17 декември 2007

Последната крв

„Последната крв“ е веб-стрип од жанрот хорор/научна фантастика со едноставно постапокалиптично сиже: откако зомбија ја освојуваат земјата, група вампири се борат да ги заштитат последните преживеани луѓе за да може да се хранат со нивната крв.

Во основа, прародител на делата од овој жанр е книгата на британецот Ричард Матесон, „Јас сум легенда“ (1954), во која единствениот преживеан човек се бори против целосно вампиризирано човештво. Идејата има доживеано низа адаптации, директни како истоимениот филм со Вил Смит (2007), или варијации на тема како „Омега човекот“ (1971) и зомбифицираниот „28 дена подоцна“ (2002).

Стрипов има прилично свеж пристап, надополнет со одличен цртеж.


Дополнување: 2-3 пати неделно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран (вордпрес)
Дизајн: стриповски
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: статички
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.lastblood.com
Напишано: 03.12.2007.

14 ноември 2007

Викито на Робот чикен

„Робот чикен“ е пародична ТВ-серија која се прикажува на американскиот канал „Адалт свим“. Базирана на скечеви изведени со анимација на играчки по принципот слика-по-слика, во последните две години постигнува огромна популарност заради еретичкото „читање“ на разни омилени референци од популарната култура.

На „Ју тјуб“ може да се најдат многу од скечевите во форма на пиратски видео-клипови, а има и низа имитатори, поттикнати од навидум едноставниот метод на производство.

Серијата е исполнета со нивоа на специфични алузии поврзани со теми од телевизијата, филмови, спорт, религија, политика, моторни пили и многу други области. Целта на викито е да им се овозможи на верните обожаватели да ги испоуловат и објаснат сите такви детали и да го споделат тоа знаење со остатокот на светот.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: вики
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: www.robotchicken.org

11 ноември 2007

Фејсбук

Фејсбук е овогодишниот Мајспејс, но и многу повеќе. Причината за тоа не е само огромниот број нови корисници на оваа алатка за социјално вмрежување, туку и тоа што управата овозможила сајтот да се користи како платформа за развој на други апликации по принципот Веб 2.0.

На пример, кај вашиот пријател видите модул со кој тој си бележи во кои сè градови бил низ светот и сакате истиот да го користите и вие. Со вградување на модулот, вие се поврзувате неговите автори, кои можеби извлекуваат податоци за мапите од светот од трет систем, итн.

Додадена вредност на системов е ширење на основна свест за приватноста. На пр. корисниците може да контролираат кои делови од нивните профили ќе бидат достапни кому.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП и др.
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: ххх
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: www.facebook.com

Пикникфејс

Пикникфејс е канадска комедијантска дружина од Халифакс, Нова Скотија. Работат мултимедијално, со комбинација на живи настапи и видео-записи. Нивниот клип "Пауертрст", пародија на реклами за енергетски пијалоци, е еден меѓу најпопуларните на Ју тјуб.
Името наводно потекнува од изјавата на Гручо Маркс, американски комичар од првата половина на дваесеттиот век, кој доби "втор живот" преку италијанските стрипови за Дилан Дог. Тој наводно рекол: "Можеш да направиш ѕвезда од некое лице, но не можеш и излет!"
Нивниот сајт на убав и сеопфатен начин ги претставува пред потенцијалните муштерии и обожаватели – со вести за наредни настапи, фотогалерии и видео-клипови со скечеви.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: њњњ.пицницфаце.цом

05 ноември 2007

Розали Бак, дизајнерка

Розали Бак е дизајнерка од Холандија фасцинирана со медицината, од знањето до материјалите кои доаѓаат од тој свет. Нивната намена и симболизам, да го лечат или заштитуваат човековото тело, ја пренесува при изработка на предмети за секојдневна употреба.
Меѓу нив се куклички направени од завои, памукчиња и хируршки конец, како и садови за течност кои се буквална копија на некои од човековите органи, на пример во форма на срце наменет за вино.
Сите основни информации од сајтов се сместени во една слика, претставени во форма на графикон. Тоа остава огромен простор за подобрување, со конверзија на податоците во текстуална форма со што ќе се овозможи видливост за машините за пребарување.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: еднократно?
Брзина: средна
Функционалност:
Код: ХТМЛ
Дизајн: графички
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: холандски
Адреса: www.rosaliebak.nl

01 ноември 2007

Ерменска енциклопедија на интернет

Енциклопедијата на интернет за Ерменија „Арменпедиа“ го користи „моторот“ од википедија, при што содржините не ги креираат читателите, туку избрани автори и уредници. На овој начин губат на кванититет, но добиваат на квалитет според нивните критериуми.

Енциклопедијата е продолжение на претходен информативен сајт за земјата, кој со промената на форматот добива на ефективност, оти поголем дел од редовните корисници на интернет се веќе навикнати да ја користат Википедија.

Содржините се најразновидни и овозможуваат добар вовед за сите кои сакаат брзо и лесно да се запознаат со оваа далечна и „на Западот“ не многу позната земја. Како пример е особено полезен за промотори на други помали култури кои немаат многу пристап до светската сцена.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: медиавики
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.armeniapedia.org
Датум на пишување: 01.11.2007.

31 октомври 2007

Википедија на латински

Википедија на латински е прекрасен пример за користење на јазикот кој лежи во основата на денешната европска цивилизација, и се користел како средство за комуницирање меѓу клерот, а и научниците илјада години по пропаста на Римското царство, чии граѓани биле и дел од предците на денешните жители на Македонија.

За читање на текстовите не ви треба диплома од класични студии, голем дел од нив се изненадувачки разбирливи. Дополнително е интересно што на пример, личните именки се или оригиналните, како Скупи во написот за Скопје, или латинизирани, како имињата на луѓе од современието.

Жална вест и поттик за поголемо ангажирање „во нашиот двор“ е фактот дека википедијата на латински, кој се смета за мртов јазик без родени говорители, има поголем број написи (16.268) од онаа на македонски (12.728), со повеќе од 2 милиони живи говорители.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: медиавики
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: латински
Адреса: la.wikipedia.org
Датум на пишување: 31.10.2007

13 октомври 2007

Фидстер

„Фидстер“ е пребарувач за блогови основан 2003 година. Тој ги индексира и архивира индивидуалните постови врз база на РСС фидовите кои ги генерираат самите блогови.

„Фидстер“ се здобил со иницијална популарност поради брзото индексирање на новите информации, со тоа што овозможувал хронолошко сортирање на резултатите и со тоа што резултатите од пребарувањата може да ги објавува и во форма на РСС-фидови. Така на пример, може да се претплатите на фид со кој ќе ви стигнуваат сите линкови во кои се споменува вашето име.

Сите овие функционалности, освен последната, ги овозможува и најпознатиот македонски блог-агрегатор, „Најди!Блог“, но само за блоговите со домашно потекло.

Пребарувањето на „Фидстер“ е олеснето со употребата на селектори, односно филтрирање на податоците според типот на извор (сите, блогови, вести, поткасти).

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: автоматско
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: www.feedster.com
Датум на пишување: 27.07.2006.

09 октомври 2007

Снипшот – фотошоп преку интернет

„Снипшот“ овозможува обработка на фотографии и е најнова алатка од палетата на апликации за канцелариско работење кои не мора да се инсталираат, туку се достапни преку интернет. Фотографиите може да се симнат директно од веб или да се качат од хард-дискот на корисникот.

Штом влезат во процедура, врз нив може да се применат операциите на промена на димензиите, сечење на делче (кроп) и ротирање. Едиторот е интуитивен и едноставен за користење, а обработката не влијае на оригиналот – сите резултати се снимаат под нови имиња и на хард-диск, но и директно на веб, на пример на Фликер.

Апликацијата работи и со прилично големи слики, со тежина до 10 мегабајти или димензии до 5000 х 5000 пиксели, а поддржува низа вообичаени и невообичаени формати, меѓу кои векторските ЕПС и СВГ, а може дури да увезува и први страници од ПДФ-документи.
„Снипшот“ го пробавме по препорака на познатиот велешки блогер Горан Андреев.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: автоматски
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ASPX
Дизајн: комбиниран
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Јазик: англиски
Адреса: snipshot.com
Датум на пишување: 14.08.2006.

08 октомври 2007

Сите империи

„Сите империи“ е заедница на интернет посветена на историјата на светот, основана 2001 година. Нејзини членови се професори по историја, историчари и ентузијасти кои сакаат да го промовираат знаењето од оваа област. Нејзиното „срце“ се форумите кои имаат разновидна публика и членство од целиот свет. Проектот исто така обезбедува веб-простор, контакти и истражувачки информации за низа академски проекти и содржи збирка на написи напишани од членовите на форумите.

„Сите империи“ е во приватна сопственост и не поддржува ниедна форма на комерцијализам. Одбива да постави платени огласи од други веб-сајтови, одбива да постави линкови до веб-сајтови кои бараат претплата, а не прифаќа финансиски прилози од своите членови. Сите активности како програмирање, администрација, одржување и контрола се во рацете на членовите-волонтери.

Приклучувањето на оваа заедница овозможува одлична прилика за историчарите и историчарите-аматери од Македонија да ги промовираат информациите од оваа област за кои малку се знае надвор од земјава.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.allempires.com
Датум на пишување: 27.07.2006.

