Се прикажуваат објави со етикета илустрации. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета илустрации. Прикажи ги сите објави

25 јануари 2011

Научи нешто секој ден

„Learn something every day“ е едноставен, но креативен веб-сајт на кој може да најдете интересни информации, за кои можеби никогаш не би помислиле во секојдневниот живот.
Сајт со интересни факти претставени преку илустрации
 Се работи за кратки факти кои преку илустрација, карикатура или интересни сценарија им се пренесуваат на посетителите. Така, на сајтот може да најдете информација дека Дизнииевиот свет е поголем од дури 17 држави, американската химна потекнува од песна која Британците  ја пееле додека пиеле или дека првото ЦД било дизајнирано за 74 минути музика, колку што траела Деветата симфонија на Бетовен.

Секој ден излегува нова илустрација со нова информација. Доколку сакате, можете и вие да поднесете некој факт со праќање е-пошта на следната адреса: fact@learnsomethingeveryday.co.uk.
Сајтот е едноставен, шарен и лесен за навигација.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.learnsomethingeveryday.co.uk

28 октомври 2009

Сликата вреди повеќе од 1000 зборови

Правејќи ја вашата презентација или вашиот проект заклучувате дека ви недостасува идеалната слика или фотографија со која поуспешно ќе се ја извршите задачата. Со часови пребарувате по разни веб-локации и повторно не успевате да ја најдете сликата што ќе се совпадне со вашата замисла и ќе успее да го привлече вниманието на другата страна.

„Фотоекспрес“ е извонредна локација која ќе ви помогне да го надминете проблемот без мака. Сајтот е всушност најголемата база,со преку половина милион слики со најдобар квалитет. Секојдневно се додаваат нови 1000 слики што покажува дека тимот кој стои зад овој проект се грижи корисниците секогаш да бидат задоволни и лесно да доаѓаат до тоа што им е потребно.

Правилата за користење се многу едноставни. За да можете да ги користите сликите потребно е да бидете регистрирани на сајтот, а тоа го правите бесплатно исполнувајќи ги стандардните услови и пополнувајќи формулар во кој внесувате основни податоци за себе. Со отворањето на вашиот личен профил, имате право да преземате 10 слики дневно, а бројката може да се зголеми доколку редовно го користите сајтот. Под ова се подразбира, дека доколку сакате да бидете во можност да преземате повеќе фотографии, вие ќе мора да го препорачате сајтот на вашите пријатели, да ги оценувате фотографиите и исто така и вие да прикачувате слики кои ќе можат да им бидат од корист на останатите корисници.

Сите слики се поделени во 22 рубрики, а исто така има и пребарувач кој многу ќе ви ја олесни работата. Можете да ги употребувате и комбинирано, односно доколку внесете збор во пребарувачот и добиете резултати за истиот, веднаш потоа можете да изберете една од категориите и ќе ги добиете само оние слики кои можат да се објаснат преку зборот и категоријата.

Многу важно е тоа што постојат и правила со кои на корисниците им се забрануваат некои начини на злоупотреба на добиените слики. Тие правила детално се објаснети во полето „одредби и услови“.

Дополнување: редовно
(од креаторите и од корисниците)
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: премногу едноставен,
може малку да се поработи на него
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.photoxpress.com

16 октомври 2009

Деветтата уметност кај нас најактивна до сега

За сите скептици кои не веруваат дека кај нас постои стрип-сцена, група од нашите најдобри илустратори, сликари, сценаристи и аниматори, покрај секојдневните обврски, сепак пронаоѓаат време за повторното оживување на деветта уметност на нашите простори. Во недостаток на сериозен и соодветен македонски издавач на стрипови, тие се главни виновници за појавувањето на токму овој веб-сајт, кој овозможува сите љубители заедно да создадат подобро утро за нивната најголема пасија.

Сајтот е многу едноставен и симпатичен, а истовремено доста сериозен и амбициозен проект. Овозможува убаво да се запознаете со моменталната активна група која работи на ова поле, да ја погледнете нивната работа, па дури и да стапите во контакт со нив.

Како главен дел од сајтот, мора да се посочи, е форумот, кој редовно се дополнува од модераторите и членовите кои претходно мораат да се регистрираат. Посетителите на форумот можат да наидат на голем број на илустрации, анимации, стрип актуелности, дуели помеѓу стрип-уметниците и многу други интересни постови кои ќе ве забавуваат, насмеат, инспирираат, па дури и ќе ве подучат. На некој начин, овој сајт може да ви послужи и за своја промоција и да ви претставува отскочна даска доколку сакате да станете дел од македонскиот стрип-округ.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен и симпатичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.makstrip.com.mk