Се прикажуваат објави со етикета играчки конзоли. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета играчки конзоли. Прикажи ги сите објави

14 октомври 2009

Најголемиот извор за видеоигри во светот

„Гејмспот” е одличен веб-сајт за љубителите на видеоигри, без разлика дали се тие наменети за компјутер или за која било играчка конзола: сони плејстејшн 2,3 или портабл, нинтендо ви и нинтендо деес, иксбокс 360, како и за ајфон и сите останати мобилни телефони. На сајтот можете да дознаете секаква информација за постарите и поновите видеоигри, па дури и за оние кои сè уште не се излезени на пазарот. За секоја видеоигра има напишано критика и и` е дадена оценка од експерти, заснована на повеќе критериуми: графика, приказна, перформанси потребни за употреба, ниво на соодветна тежина за користење итн.

Гејмерите, со претходно бесплатно регистрирање на сајтот, можат исто така да дадат свое мислење за играта и самите да определат која оценка ќе и ја дадат, со што се формира ранг листа на најдобрите игри според корисниците. Тие можат и да се дружат преку системот за муабетење и форумот на сајтот и да поставуваат најразлични прашања до администраторите во врска со игрите, на кои во соодветен временски период ќе добијат одговор. Под содржините, секој корисник може да остави и свој коментар и да отвори дискусија со останатите корисници.

Сајтот секојдневно подлежи на надополнување, со што на посетителите и корисниците им овозможува постојано да се во тек со свежи и најнови информации за игрите и содржините кои ги интересираат. За секоја игра има слики и видео материјали кои исто така можат многу да помогнат при изборот на корисникот.

Покрај сите овие предности на сајтот, важно е да се напомене и тоа што на него има и опција за директно преземање на демо верзии од игрите како и на разновидни додатоци за нив, кои овде ги добивате бесплатно, наместо да го губите времето барајќи ги по други посебни и небезбедни сајтови.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: гејмерски
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 9/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.gamespot.com