Клуб на железничарски моделари „Загреб“

Клубот на железничарски моделари „Загреб“ ги собира ентузијастите заинтересирани за моделарство и макетарство, промовирајќи ја дејноста преку основни информации.

Така, може да се дознае кои се основните поделби на моделарството, кои стандарди и размери се користат, кои се сериски производители на модели на железници, како и од каде може да се дознае повеќе за оваа област. Најинтересни се фотогалериите со изработени макети и фоторепортажите од активностите на клубот, преку учество на изложби и настани, меѓу кои и Денот на хрватската железница.

Занимливостите од историјата на железницата исто така вреди да се прочитаат, особено нејзината улога во пропагандните активности во времето на комунизмот.

Иако во интерфејсот преку линкови е најавена и англиска и германска верзија, на овие јазици се достапни само насловните страници, на кои има само неколку основни податоци, како адресата и дејноста на клубот.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: мн. добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазици: хрватски
Адреса: www.kzmz.hr
Датум на пишување: 27.07.2006.

06 октомври 2007

Панорамио

Панорамио е веб-сајт за споделување фотографии кој се издвојува по тоа што за секоја од нив е забележана и локацијата на која е снимена. Ваквите фотографии потоа се поврзуваат со апликациите за географски мапи на Гугл.

Панорамио е дел од новиот свет на хиперлокални апликации, кои го комбинираат хипертекстот – јазикот на вебот – со информации за локациската положба, пред сè во форма на точни географски координати. Овој вид на претставување на информациите ќе зазема многу важно место во блиска иднина, особено поради напредокот во употребата на мобилни бежични уреди за поврзување на интернет.

Хиперлокалноста има огромна важност за промоцијата на Македонија, особено во туристички цели, но и за пошироко претставување на нејзината култура, цивилизација, па и секојдневен живот. Колку повеќе луѓе ги качуваат своите фотографии на него, толку повеќе луѓе од странство ќе имаат можност да дознаат за нив.

Сите качени фотографии поминуваат низ процес на модерирање и ако не задоволуваат соодветни критериуми не се појавуваат јавно.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.panoramio.com
Датум на пишување: 08.09.2007.

Ожичен Њујорк

„Ожичен Њујорк“ е веб-сајт посветен на архитектонски проекти, како и вести поврзани со економијата, недвижнините и политиката на градот Њујорк и неговата поширока околина. Основан во 2001 година, сајтот се состои од неколку форуми, од кои најпопуларен е оној за облакодерите. Особено интересна содржина се неколкуте веб-камери кои го пренесуваат тековниот изглед на разни места во „Големото јаболко“.

Форумџиите од сајтов се ентузијасти кои често доста темелно и сеопфатно ја следат изведбата на архитектонски објекти во градот, како зградата на Њујорк тајмс или повторното градење на Светскиот трговски центар, пишувајќи редовни извештаи проследени со нивни фотографии од градилиштата.

На 1 април 2006 година студентот по урбанизам Бродерик Џон Херман, член на веб-сајтот, умрел поради повреди здобиени во судир со мерцедес додека бегал од банда деликвенти кои го нападнале и претепале со цел да го ограбат. Наспроти тоа што сведоците тврделе дека насилниците имале и расистички мотиви (индикација: повиците „Фати го белчо“), полицијата не ги обвинила за злосторство од омраза и сега се на судење во својство на малолетници. Смртта на Херман ги потресла другите членови на „Ожичен Њујорк“, кои преку веб-сајтот основале меморијален фонд и акција за разубавување на еден од парковите во спомен на пријателот и неговата љубов кон Њујорк.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: мн. добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.wirednewyork.com
Датум на пишување: 27.07.2006.

Вива физика

„Вива физика“ има за цел да ја популаризира физиката и науката воопшто меѓу младите.
„Едно од најголемите човекови богатства е љубопитноста, тежнението за откривање на непознатото... И затоа ние во детството и младоста имаме многу прашања за светот околу нас и појавите од него. Секој од нас повторно го открива... И додека постои љубопитноста, копнежот за осознавање на новото, човекот е млад и жив, а неговиот поглед не е згаснат,“ вели д-р Владимир Ајдачиќ, еден од основачите на веб-сајтот.
Содржините се претежно во форма на написи кои се поделени на категории, меѓу кои многу интересни се „науката како бајка“ - со приказни за научните откритија што го промениле светов, а и збирката на мисли на познати научници.

Иако е солидно изработен, дизајнов на сајтот користи ригиден темплејт кој не се покажува најдобар при пристапување со спора врска, оти има интегрирано многу графички елементи кои го успоруваат вчитувањето. Прикажувањето на форумот во внатрешна рамка (и-фрејм) не е добро решение, оти го отежнува пристапот од машини за пребарување до тие содржини.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: средна
Функционалност: добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: српски
Адреса: viva-fizika.org
Датум на пишување: 27.07.2006.

03 октомври 2007

Епикур – за љубителите на готвење

Епикур (341-270 п.н.е.) бил еден од главните филозофи на хеленистичкиот период, чие учење ги комбинирало материјалистичката метафизика, емпиристичката епистемологија и хедонистичката етика.

Арно ама, сајтот „Епикјуриос“ (Епи-љубопитен) не се фокусира на историјата на филозофијата, туку на главната асоцијација што ја буди името на Епикур – уживањето во животот. Амбициозно замислен, поддржан маркетиншки и технички, тој нуди добар пример за организирање на обемно количество содржини на една тема: рецепти за храна и пиење. Покрај рецептите, на сајтот се поместени низа написи во врска со рафинираниот стил на живот, па може да послужи и како прирачник од оваа област.

Особено полезни се речниците на храна и вина, кои содржат илјадници поими од овие области од целиот свет. За жал, не и од Македонија, но тоа може да се свати позитивно – како прилика за оние кои имаат што да кажат на таа тема да пратат рецепти и информации што ќе го збогатат сајтот.

Од технички аспект, особено интересно е решението за поттикнување на посетителите да се претплатат на билтените преку електронска пошта, со преку директно предочување на можноста за избор на разни типови на содржини. Ова е во согласност со светските стандарди за заштита од спем (несакани пораки), а во директен контраст со практиката во Македонија на вакви билтени и мејлинг-листи да се ставаат адреси без претходна дозвола на сопственикот. На ниво на ЕУ, ваквата пракса се третира како криминален прекршок за којшто може да се заработат дебели казни.

Дополнување: скоро секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: www.epicurious.com
Датум на пишување: 21.09.2005.

Ед Пискор, цртачот на најновиот стрип за Македонија

[лекторирано]

Ед Пискор е цртач на стрипови, кој го има илустрирано најновиот стрип напишан од Харви Пекар Пикар, на тема решавање на конфликтот во Македонија.

Стрипот е направен врз основа на забелешките и фотографиите направени од мировната активистка Хедер Робинсон, која пред некоја година ја посетила земјава за да дознае зошто ситуацијата во 2001-та не ескалира до тотална граѓанска војна. Нејзината теза била дека војната не е неизбежна и дека ако луѓето се потрудат таа може да се спречи, при што Македонија е еден од ретките примери во светот за тоа.

На веб-сајтот на Пискор може да се видат неколку страници од стрипот, кој е во формат „графичка новела“ (стрип-албум) од 150 страници. Покрај тоа, присутна е галерија во која се претставени низа други негови дела, како и можност за купување на оригиналните цртежи.


Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.edpiskor.com
Објавено на: 6.7.2007.

Мајки и бебиња

„Мајки и бебиња“ е хрватски веб-сајт со информации за оплодувањето, бременоста, развојот на децата и родителите. Изобилува со навидум неутрални и објективни совети во врска со овие области, а инаку е основан од фирма која се занимава со продавање пригодни производи. Иако како маркетиншки потег не постигнува голем успех, што може да се види од тоа дека банерскиот простор што го нудат не е закупен, сигурно дека ја подига популарноста на матичната фирма.

Дизајнот на веб-сајтов е прилично добро изведен, а големите фотографии кои се појавуваат на страниците од рубриките го дополнуваат тој впечаток, оти создаваат визуелна поврзаност со публиката. Само едно нешто е пофотогенично од убава жена – убаво бебе.

Конкурентски веб-сајт на „Мајки и бебиња“ е „Бременост“ кој има поголема фрекфенција на надополнување и чиј дизајн е далеку погуст, исполнет со текстуални содржини претставени со мали букви. Тој делумно се темели на работа на форумот, следејќи го правилото дека најефективен начин на пополнување на содржини на еден веб-сајт е кога самите корисници го прават тоа, без потреба сопственикот да плаќа автори.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: АСП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: хрватски
Адреса: www.mameibebe.net
Датум на пишување: 27.07.2006.

01 октомври 2007

Нацртано

„Дрон“ е колаборативен блог е наменет „за сите кои го сакаат цртањето“, а го прават уметници за уметници, кои споделуваат линкови, особено до веб-сајтови на кои може да се видат галерии со индивидуални дела. Освен класични цртежи, содржините опфаќаат илустрации, карикатури, анимирани видео-клипови и други слични дела.

