Се прикажуваат објави со етикета џи-мејл. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета џи-мејл. Прикажи ги сите објави

28 октомври 2010

Онлајн пребарувач за вашите лични веб-сервиси

„Греплин“ е бесплатен, персонален веб-пребарувач со чија помош лесно ќе ги пребарувате вашите кориснички сметки на Џи-мејл и каледнарите на Гугл, како и оние на Фесјбук, Твитер, Дропбокс, Линкдин и други.

Вашата задача е да го го посетите веб-сајтот на греплин и да се регистрирате. Потоа, самите додадете си ги веб-сервисите кои сакате да ги пребарувате. Логирајте се за секој сервис поединечно и на тој начин истиот ќе биде додаден во вашата греплин сметка. По краткото индексирање, интерфејсот на греплин ќе се промени во едноставен пребарувач, кој наликува на Гугл. Пребарувањето дава резултати во реално време.

Во најголем дел, греплин е бесплатен сервис, освен за неколку опции меѓу кои е пребарувањето низ закачени документи.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: greplin.com

13 октомври 2010

Ефикасно пребарувајте низ вашата е-пошта на Џи-мејл

Доколку често ја пребарувате вашата електронска пошта на џи-мејл, за стари пораки кои сѐ уште ви се потребни, тогаш сигурно ќе ви користи „Клауд меџик“. Со помош на оваа алатка, лесно и брзо ќе ги пронајдете сите потребни информации од старите или новите пораки во вашето сандаче.

Сервисот функционира како екстензија во вашиот прелистувач, а моментално е достапен за Фајрфокс и Хром. Вашата задача е да го посетите сајтот на клауд меџик и да ја инсталирате екстензијата во прелистувачот. Логирајте се со вашата корисничка сметка и потоа сервисот автоматски ќе додаде пребарувачко поле во вашиот џи-мејл. Пребарувањето не само што ќе биде побрзо, туку и ќе ви дава резултати дури и ако пребарувате само со првите букви од некој збор.

Алатката може да ја користите за повеќе кориснички сметки на џи-мејл, како и за дополнителни Гугл апликации.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.cloudmagic.com