцијата. Плаќањето се врши исклучиво преку интернет и тоа во моментот на правењето на нарачката. Доколку поседувате Пејпал сметка, плаќањето можете да го извршите со неа, во спротивно ги внесувате деталите на вашата кредитна/дебитна картичка.

Вашиот подарок може да биде испорачан на која било валидна адреса во Македонија при што не треба да доплатите ништо за вршење на испораката. Единствено што би можело да се забележи е дека цветните аранжмани презентирани на сајтот се прават од сезонски цвеќиња, така што во случај истите да се недостапни, се врши замена со друга боја или слични цвеќиња. Како и да е, свежината и квалитетот на букетот се очекува да останат исти.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен, соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: има
Адреса: flowershop.com.mk

3 коментари:

Анонимен рече...

Неодамна открив уште еден пристоен сајт за купување во МК, т.е. не е само еден продавач туку повеќе веди да се погледне http://www.tc.mk

Анонимен рече...

Уште неколку добри продавници за купување во пресрет на денот на вљубените:

http://myshop.com.mk
http://ladoro.tc.mk
http://blesok.tc.mk

Виктор Милевски рече...

Еве и рецензија за сајтот www.tc.mk

http://sajtnadenot.blogspot.com/2010/02/blog-post_8479.html

поздрав