Приклучувањето на оваа топла и гостопримлива заедница може да им помогне на цртачите, графичките дизајнери и другите професионалци и аматери кои се занимаваат со сродни гранки да се промовираат во светот, но и да дојдат до нови директни контакти и ресурси за користење во нивната работа. Повеќето од соработниците се од Торонто, Канада, но ги има и од САД и од Австралија.

Овој веб-сајт е еден од педесетте најкул сајтови на светот, според изборот на магазинот „Тајм“. Интересно е дека во тој избор нема ниеден веб-сајт со концепција на „македонските забавни портали“.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: секојдневно
Брзина: средна
Функционалност: одлична
Код: ПХП (Ворд прес)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: www.drawn.ca
Датум на пишување: 14.08.2006.

26 септември 2007

Библиотеката на латински текстови

„Библиотеката на латински текстови“ овозможува пристап до дела напишани на некогашниот официјален административен јазик на ниво на обединета Европа, вклучително и на Македонија.

Библиотеката содржи низа класични текстови од познати автори од антиката до средниот век, од познатите оратори на Републиката, историчарите и поетите на Римското царство, до светите отци кои го обликувале христијанството. Овој материјал може да им биде од полза на луѓето заинтересирани за класичните студии, но и на другите јазичари.

Текстовите се скенирани од извори во јавна сопственост или прибрани по интернет, често од сајтови кои во меѓувреме се затворени. Со тоа, овие дела на некој начин двојно се спасени од заборавот, но се презентирани без превод и коментари, за разлика од сличните сајтови со високо академско ниво. Авторот отворено ја признава таа ситуација во делот „За овие текстови“ и дури и препорачува посета на некои од нив, како што се Персеус и Форум романум.

Сајтот е изведен во чист ХТМЛ код со дизајн базиран употреба на основни табели без декоративни графички елементи. Ова придонесува кон создавање на впечаток на негубење време и фокусирање на читањето, а овозможува и поголема брзина на вчитување и видливост пред машините за пребарување. Веројатно од таа причина и се покажува меѓу првите кога се пребарува на Гугл со клучни зборови поврзани со латинското културно наследство.

Дополнување: баталено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: латински
Адреса: www.thelatinlibrary.com
Датум на пишување: 21.09.2005.

Блогот на Махмуд Ахмединеџад, претседателот на Иран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад има отворено официјален блог наменет за директна комуникација со јавноста преку интернет, со можност за поставување прашања и давање коментари, како и учество во анкета.

Во својот прв и засега единствен пост, г. Ахмединеџад ја изложува автобиографијата, осврнувајќи се на историските услови во неговото детство под власта на марионетскиот шах, исламската револуција и војната со Ирак. Постот е прилично долг за еден блог и подобро би било да бил поделен на повеќе продолженија, секој со својата под-тема. Дури и самиот автор на крајот на постот вели дека во иднина ќе пишува покусо и со поедноставен стил.

Најпознатиот ирански блогер Хосеин Деракшан, кој живее во Торонто, вели:
„Ахмединеџад е популист, а не фундаменталист. Сепак, сеуште не сум убеден дека тој навистина блогира... Треба да почекаме да видиме како ќе се развива сајтот... Ако тој продолжи да пишува и веб-сајтот стане вистински блог, тогаш треба да бидеме среќни. Во тој случај властите нема да го забранат блогирањето во Иран, сè додека Ахмединеџад остане популист.“
За изработка на веб-сајтов се применети најнови технологии, но во последните денови често е недостапен, можеби заради преоптеретеност на серверот од премногу посети. Посебен вкус на искуството го дава и англискиот превод, исполнет со невообичаени конструкции кои веројатно го одразуваат начинот на пишување на официјален персиски.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: неопределиво
Брзина: споро
Функционалност: недокажана
Код: АСПЏ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: најавен
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Јазици: персиски, арапски, англиски
Адреса: www.ahmadinejad.ir
Датум на пишување: 14.08.2006.

25 септември 2007

Центарот Симон Визентал

Симон Визентал во популарната култура е познат како ловец на нацистички воени злосторници кои по Втората светска војна се неказнети криеле низ светот. Центарот Симон Визнетал има за цел да го зачува сеќавањето на Холокаустот преку поттикнување толеранција разбирање преку активности во заедницата, образовни програми и општествена акција. Како НВО е акредитиран во ОН и УНЕСКО, а има канцеларии во неколку светски метрополи.

Сајтот пренесува вести за активностите на организацијата, а служи и како одскочна даска за неколку други поврзани сајтови, меѓу кои се Музејот на толеранцијата и Мориа филмс – студио за документарци кое се има закитено и со Оскар. Особено интересен дел е недоволно истакнатиот Мултимедијален центар за учење којшто нуди огромно количество информации во лесно достапна и читлива форма. Кај овој потсајт, употребата на мали сликички е многу добро изведена, особено во делот за навигација.

Апликациите како можноста за добивање известувања преку имејл и донирање преку електронска трговија го зајакнуваат капацитетот на сајтов, чии нови содржини се свртени кон промовирање на некои современи еврејски ставови во врска со тековни настани и состојби.

Дополнување: често
Брзина: средна
Функционалност: добра
Код: АСП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: www.wiesenthal.com
Датум на пишување: 30.07.2005.

22 септември 2007

Македонска асоцијација за информатичко општество

МЕСА е национална асоцијација на локални фондации за развој на информатичката технологија, основана е во 2005 година, за да обезбедува услуги за општините, граѓаните и за локалните бизниси. МЕСА е формирана со помош на УНДП, со цел да обезбеди за своите членови организација на акумулираното знаење, вмрежување, застапување на интересите на нејзините членови пред властите и пред јавноста.

Една од најзначајните карактеристики на МЕСА е нејзината географска поставеност, регионално обезбедувајќи покриеност на целата територија на земјава. На овој начин, МЕСА е мрежна организација со многу активно присуство и на локално ниво, што е од особена важност за постоечкиот процес на децентрализација во земјата.

Една од последните значајни активности на МЕСА е учеството во проектот за поддршка на иницијативи за е-владеење засновани на слободен софтвер на локално ниво, при што нејзини членки имаат спроведено обуки и помош во миграција на Линукс и Опен офис во низа општини.

Освен јавниот дел, веб-сајтот на асоцијацијата содржи и дел наменет за интерна комуникација на нејзините членови, заштитен со лозинка.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: АСП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Јазик: македонски и англиски
Адреса: www.mesa.org.mk
Датум на пишување: 21.08.2007.

Викискенер

Викискенер или Скенерот на Википедија е алатка создадена од Вирџил Грифит и објавен на 14 август 2007. Се состои од јавно достапна база која може да се пребарува а содржи податоци кои поврзуваат милиони измени на Википедија со организации од чии компјутери се извршени тие промени. Податоците се добиени со споредба на податоците за измените со блоковите на ИП-адреси во сопственост на организациите.

Целта на Грифит со овој некомерцијален проект била „да предизвика мали катастрофи во односите со јавноста“ за определени неомилени компании и организации, кои се осудуваат да се наметнуваат со вандализам и дезинформации во написите за контроверзни теми.

Авторот на Википедија Џими Велс го смета Скенерот за „прекрасен“ придонес кој ја подига транспарентноста на системот на ново ниво.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: автоматски
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: минималистичка
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема (тазе сајт)
Јазик: англиски
Адреса: wikiscanner.virgil.gr
Датум на пишување: 21.08.2007.

Уметникот Немо Рамџет

Немо Рамџет е уметник кој се занимава со необични теми, како на пример што би било кога диносаурусите не изумреле по ударот на метеорит, туку би еволуирале во интелигентни суштества. Овој „мисловен експеримент“ го предложил канадскиот палеонтолог Дејл Расел во 1982, а врз основа на него се развиени разни шашави „теории на заговор“, но и интересни уметнички експерименти.

Делата на Рамџет спаѓаат во вториот вид, а се занимаваат со карактеристиките на таквите диносауруси и делата на нивната пештерска уметност. Според него, тие не би биле многу слични на луѓето, туку повеќе би наликувале на птици способни да користат алатки.

Како и обично за ликовните уметници, веб-сајтот претставува портфолио кое содржи и други циклуси, како и информации за другите проекти, информации за контакт, како и линкови до други веб-простори кои ги гради авторот: неговиот блог и фотоблог.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.nemoramjet.com
Датум на пишување: 21.08.2007.

19 септември 2007

Нова шема на блогот „Веб-сајт на денот“

Веројатно имате забележано дека не сите написи од рубриката „Веб-сајт на денот“ кои излегуваат во печатеното издание не се појавуваат и на веб-сајтот од „Време“. Затоа решив да прекинам со синхронизирање на датумите на написите на блогот „Веб-сајт на денот“ и таму да ги ставам сите написи што ги имам во архива на хард диск.

Недостаток на овој пристап е што текстовите не се лекторирани, но затоа подготовката за на блог одзема далеку помалку време, кое особено се трошеше на наоѓање на линк до написот во веб-изданието на весникот. Вака, на принцип кога може и кому иде, сметам дека ќе се овозможи и поредовно освежување на содржините на блогов.

