Доколку сè уште не сте одлучиле што ќе правите за празниците кои се ближат, „
Трипадвајзер“ може многу да ви помогне. Станува збор за бесплатен сервис кој нуди голем број услуги со кои може да ги планирате вашите патувања.
 |
Сајт со совети за патување |
Преку овој сајт можете да пребарувате информации за летови до сите дестинации во светот, да ги проверувате цените и да правите резервации. Резервациите на летовите најчесто се вршат преку „Expedia“
, којашто е и сопственик на овој сервис. Исто така, можете да пребарувате хотели и хостели, како и да прочитате критики од претходни патници. Трипадвајзер нуди и совети за тоа што би можеле да правите во градот кој планирате да го посетите (на пр.: кои тури се нудат таму, кои позначајни места вреди да се посетат, во кои ресторани да јадете и сл.) . Сајтот препорачува топ дестинации во светот и топ работи кои може да ги правите додека сте таму.
Доколку сакате, можете да се регистрирате на сервисот и да креирате сопствен профил. Трипадвајзер препорачува да го направите тоа преку вашиот профил на Фејсбук, но не е задолжително. Интересна апликација која може да ја користите со регистрирањето, е мапата на патување на која можете да ги обележите сите градови кои ги имате посетено и потоа истата да ја споделите на Фејсбук.
Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 8/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, француски, италијански, јапонски...
Адреса:
www.tripadvisor.com