Се прикажуваат објави со етикета мајчинство. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета мајчинство. Прикажи ги сите објави

14 февруари 2011

„Твое бебе“ - бременост, бебе, зачнување, родителство и семејство

 „Твое бебе“ е веб-сајт наменет за жени кои ја планираат бременоста, оние кои се бремени, или оние веќе кои се дел од светот на мајчинството. При отворањето на сајтот ќе наидете на нивната мисија која гласи: „Да обезбедиме квалитетни и современи информации за здрава бременост, бебе, зачнување, родителство и здраво семејство“.
Веб-сајт со информации за идни и сегашни родители
Мисијата мошне добро ги отсликува содржините кои ви ги нуди овој веб-сајт. Темите кои се обработуваат се поделени на: зачнување, бременост, бебе, мајка, неплодност, абортус, доење, семејство, деца со посебни потреби.

Сајтот има и страници за инспиративни стории кои содржат споделени приказни, страница за познатите личности и нивните искуства во врска со бременоста и родителството, галерија со слики и форум на кој посетителите можат да разменуваат мислења и искуства.

На сајтот можете да најдете и информации за заштита од несакана бременост, како и калкулатори за пресметка на термин на породување, плодни денови, индекс на телесна маса, и идеална телесна тежина на возрасни.

Накратко, „Твое бебе“ има едукативна намена и нуди корисни содржини во врска со споменатите теми, но е наменет и за оние кои едноставно се интересираат за нивното репродуктивно здравје.

„Твое бебе“ нуди можност да се регистрирате и да добивате содржини по електронска пошта.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: tvoebebe.com

20 мај 2009

„Јас и мама“ - македонски веб-сајт за мајчинство

„Јас и мама“ е нов веб-сајт кој зборува за мајчинството, бременоста и детската психологија. Според тоа им е наменет на идните мајки, како и на мајките на мали деца кои се во фаза на развој. Иако тематски е многу конкретно определен, на почетната страница ќе ве пресретне текст кој ќе ви посочи дека тоа е сајт за животот, со оглед на тоа дека раѓањето е процес со кој почнува нов живот.

Сајтот е шарен, па дури и премногу, но веројатно тоа е во согласност со неговата намена и целната група. Досега на него се достапни содржини за љубовта и бракот, бременоста и породувањето, приврзаноста на мајката со детето, неговиот развој и психологија. Последнава категорија има само една содржина, означена со реден број, што значи дека во иднина ќе се надополнува со нови. Тоа може да се очекува и за сите останати категории на содржини.

На сајтот постои можност за контакт со авторот, што можете да го искористите покрај за поставување прашања и давање сугестии, така и за ваши вклучувања, споделување на фотографии од вас и вашето бебе итн.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: комбиниран
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.jasimama.mk