10 септември 2007

Хај Балкан - балкански хај фајв

Хај Балкан е платформа за социјално вмрежување наменета за балканците, која им нуди можност да постават свој профил, да бјавуваат слики, блогови и други мултимедијални и текстуални содржини, да се запознаваат и дружат со потенцијални сексуални и социјални партнери.

Иако ова не е прв сајт од овој вид на нашиве простори, интересно е што намерава да има поширок регионален опфат, иако основниот интерфејс е само на англиски. Дополнително, ова е веројатно првиот веб-сајт во Македонија кој нуди можност неговите видеа да се вметнат (ембед) во кодот на други веб-сајтови, во стилот на Ју тјуб. За разлика од стандардот, кога видеото се прикажува на друго место, во него нема линк назад кон Хај Балкан.

Основниот ризик со овој тип сајтови се однесува на приватноста - што прават со личните податоци на корисниците, кој и како одговара при злоупотреба или крадење на идентитетот, како и крадењето на сликите на корисниците кои се присилуваат да се согласат да ги отстапат авторските права со чинот на качување. Пред да стане популарен, Хај Балкан има шанса да ги надрасне ваквите пречки преку објавување транспарента политика за приватност и авторски права.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема (тазе)
Јазик: англиски, македонски и др.
Адреса: www.hibalkan.com
Датум на пишување: 10.09.2007.

21 август 2007

Правата на аеро-патниците во ЕУ

Целта на порталот за аеротранспорт на Европската комисија е известување на патниците кои го користат овој вид сообраќај за нивните права.

Известувањето се врши преку поставување документи за симнување, меѓу кои официјални известувања на Комисијата, летоци, постери, директиви и закони, како и мултимедијални содржини поврзани со темата.

Иако структурата на сајтот е само на англиски и француски, документите поставени на него се поголем дел од скоро триесетте официјални јазици на ЕУ. При тоа најчесто користен формат е ПДФ, за кој не е применета добрата пракса до секој линк да се назначи и големината на датотеката.

Причината за објавување на порталов е ставот дека иако либерализацијата на пазарот донела поширок избор и пониски цени, не смее да се занемарат мерките со кои се штитат индивидуалните интереси на патниците и се обезбедува нивната целосна полза од заедничкиот пазар.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски и француски
Адреса: apr.europa.eu
Датум на пишување: 21.08.2007.

Меѓународна мрежа за слободен софтвер

Меѓународната мрежа за слободен софтвер, за кој се користи синонимот „софтвер со отворен код“ е центар кој собира најдобри практики и шири знаења. Основана од УНДП, нејзините активности се обликувани околу апликации од областа на слободниот софтвер, со цел да се поттикнува јавното застапување и вмрежување на таа тема во регионот Азија-Пацифик.

Членовите на мрежата се залагаат за слободниот софтвер како извор на решенија за земјите во развој кои овозможуваат можности за примена на ефтин софтвер со кои би го надминале дигиталниот јаз. Причините заради кои го промовираат се: универзален пристап до софтверот без ограничувања, помала зависност од увозни технологии, слобода да се споделува, соработува, адаптира, развој на локални капацитети и отворени стандарди кои обезбедуваат независност од определени производители.

Покрај вестите од областа на слободниот софтвер, веб-сајтот на Мрежата е еден од референтните ресурсни центри на светско ниво, од кој може да се симнат упатства, анализи, учебници и други публикации во електронски формат. Содржините се лиценцирани под Криејтив комонс и се слободни за употреба за било која намена, под услов да се наведе од каде се преземени.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски и др.
Адреса: www.iosn.net
Датум на пишување: 21.08.2007.

Бугарска асоцијација за алтернативен туризам

Sпоред Бугарската асоцијација за алтернативен туризам, тој се состои од лично и автентично доживување на локалната околина, луѓето и заедниците. Опфаќа туризам во природа (еко, планинарење, јавање, сплаварење, возење велосипеди, спелеологија) и културен туризам (рурален, културно наследство, етнички елементи, гастрономија, музика и занаети).

Веб-сајтот ги претставува структурата и активностите на организацијата, истовремено презентирајќи ги убавините на нејзината земја со цел да се поттикне приливот на туристи.
Иако содржините се богати, тие не се пренатрупани, оти една од целите е пренасочување на гостите кон сајтовите на членовите, ако се работи за потенцијални туристи, или да им се презентираат можностите за деловна соработка на инвеститорите и други потенцијални соработници.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски и бугарски
Адреса: baatbg.org
Датум на пишување: 21.08.2007.

06 август 2007

Небескиот капетан

Официјалниот веб-сајт на научнофантастичниот филм „Небескиот капетан и светот на утрешнината“ нуди содржини вообичаени за овој жанр на сајтови: информации за филмот, актерите, фотографии, клипчиња, позадини за десктопот и сл.

Иако симнувањето на апликации од интернет не е препорачливо, сајтот нуди и барем две такви: клиент за добивање пораки во врска со заедницата на фанови, како и компјутерска игра.

Посебноста на ова остварување извира од природата на основното дело - филмот. Направен е како резултат на лична визија на режисерот Кери Конран, кој прво сам си снимил демо-трејлер на својот компјутер, а потоа го ја „продал“ идејата на Холивуд.

Долгата верзија на филмот нуди исклучително привлечна естетика која се базира на перцепциите од триесеттите за иднината, како и на денешните перцепции за триесеттите. При тоа, одлично е пренесена атмосферата на култните дела од тоа време, особено оние кои се занимаваат со космонаути (Бак Роџерс, Флаш Гордон) и авијатичари (Стив Кенјон, Џони Хазард). Техничката изведба на комбинирањето на живи глумци со компјутерска анимација го става филмов рамо до рамо со стриповско-филмската легенда „Син сити“.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: Флеш
Дизајн: флешерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Adresa: www.skycaptain.com
Датум на пишување: 06.08.2007

04 август 2007

Виртуелен музеј на отворачи за тапи

Виртуелниот музеј на отворачи за тапи нуди преглед на историјата и разнообразноста на оваа важна алатка.

Содржините поврзани со отворачите за тапи се навистина богати и овозможуваат интересно минување на времето додека се разгледуваат. Од отворачи што припаѓале на познати личности, како Ал Капоне, до модели на отворачи во форма на најразлични други предмети како мечеви, пиштоли, склуптурчиња во вид на птици и други ликови. Особено важен дел за историјата на културата се уметнички и други ликовни дела во кои се појавуваат отворачите од слики и постери, преку разгледници, до дизајни на креветски чаршафи.

Интерактивноста со посетителите се обезбедува и преку давање одговори на нивните прашања поврзани со отворачи на тапи, кои се објавуваат јавно, понуда за откуп на нивните антиквитети, како и преку адресарот на дилери и колекционери од оваа област.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: седмично
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.bullworks.net
Датум на пишување: 04.08.2007.

21 јули 2007

Официјалниот веб-сајт на Вилијам Гибсон (жител на Канада)

Вилијам Гибсон (1948) е писател на научна фантастика роден во САД кој се смета за татко на субжанрот сајберпанк (киперпанк), делумно затоа што тој го има измислено терминот „сајберпростор“ (киберпростор) во 1982 година, а делумно заради огромното влијание на неговиот роман „Науромансер“ од 1984 година. Од шеесеттите години Гибсон живее во Ванкувер, Канада.

Во овој роман, Гибсон за прв пат го има употребено терминот „матрица“ за визуелизиран интернет, чиј подем го има предвидено, како и многу од неговите супкултурни аспекти, како хакерскиот идентитет. Меѓу другото, го има предвидено и тековниот тренд на споделување видео-материјали преку интернет, наспроти тоа што самиот не е многу посветен компјутерџија.

„Неуромансер“ е напишан на механичка машина за пишување, а Гибсон купил компјутер дури години потоа. Тој има изјавено дека: „Никогаш не сум бил заинтересиран за самите компјутери. Не ги набљудувам нив, туку набљудувам како се однесуваат луѓето со нив.“
Особено важен дел од веб-сајтот е редовно ажурираниот блог чија активност укажува дека Гибсон ја има надминато својата парадоксална технофобија – сè до доцните деведесетти, тој не користеше е-пошта, туку комуницираше исклучително преку факс.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: АСП
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.williamgibsonbooks.com
Датум на пишување: 21.07.2007.

17 јули 2007

Тамбл-блогот на Боби

Тамбл-блог е стил на блог чиј дизајн ги има отфрлено голем дел од вообичаените додавки и се концентрира на брзо и ефективно презентирање на основните информации од постовите - текст, слики и линкови.

Компјутерџијата Борис Ристовски е автор на веројатно првиот македонски блог од овој вид, кој го започнал како средство за архивирање и споделување на линкови. Тој вели дека му "светнало" заради тоа што еден другар секој ден преку Скајп му праќал по 20 линкови од работи што сакал да ги види, па решил и тој тоа да го прави само јавно. Сега обајцата користат ваков блог за таа цел.

Содржините на блогот се најразлични и одразуваат широко поле на интерес. Заради пристап и одговор на барањата на глобалната публика, авторот има решено да го користи само англискиот јазик.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ
Дизајн: блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.bobir.tumblr.com
Датум на пишување: 17.07.2007.

10 јули 2007

Обожавателски веб-сајт за Воините

[лекториран]

“Воините“, заедно со „Брилијантин“, е еден од најкултните филмови за генерации тинејџери во последните триесетина години. Веб-сајтот направен од заедница на негови обожаватели документира најразлични елементи од нивното дружење, како и факти за филмот, адаптираните и изведени дела.

За разлика од зашеќерениот мјузикл, во кој улоги на средношколци играат десетина години постари актери, во филмот за уличните банди е задржана огромна доза на автентичност, од мултикултурниот карактер до тоа дека скоро целиот е снимен на лице место, со учество на локалните „структури“.

Особено интересен податок за сценариото е дека е направено врз основа на „Анабасата“ на старогрчкиот писател Ксенофон (431-355 г.п.н.е.), кој како персиски платеник учествувал во „маршот на десетте илјади“ грчки хоплити. Тие по извршено предавство во кое е убиен нивниот работодавец, принцот Кир, морале да го пробијат патот назад дома низ огромен дел од Блискиот Исток, постојано борејќи се.

Мултимедијалните содржини на веб-сајтот се дополнети со интерактивни содржини, како посебните форуми посветени на филмот и официјалната игра. Добра финта е и можноста за избор на темплејт по желба во стилот на Воините или на Сираците.


Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: заклучен
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: warriorsmovie.co.uk

03 јули 2007

Armor Games

[лекториран]

Armor Games е издавач на видеоигри наменети да се играат преку Интернет, а се изработени во флеш-технологија. Нивната мисија е да го спречат ширењето на досадата.

Освен на нивниот сајт, тие ги шират своите игри и преку други сајтови, како Конгрегејт, со тоа што во самите игри останува линк до нив, кој овозможува посетителите да им се навраќаат.

За авторите на ваквите видеоигри сајтов нуди низа можности за промоција и за соработка. Обично се во форма на натпревари, во кои тие треба да извршат определена задача и може да добијат награди или материјален надомест. На пример, тековниот натпревар е да се направи игра поврзана со рокенролот.

Некои од игрите на сајтов се извонредно добро изработени миниремек-дела, како „Ласт стенд“ и „Фенси пентс“, кои се одликуваат со врвна анимација и до максимум ги искористуваат можностите на медиумот.

Употребливоста на сајтов ја намалува тоа што некои линкови се отвораат автоматски со нови прозорци и што на места е преоптоварен со банери.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ иФлеш
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.armorgames.com

02 јули 2007

Библија на македонски јазик

[лекториран]

Можноста да се прочитаат изворно светите списи е основа за интелигентна јавна дебата за низа прашања поврзани со системот на вредности и устројувањето на општеството. Со оглед на тоа што МПЦ ги нема објавено изворните текстови на својот веб-сајт, мистериозниот „Библија на македонски јазик“ е во ситуација да игра клучна улога во таа дебата, а и да послужи како алатка за учење за предметите поврзани со религија. На сајтот има неколку преводи на библијата и на други јазици, а на македонски се еден поархаичен од 1990 година и еден посовремен од 1999 година.

Содржината на еден првиот превод на прв поглед изгледа исто како едно од изданијата одобрени и благословени од МПЦ. За жал, на веб-сајтот нема оставено импресум, референци, ниту било какви информации за изворите на изданијата и идентитетот на сопствениците, кои би овозможиле јакнење на кредибилитетот на овој ресурс.

Особено јака страна на сајтов е можноста за пребарување по клучни зборови, која овозможува и преглед на слични и сродни термини.

Текстовите се објавени бесплатно, според поуката од Евангелие по Матеј 10:8 „бесплатно добивте, бесплатно давајте“. За отстранување на било какви пречки во пренесувањето на цитати, би било добро да се искористи стандардизирана лиценца како Криејтив комонс.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, бугарски, српски, англиски
Адреса: www.mkbible.net

28 јуни 2007

Конгрегејт - заедница за игри во Флеш

[лекториран]

„Конгрегејт“ (Собирање) е заедница наменета за креаторите и играчите на игри во Флеш. Авторите на игри имаат можност да ги качат своите дела на сајтот и потоа да добијат дел од парите што сајтот ги собира преку објавување реклами.

Играчите, пак, може да заработуваат поени со кои подоцна би учествувале во наградни игри и слично, а и просто да се дружат со другите играчи.

Дизајнот на делот за игри овозможува муабетење додека се игра некоја игра со паралелно отворање прозорче со канал за „чат“. Така, двајца или повеќе пријатели може да играат иста игра, која првобитно не е наменета за повеќе играчи, но со ова добива на интерактивност.

Веб-сајтов нуди шема за оценување на игрите од страна на корисниците, преку која оние што се оригинални или добро изработени имаат можност за промоција преку топ-листите.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП/Флеш
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: kongregate.com

26 јуни 2007

Документарниот фотограф Иван Блажев

[лекториран]

Целта на веб-сајтот на документарниот фотограф Иван Блажев е промовирање на неговото дело преку портфолио на Интернет. Меѓу другото, преку фотогалерии, од кои „Македонија сонува“ е особено интересна за промоција на земјата во светот.

Употребливоста на сајтов ќе се издигне ако, наместо флеш, за фотогалериите се користи обичен ХТМЛ, бидејќи со тековното решение, кое изгледа многу убаво, за жал, не е овозможено директно линкување до самите фотографии.

Од аспект на промоција, би било добро доколку барем дел содржини се лиценцираат под Криејтив комонс, со што би се овозможило нивно споделување со други сајтови, кои би возвратиле со линкови до изворот. На тој начин би се издигнал и рангот на Гугл.

Многу пофално за сајтов е што е целосно според спецификациите на Конзорциумот за вебот и ја поминува нивната валидација без грешка.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: многу добра
Код: ХТМЛ, ЈС и Флеш
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.ivanblazhev.com

20 јуни 2007

Бладспел

[лекториран]

„Бладспел“ (магија на крвта) е целовечерен филм направен со технологијата машинима - снимен со користење на компјутерската игра „Невервинтер најтс“. На веб-сајтот е достапен во форма на серија од 14 кратки епизоди.

Овој филм од жанрот епска фантастика е веројатно најголемиот проект од овој вид досега. Авторите велат дека користењето машинима им овозможува поголема креативна слобода и во однос на обемот на дејствата, но и во поглед на експериментирањето со идеи, стилови и ставови, кое е невозможно во филмовите оптоварени со холивудски „политики, пари и продуценти“.

Епизодите на филмот може да се гледаат директно во разгледувачот или да се симнат. Втората варијанта овозможува и симнување превод на неколку европски јазици.

Филмот е објавен под лиценцата на Криејтив комонс, која дозволува споделување, креирање адаптирани дела и ремиксување за некомерцијални цели, под услов да се наведе оригиналниот извор и да бидат објавени под исти услови.


Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ/Флеш
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: www.bloodspell.com

22 мај 2007

Кажи Македонија

[лекториран]

Блогот „Кажи Македонија” е наменет за пренесување информации за спорот со името и лобирање за престанување на дискриминацијата против жителите на Република Македонија.

Блогот содржи низа написи со пренесување ставови на жителите на Македонија и преку авторски текстови и преку преведување делови на текстови од македонските медиуми и поврзување на текстовите преку линкови.

Дел текстови објаснуваат некои од за нас секојдневните поими што за луѓе од странство се чудни или нови. Ако се земе предвид дека за целиот проблем всушност и не се зборува многу во странство, особено во ЕУ, подигањето на јавната свест кај граѓаните е од огромно значење.

Другите постови се копии од пораки што авторот ги има испраќано преку е-пошта до институции и организации кои практикуваат фиромизација, давајќи конкретен пример за уште еден вид употреба на Интернет како средство за активизам.


Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ (блогер)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: say-macedonia.blogspot.com

19 мај 2007

Поуки за мрзеливи газди

[лекториран]

Блогот „Мрзелив газда” е наменет за претприемачите кои сакаат да основаат самоодржлив бизнис, односно фирма која е толку успешна што сама „си брка работа.”

Џим Фишер, авторот на блогот, вели: „Може да ви изгледа иронично, но најдобриот начин да постигнете стил на живот во којшто нема да има потреба да работите е да си го поставите тоа како цел и потоа да работите многу напорно додека не го постигнете. Но ако сакате постојано да работите, долгорочно гледано, вашиот бизнис ќе биде помалку успешен.”

Фишер ги пренесува своите искуства, оти тој е токму таков вид претприемач кој преку блогот врши „директен пренос” додека го води својот бизнис за веб-дизајн. Особено полезни се научените лекции за тоа што не треба да се прави, преку примери.

Некои од препораките се поминување повеќе време во развивањето на деловните процеси и маркетингот, наместо на развој на производот, како и делегирање на што е можно повеќе од амалските работи на соработници, било внатрешни било надворешни. Обидите да се заштедат пари преку трошење на сопственото време често имаат спротивен ефект, оти вршењето прозаични, едноставни задачи оневозможува стратегиско планирање и ширење на перспективите.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ (блогер)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: www.lazyowner.com

17 мај 2007

Постмодерно стрижење

[лекториран]

Главните јунаци на веб-стрипот „Постмодерно стрижење” се карикатурата на лингвистот/филозофот/активист Ноам Чомски и неговото куче Предикат. Кучето е антропоморфно и се обидува да ги искористи или реши проблемите на неговиот пријател, чии бескомпромисен идеализам и инсистирање на задржување на академското ниво го доведуваат во неволји со соседите и медиумите.

Авторот Џефри Вестон ја следи епската борба на Чомски против завојувачкиот капитализам, кој сепак профитира од него со изработка на кукличка со ликот на Чомски, која исправа граматички грешки, издавање на продолжение на документарецот „Производство на согласност” за да продава брендирани производи на растечкиот пазар на студенти-бунтовници, при што го претвора филмот во игран со Брус Вилис во главната улога.

Дизајнот на сајтот е едноставен и фокусиран на претставување на стрипот. Неоптоварен е со никакви дополнителни елементи, дури и без огласи. Иако голем дел од финтите би биле посмешни на оние што го познаваат делото на Чомски, хуморот е универзален, со финтите како играта „антимонопол” или обидите на кучето што подобро да се продаде.


Дополнување: баталено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: стриповски
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазици: англиски
Адреса: www.postmodernhaircut.com

16 мај 2007

Француски сајт за борба против спамот

[лекториран]

Доколку ви е здосадено да ги добивате оние непобарани рекламни пораки познати како спам, дополнително може да ве исфрустрира и податокот дека на ниво на ЕУ се нелегални. Граѓаните ги штити законот и може да ги тужат спамерите, па во Франција е поставена и платформа за да им се овозможи полесно да ги известат одговорните власти.

Проектот е пример за јавно приватно партнерство и во него учествуваат државни институции, стопански комори и индивидуални фирми, меѓу кои и „Мајкрософт“. Преку веб-сајтот се нудат информации за спамот, начините за заштита од него преку познати апликации, и од областа на слободниот софтвер (како Thunderbird) и од областа на неслободниот софтвер (Outlook). Препораките се поделени по целни групи: корисници, маркетинг-агенти, сервиси за услуги преку Интернет, издавачи на софтвер, интернет-провајдери...

Нареден степен на развој на оваа е-владина услуга ќе биде можноста за директно препраќање на спам-пораките, по што системот ќе врши процедура за идентификување и казнување на починителите.

Македонија не мора да чека да го фати последниот воз за ЕУ за да го усогласи своето законодавство и да ги заштити своите граѓани од ваквите неетички реклами.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазици: француски, англиски, шпански (делумно)
Адреса: signal-spam.fr

14 мај 2007

Мак PC world

[лекториран]

Веб-сајтот Мак PC world е наменет за развој на информатичката култура во Македонија преку презентирање разновидни информации од оваа област, од вести за тековни настани до одбележување на историскиот развој. Основан од група студенти по информатика, тој својата цел ја врши преку нудење два вида содржини: написи подготвени од редакцијата и текстови и информации од читателите преку форумот.

Особено интересна и полезна е категоријата „училиште“, преку која во кратки написи се претставуваат основни поими и совети за поефикасно користење на широкораспространети софтверски алатки, како и развој на веб-сајтови. Со оглед на хроничниот недостиг од содржини на локални јазици, кои се релевантни за читателите од Македонија, ваквите полезни упатства претставуваат добредојден прилог и своевидно освежување.

Содржините на сајтов се лиценцирани под Криејтив комонс и може да се користат (преземаат) за некомерцијални цели, под услов да се наведе изворот и во неизменета форма.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (тазе сајт)
Јазици: македонски
Адреса: makpcworld.com

08 мај 2007

Македонски ИТ-форум

[лекториран]

Македонскиот ИТ-форум е класичен форумски веб-сајт наменет за пренесување информации и дебатирање на теми поврзани со информатичките технологии, како и пренесување вести и препораки за посети.

Замислен доста амбициозно, форумот е поделен на секции во рамките на кои се водат поспецијализирани дискусии по области и конкретни теми. Секциите опфаќаат технички области како хардвер, мрежи, оперативни системи, програмирање, сигурност, мултимедија..., но има простор и за компјутерските игри и теми насочени кон користењето и последиците на ИТ кај луѓето чија примарна стручност е во други области.

Пред појавата на блоговите, форумите беа една од главните методи за граѓанско учество на Интернет. Нивниот успех во денешни услови зависи од степенот на инклузивност и слободоумност во дискусиите, транспарентното и конзистентно спроведување на правилата за дискусии и овозможувањето што почесто вметнување линкови, кои ќе привлекуваат посетители од машини за пребарување.


Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Јазици: македонски
Адреса: it.com.mk

07 мај 2007

Блогот Вермилион

[лекториран]

Блогот „Вермилион“ го води истоимената издавачка куќа од Скопје, која на македонскиот пазар се наметнува преку квалитет и проактивен пристап во користењето на новите медиуми.

Додека другите македонски издавачи претежно се насочуваат кон изградба на е-продавници и е-каталози на нивните веб-сајтови, притоа занемарувајќи ги придобивките од транспарентноста и односите со јавноста што доаѓаат од објавување вести за нивната дејност, „Вермилион“ постапува токму обратно, ажурирајќи го блогот токму со вести и информации поврзани со тековни настани и актуелни изданија.

А најактуелно кај нив е објавувањето на книгата „Петар Пан во црвено“ на македонски јазик. На времето, Џејмс Метју Бери (1860-1937) и го доделил приходот од авторските права од Петар Пан на детската болница „Грејт Ормонд Стрит“. На седумдесетгодишнината од неговата смрт, кога авторските права истекуваат, спроведен е конкурс за официјално продолжение на кој победила Џералдин Макоркран. Во духот на зачетникот на сагата, по 10 проценти од секоја купена македонска верзија се наменети на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле, Скопје.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ (блогер)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (тазе сајт)
Јазици: македонски
Адреса: www.vermilion-books.info

23 април 2007

Picture-perfect-ville

[лекториран]

Во превод името на сајтот Picture-perfect-ville означува „место на совршена слика“. Неговата цел е да презентира квалитетни музички спотови и познати режисери на музички спотови.

Привлечноста ја гради и со презентирање дела што биле цензурирани или се и ретки, оти во морето содржини на Интернет, корисниците знаат да ценат кога некој со добра уредувачка политика ги води до дела што одговараат на нивниот индивидуален сензибилитет.

Авторка на блогов е мистериозната и исклучително пристојна и добро воспитана госпоѓица Елена. Таа е од Скопје, но веб-сајтот е наменет за глобална публика.

Посетителите може да придонесат преку коментари, а се привлекуваат и со користење низа блогерски алатки што ги има во блогролот. Пристапот до содржините е според тертипот на веб-два-нула: повеќето спотови се на „Ју тјуб“. Покрај тоа, авторката дејствува проактивно во промоцијата на блогот. Така на пример, овој напис е резултат на нејзината пријава поднесена преку коментар на блогот на рубрикава.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ (блогер)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (тазе сајт)
Јазик: англиски
Адреса: pictureperfectville.blogspot.com

18 април 2007

Блогот Лолита

[лекториран]

Блогот Лолита го препорачува писателот Алекс Букарски, кој неговата авторка ја смета за една од најпродуктивните македонски блогерки што пишуваат љубовна поезија.

Букарски вели: „Кога долго висам на Интернет потајно во себе знам дека нешто страшно ми фали во животот. Кога ќе кликнам на блогот Лолита и кога ќе ја видам целата фанатична посветеност на поезија, дознавам што точно е тоа“.

Содржините опфаќаат текстови потпишани од авторката Наташа Георгиевска, но и преводи или извадоци од дела на други поети и писатели, како и пренесени делови од интервјуа и линкови до уметнички веб-сајтови.

Она што би можело да се поправи од дизајнерски аспект е воедначеноста на заднината и поставеноста на колоните со текст, кои понекогаш „бегаат“ од нивната основна положба. За визуелниот идентитет е исто така важна конзистентноста при употреба на фонтовите.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ПХП (друпал)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазици: македонски и[ли] англиски
Адреса: lolita.blog.com.mk

17 април 2007

Бозаџилницата „Вефа“ од Истанбул

[лекториран]

„Вефа“ е најпознатата, а можеби и единствена бозаџилница во Истанбул. Основана е во 1876 година од Албанецот Хаџи Садик Беј, а до денешен ден ја водат неговите потомци.

Иако се трудат да ја продолжат традицијата, особено преку автентичната атмосфера во локалот, фирмата функционира целосно врз модерна основа. Така, на пример, го имаат ангажирано Турскиот научно-технолошки институт да изврши научна анализа на нивната боза и се придржуваат до највисоките европски стандарди на работење во прехранбената индустрија.

Веб-сајтот нуди информации за фирмата и самата боза. Таа е различна од онаа што се нуди во Македонија, но сепак е легенда сама по себе. Повеќето Турци (од Турција) се сеќаваат на времето кога во зима бозаџиите оделе по сокаци и ја рекламирале бозата, па им треба потсетување на овој елемент на секојдневјето.

Употребата на некои анимации во флеш на веб-сајтов не е неопходна. Тука особено спаѓаат интрото и сликите што „се вртат“ во рамките на посебните страници. Далеку е подобро наместо интро да се прикаже директно текстуалната содржина - за да имаат машините за пребарување што да индексираат. Наместо анимирано слајдшоу, поефективно би било поставување галерија со описи на сликите што би биле достапни преку пермалинк да може да се користат како референци на други сајтови.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: Флеш и ХТМЛ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: само на насловна
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Јазици: турски и англиски
Адреса: www.vefa.com.tr

16 април 2007

Д Резидент - блескав пример на видеошоу на Интернет

[лекториран]

„Д Резидент“ е неделно ток-шоу што се прикажува на јавната кабелска телевизија на Менхетн, нејзиниот веб-сајт, како и негови посебни канали на „Ју тјуб“ и „Јаху видео“. Програмата се состои од интервјуирање минувачи на улица, класични интервјуа со избрани гости и влогови (постови на видеоблог).

Продуцентка и водителка е Лори Харфенист, чија еклектична кариера се движи помеѓу разни медиуми, од електронски до текстуални и обратно.

Портфолио од видеоклипови на разно-разни теми може да се најде на самиот веб-сајт во форматот квик-тајм. Но она што навистина овозможува проширување на контактот со публиката е искористувањето на сервисите од класата на веб-два нула, како гореспоменатите видео-сајтови, но и Мај-спејс. Но тоа би било безвредно без главниот фактор на нејзиниот успех - комбинирањето на интелигентна анализа на актуелни теми со хумор и огромна доза шарм.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: посредни
Гугл-ранг: 6/10
Јазици: англиски
Адреса: www.theresident.net

10 април 2007

Кајмакот – македонски Диг (конечно!)

[лекториран]

Кајмакот е интерактивен интернет-сервис, кој содржи врски до интересни сајтови, кои „испливуваат на површина“ на насловната страница со гласање на посетителите.

Со едноставна и брза регистрација посетителите може да поставуваат линкови до статии кои им се интересни и да гласаат за веќе пријавените. Оние статии со доволен број на гласови од сите регистрирани корисници автоматски стануваат популарни и се појавуваат на насловната страница.

Кајмакот е оригинална апликација направена од членовите на заедницата за слободен софтвер – Васко Авукатов и Георги Станојевски.

Овој сервис за социјално вмрежување работи на слични принципи како глобално и регионално популарните Диг, Редит, хрватскиот Два нула и босанскиот Кртица, акцентот е за статии на македонски јазик и од македонски автори.


Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП Python/Django
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (ептен тазе)
Јазици: македонски
Адреса: kajmakot.softver.org.mk

23 март 2007

БЛаф или, во превод, б-смеа

[лекториран]

БЛаф е веб-сајт чија цел е презентирање оригинални карикатури поврзани со блоговите и блогосферата. По формат е сличен на веб-стриповите, но дејството се одвива само во една сликичка, а по дефиниција едно дело е стрип само ако се состои од најмалку две последователни слики.

Голем број од често смешните карикатури се направени врз основа на постови на туѓи блогови, кои се цитирани со нивна адреса во страниците. Дизајнот и е целосно приспособен на блогерска публика, со можност лесно да се преземе код со кој карикатурата би се прикажала на друг сајт, како и јасно ставање до знаење дека може да се користи РСС и мејлинг-листа.

Авторите, како средство за привлекување публика, прават сатири и пародии на водечки блогери, кои потоа не може да одолеат да не блогираат за тоа, па им носат сообраќај... Така барем велат Бред Фицпатрик, цртачот, и Крис Пирило, сценаристот.

Целата операција има и спонзор, фирма што продава домени, која и буквално и во иронична форма е сеприсутна на сајтот, до ниво на предложување да купите домен поврзан со некој збор во тековниот стрип. Блогерски бизнис-модел, кој изгледа дека функционира.


Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: стриповски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазици: англиски
Адреса: blaugh.com

22 март 2007

Cancer Quest - образование за ракот на четири јазици

[лекториран]

Ракот е резултат на распад на нормалните биолошки процеси. За да се разбере што тргнува на лошо во процесот на развој на ракот, основно е да се разбере како работи организмот кога функционира здраво. Една аналогија е со поправање автомобил. Би било многу тешко или невозможно да се поправи автомобил од некој што не знае како функционира кога не е расипан.

Затоа првиот дел од веб-сајтот „Канцер квест“ (потрага по ракот) е наменет за објаснување на нормалните процеси, а вториот за биологијата на ракот. Наменет е за сите граѓани, а не само за професионалците од оваа област. Нештата се објаснуваат отпочеток и постепено, а содржините се насочени за пациенти, едукатори, студенти и за здравствени работници.

Целиот сајт е особено погоден за едукаторите, оти содржините се претставени во вид на учебник, со поглавја, секции и помали потсекции. Содржините се дополнети со флеш-анимации, кои бесплатно може да се користат за образовни цели, како и со тестови-квизови, речник и со научни референци.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазици: англиски, шпански, кинески, руски
Адреса: www.cancerquest.org

21 март 2007

Како се прави тога, за тога-забава

[лекториран]

Тога-забава е журка под маски во која сите носат тоги или облека слична на тога и сандали. Тинејџерската комедија „Животинска куќа“ од 1978 година прикажува тога-забава на американски универзитет, по што ваквиот вид забави навистина станале општоприфатени и постојани.

Веб-сајтот „Како се прави тога“ дава совети и пренесува искуства за оваа интересна општествена активност, која во Македонија е малку занемарена во последните 1.600 години, наспроти фактот дека земјава била дел од Римското Царство многу подолго од кое било друго, дури и Османлиското.

За разлика од здруженијата за жива историја, односно реконструирање на начинот на живот во минатото преку стриктно придржување до научно докажаните сознанија, тога-забавите имаат многу послободен однос кон историјата. Целта е шегобијна дружба за сите - иако е пародија на античките оргии и симпозиуми што имале врска и со практикување сексуалност.

Сепак, за успешна тога-забава мора да се следи едно важно правило: тогите не треба да се прават од креветски чаршафи. Купување соодветно обоено платно, односно штоф во продавница, и негово кроење според едноставните упатства и дополнување со накит носи многу поголем степен автентичност и подвижност. Потребниот штоф од 4 до 6 метри е и поевтин од чаршаф.

Дизајнот на сајтов е старомоден, содржините не се поделени на страници таму каде што може, а некои од нив се врз основа на материјали (искази и фотографии) испратени од љубителки на тога-журки низ целиот свет, што му дава особен шарм.


Дополнување: баталено
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.howtomakeatoga.info

20 март 2007

Жива историја: Legio XX - дваесеттата легија

[лекториран]

Дваесеттата легија е основана во 1991 година за да се реконструира животот на римската војска на јавни настани поврзани со живата историја. Сите облеки, оклопи и оружја се изработени од самите членови врз основа на научните сознанија од историјата и археологијата. Членовите ги демонстрираат тактиките и употребата на оружјата и алатките, а на публиката и ги објаснуваат различните аспекти на животот во римската војска и цивили.

Веб-сајтот сеопфатно ги документира активностите на Дваесеттата легија, која е базирана во близина на престолнината на САД, Вашингтон, но има членови од целиот свет и понекогаш патува на настани надвор од нивната област.

Најголемата вредност на активностите на Легијата е во тоа што се целосно со отворен код. Во форма на прирачник се објаснети сите аспекти на нивната дејност, од како се изработуваат или како се набавени реквизитите, до упатства за однесување што се пропишани и со јавнодостапниот статут на здружението на граѓани.

Целта на Легијата е јавно образование, односно активно пренесување информации на било која достапна публика. „Кога ги облекуваме нашите чудни алишта ние стануваме учители и секого што го среќаваме станува наш ученик. Ако тој ученик дојде во наша близина и не добие ново знаење од нас или добие лажни информации, постигнуваме неуспех.“

Новите членови треба да ја прифатат идеологијата на групата, да поминат обука пред да им биде дозволено да учествуваат во јавните настапи. Тоа важи и за сопружниците и децата на членовите, кои мора индивидуално да ги исполнат квалификациите, а не добиваат „автоматско“ членство.


Дополнување: занемарено
Брзина: брзо
Функционалност: мн. добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.larp.com/legioxx

19 март 2007

Вечниот Египет

[лекториран]

Целта на сајтот „Вечниот Египет“ е претставување на египетските археолошки артефакти, а екстремно добрите техники на визуализација служат и за прикажување на природата на односите помеѓу јазлите, како и временски ленти. Притоа често се користи Флеш, и тоа на највисоко програмерско и дизајнерско ниво, со поддршка на ИБМ.

Веб-сајтот има две верзии, една што е целосно мултимедијална и друга базирана на обичен текст, наменета за вклучување на корисниците со поограничени технички можности.

Египет е една од врвните светски дестинации за културен туризам. Иако тој е првобитната „библиска земја“ (покрај Ирак) ,тоа што е спомената во библијата не е фокус на претставувањето пред светот. Напротив, сајтов се труди да го опфати севкупното археолошко и историско богатство.

Информациите може да се пребаруваат на најразлични начини, а особено е добро што за помалку познатите зборови од описите на артефактите автоматски се вклучува и речникот со објасненија.

Сајтов може да послужи како урнек за културна промоција во светот и е препорачливо добро да го проучат сите што се занимаваат со сродни теми.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазици: англиски, француски, арапски
Адреса: eternalegypt.org

10 март 2007

Родени различни

[лекториран]

Целта на веб-сајтов е да ја поттикне толеранцијата кон членовите на општеството што по некоја особина се разликуваат од мнозинството - боја на очи или коса, доминација на лева рака, сексуална ориентација... Маскота на сајтот е Норман, кучето што наместо да лае, мука.

Сајтов се заснова на сознанијата на американскиот психолог д-р Ќази Рахман и британскиот психијатар д-р Глен Вилсон, кои врз основа на сеопфатни истражувања дошле до заклучок дека сексуалната ориентација е резултат на генетски фактори и хормонална активност во матката пред детето да се роди. Според нивната теорија, луѓето не одлучуваат да станат хомосексуалци, исто како што никој од хетеросексуалците не станал тоа со свесна одлука.

Пристапот што сајтов го промовира кон ова политичко, општествено и религиозно прашање е ненападен. Информациите се презентирани во разни форми, поволни за „варење“ на разни целни групи - од цртан филм со кој едноставно и директно се претставуваат главните тези, до документарни филмчиња кои детално ја обработуваат секоја од нив - на пример, хомосексуалноста кај животните преку примерот на истополова двојка пингвини.

Иако најчесто поставување на анимирано интро во флеш е непотребен елемент, во овој случај e оправдано, оти служи за привлекување и омекнување на ставот на оние посетители што можеби доаѓаат со извесни предубедувања.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: borndifferent.com

09 март 2007

Музикавери - нова генерација на интернет-радио

[лекториран]

Бесплатното веб-радио „Музикавери“ го препорачува авторката на блогот „Макондо“. Тоа овозможува откривање на нова музика врз основа на вашето расположение, со можност за разгледување на различни стилови, жанрови и епохи.

Песните се поврзани меѓу себе со логика слична на онаа која со која функционираат напредните системи за фидови и филтрирање како Пајпс, со што се овозможува непречен протек на песни по вкус на корисникот, откако таа или тој ќе ги дефинира параметрите на музиката што сака да ја слуша во даден момент. Сето тоа е спакувано во исклучително убав визуелен интерфејс и функционира перфектно.

Сајтот е поврзан со разни интернет-продавници и овозможува корисниците и да ги купат песните, ако тоа го сакаат.

Единствена маана на било кој систем за веб-радио е што му треба широкопојасен интернет и во македонски услови, каде што корисниците се ограничени со квота, цело време ја троши квотата. Тоа е особено незгодно во фирми во кои повеќе вработени истовремено си слушаат радио „на слушалки“, па после се чудат како АДСЛ-от им го забавиле или им наплатуваат дополнително.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: Флеш
Дизајн: флешерски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски и француски
Адреса: www.musicovery.com

26 февруари 2007

Пајпс - алатка за правење сопствен портал или блог-агрегатор

[лекториран]

„Pipes“ („цевки“ на англиски) е нова алатка од „Yahoo“, која овозможува автоматско комбинирање информации од различни извори. Комбинирањето се врши со помош на модули поставени преку графички интерфејс и се поврзуваат визуелно, во стил на графикони, слично на правење алгоритми на хартија.

Модулите се направени на принципот на „црна кутија“, нивниот код не е отворен, но јасно ни е каков влез треба да имаат и што добиваме како излез. На пример, еден модул може да биде филтер што ќе презема фид со постови од даден блог и ќе ги пренесува само оние во кои се споменуваат определени термини.

„Најдобар начин да научите да го програмирате ‘Pipes’ е да научите да го избегнувате она што во моментот не го разбирате. Концентрирајте се на она што ви е јасно и применете го, а потоа проширувајте го знаењето. Оние што опсесивно се обидуваат да научат се предвреме или одеднаш, обично не стигнуваат до никаде,“ вели сајбер-гуруто Марсел Марс од Мултимедијалниот институт од Загреб.

Нискиот ранг на Google на оваа адреса се должи на тоа што е само пренасочувач кон апликацијата, која функционира приватно, заштитена со лозинка.

Дополнување: автоматско
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: pipes.yahoo.com

Делишес

[лекториран]

Зборот што во македонскиот јазик има влезено како име на сорта јаболка е име на еден од сервисите на веб што овозможуваат фолксономија - означување содржини преку клучни зборови, познати и како тагови.

Наместо чување bookmarks, односно favourites, на вашиот компјутер, Делишес овозможува нивно чување на Интернет, достапни од секаде по логирањето на сајтот. Но вистинската вредност на сервисот е што овозможува споделување на линковите и нехиерархиска категоризацијата, како и комбинирање на мислењата за содржините помеѓу најразлични групи луѓе.

Системот им е познат на корисниците на Диг по тоа што најпопуларните линкови се појавуваат на првата страница, но не во толку драматична форма за целните сајтови.

Фактори на популарноста на Делишес се тоа што беше меѓу првите што применија едноставен кориснички интерфејс базиран на HTML, веб-адреси што може да се прочитаат од човек (и машини за пребарување), како и можноста за правење фидови, односно поврзување со него преку отворени формати и АПИ-ја. Секако, фактор е и иновативното име на доменот.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: комбиниран
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: del.icio.us

24 февруари 2007

Блогер МК

„Блогер МК“ е македонски блогерски сервис што се појави во мај 2006 година и во меѓувреме има добиено над 600 корисници - блогери. Дел од нив се познати на јавноста од претходно, како „Археолошкиот дневник“, кој мигрираше од друг сервис, а присутни се и низа нови блогови.

Системот користи два домени, macedonianblog.com и bloger.com.mk, со ранг на Гугл од 4, односно 3. Вториот е проблематичен оти е многу сличен со адресата на главниот конкурент, blog.com.mk, што може да доведе до забуни. А основно правило на употребливост е да се избегнува секоја можност што може да го збуни корисникот, оти „се што може да се сфати погрешно, ќе се сфати погрешно“ (Марфиев закон).

Искуствата на неговите корисници укажуваат дека администраторите на сервисот се спремни да помогнат при технички проблеми, а нудат и разни современи опции за внесување податоци, меѓу кои веројатно најинтересна е онаа за ставање слики директно од мобилен телефон. Особено е интересно создавањето на пермалинкови до постовите врз основа на нивното име и тоа на кирилица, што во иднина ќе има големо влијание на машините за пребарување.

Во стил на портал, сајтот нуди и низа други содржини, како игри, форуми, муабети и слично.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: мн. добра
Код: ПХП
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски
Адреса: www.macedonianblog.com

23 февруари 2007

Службениот весник на Шведска

[лекториран]

Службениот весник на Шведска (Post-och Inrikes Tidingar) се стекна со светска слава кога на 1 јануари 2007 година беше спроведена одлуката тој да се издава исклучиво во дигитална форма. Се работи за најстариот весник на светот, кој ги објавува сите службени информации, како и огласи поднесени од Шведскиот патентен завод.

Весникот во 1645 година го основале кралицата Кристина и канцеларот Аксел Оксенстиерна. Сите директори на пошти во земјата биле обврзани да даваат извештаи за информации што ги чуле во текот на работата, кои биле вклучувани во весникот, кој бил објавуван на огласни табли низ целата земја. Од 1791 кралот Густав Трети ја одредил Шведската академија како одговорна за весникот.

Секако, како и во почетокот од своето издавање, така и денес, за овој службен весник не се плаќа претплата. Проектот Тиден ги има дигитализирано и сите изданија од 1771 до 1860 година.

Ова е практика во речиси сите цивилизирани земји, во кои за прв чекор од спроведувањето на законите се смета нивната достапност до народот. Државите во кои постои висока свест за заштитата на авторски права затоа и експлицитно ги објавуваат текстовите на законите како јавна сопственост (public domain).

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност:мн. добра
Код: комбиниран
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: шведски
Адреса: www.poit.org

22 февруари 2007

Проект на ЕУ за употребливост

[лекториран]

Употребливост (анг. usability) е термин со кој се определува леснотијата со која луѓето може да користат одредена алатка или друг објект за да постигнат определена цел. Употребливоста може да се однесува и на методите за мерење на употребливоста и изучувањето на принципите што лежат во основата на перцепираната ефикасност или елеганција на објектот. Во информатиката, употребливоста обично се однесува на елеганцијата и јасноста на дизајнирањето на интеракцијата со компјутерска програма или веб-сајт.

Проектот „Јузабилити нет“ е финансиран од ЕУ за да се обезбедат ресурси и вмрежување на тема употребливост. Наменет е за оние што ја применуваат употребливоста, раководниот кадар, проектите на ЕУ и професионални организации на кои им се овозможува простор за комуникација на темата.

Една од неговите главни цели е да обезбеди поддршка за проектите на ЕУ од областа на информатичко општество да станат што е можно повеќе насочени кон потребите на корисниците, како и да се обезбеди контрола на квалитетот преку информациски ресурси и консултантски сервиси. На сајтот е достапен документот со насоки насловен „Први чекори кон дизајн центриран на корисниците“, кој нуди основа за вклучување на овие принципи во сите фази на развој на еден проект: анализа и побарувања, дизајн и правење прототип, тестирање, спроведување и раководење.


Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ, ЈС
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.usabilitynet.org