18 декември 2008

Онлајн складиште за вашите документи

Поставувањето документи онлајн, со цел нивно чување, односно архивирање, како и заради можноста за пристап до нив од било кој компјутер во светот, поврзан на интернет, не е нешто што единствено и ексклузивно го нуди еден веб-сајт, но пак е услуга карактеристична за веб-сајтовите од поново време. Тоа пак значи дека изборот на вакви онлајн хард дискови или веб-десктопи како што често се нарекуваат е голем, но истовремено значи и дека кога ќе треба да најдете конкретно решение за вашите моментални потреби од овој тип, ќе имате мошне тешка задача. Ви го препорачуваме Дроп бокс со кус преглед на неговите специфики, според кои ќе можете да одлучите дали тој може да одговори на она што го барате.

За разлика од многу други онлајн складишта на податоци, кои се користат од веб-прелистувач и кои често се комбинирани со разни дополнителни апликации, заради што ги викаат и онлајн оперативни системи, дроп бокс е таков сервис кој ќе ви отстапи 2 гигабајтен простор за вашите податоци од било кој вид и глобален пристап до нив преку пријавување со помош на личните податоци од вашата корисничка сметка. За да почнете да го користите, ќе треба да ја преземете софтверската апликација која ќе ви овозможи со едноставно влечење и пуштање или копирање да ги сместите сите податоци, уредени на начин како што вие сакате, во вашата дроп бокс папка. Потоа, документите почнуваат да се качуваат на онлајн компјутерот од кој ви е отстапен простор, а статусот на качување се следи преку графички ознаки. Можете да ја инсталирате апликацијата на повеќе компјутери кои потоа можете да ги синхронизирате, а најдобрата работа е што при промена на документите, тие автоматски се менуваат и тоа само во оној дел од нив во кој се случила промената, што е секако значајно од аспект на време и интернет ресурси. Доколку имате документи кои пак сакате да ги споделите со други луѓе онлајн, означете ги и поканете ги вашите пријатели на веб-адресата која ќе ја добиете за таа цел.

Дополнување: вие
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.getdropbox.com

Нарачка на компјутери и компјутерска опрема онлајн

Купи е нов веб-сајт кој овозможува нарачка на технолошки производи преку Интернет и нивно доставување на територијата на Македонија. Во моментов возможно е избирање на производот и поднесување барање за доставување, при што плаќањето се изведува во кеш и на раката на доставувачот. Идејата е веб-сајтот да функционира како вистинска веб-продавница во иднина, со можност за директно купување преку веб, односно со директно плаќање од сметките на вашите картички.

Поволното при ваквото нарачување е во тоа што цените на производите се за 10% пониски од оние во продавниците, а за доставувањето се плаќаат само 140 денари, без оглед на количината на нарачката. За нарачките во Скопје, времето за доставување е многу покусо отколку за другите делови од земјава.

Купи е во моментов само демо верзија од она во што овој сајт треба да прерасне во иднина. Сега за сега, нуди можност за купување кој е некаде помеѓу вообичаениот начин кој бара физичка посета на одреден простор и трошење на одредено време и електронскиот начин кој подразбира целосно реализирање на нарачката, вклучително и плаќањето, по електронски пат и речиси за момент.

Во понудата на купи ќе најдете: десктоп и лаптоп компјутери, хардвер, мрежна опрема, уреди за ТВ, аудио и видео репродукција и снимање, камери, фото апарати и софтвер. Цените на производите може да ги прегледувате во денари, долари или евра.

Дополнување: редовно
Брзина: средно
Функционалност: добра
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: македонски
Политика за приватност: има
Адреса: www.kupi.se

Дневните вести секогаш на клик од вас

Ако електронските изданија на македонските печатени медиуми, ни дадоа дополнителна и поедноставна можност за да дознаваме за актуелните случувања во земјата и во светот, телевизиските и некои од радио станиците од нашето поднебје го направија истото, време беше вака богатиот избор од извори на информации да се сублимира на една онлајн локација. Тајм.мк го овозможува токму тоа. Наместо да ги разлистувате весниците еден по еден, да испуштите да дознаете за некое важно случување или да ги земете здраво за готово вестите објавени на еден веб-сајт, посетувајте ја оваа веб-локација неколку пати во денот и сигурно ќе располагате со најсвежите и најактуелните информации кои го одбележале денот.

Доколку сте ги читале светските вести на Гугл њуз, концептот ќе ви делува познат и прифатлив. Групирање според категоријата на која вестите припаѓаат, како и според сличноста на нивната содржина, се карактеристики кои тајм.мк го прават примамлив за зависниците од информации и задоволувачки за оние кои понекогаш се сомневаат во нивната вистинитост. Имајќи можност да прочитате една информација од повеќе извори, просторот за сомнеж значително се намалува.

Една содржина на сајтот се состои од наслов и краток почеток на веста, придружена со медиумот од кој е преземена и времето на нејзиното објавување, додека за целосно читање на вестите, потребно е следење на врските до оригиналните извори поставени во насловите.

Користејќи 23 извори на вести, проверувајќи ги истите на секои 10 минути, тајм.мк е одлична веб-локација која заслужува да биде на местото на домашната страница во вашиот прелистувач. Бидејќи во работата на апликацијата учествува само машина, отфрлена е можноста за намерно поставување на вестите во листата на најнови или најпопуларни.

Дополнување: на секои 10 минути
Брзина: брзи
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: македонски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.time.mk

15 декември 2008

Заедница за онлајн документи

Иако мултимедијалните содржини го надвладеаја порано незаменливиот начин за презентирање на информациите во вид на текст, сепак помеѓу бројните сервиси кои служат за споделување на овие модерни производи, постои и таков кој на корисниците им овозможува пристап и складирање на текстуалните документи на едно место. Доксток е тоа место.

Доколку сакате да најдете документи со забавна, технолошка, бизнис или едукативна содржина, ова е веб-сајтот каде тоа можете да го постигнете на легален начин. Чувајте ги вашите документи јавно за да им бидат достапни на сите и воедно видливи за пребарувачите или чувајте ги како приватни фајлови онлајн. Особено важно, ако имате веб-сајт или блог на кој понекогаш сакате да вградувате дополнителни содржински елементи, како видеа, аудио приказни, слики и сл., треба да знаете дека со доксток имате можност истото да го правите и со текст документите.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Бројач на посети и преземања: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.docstoc.com

12 декември 2008

Доедукација за младите луѓе од Македонија

За многу млади луѓе од нашата земја, не е доволно она што таа има да им го понуди како избор за продолжување на образованието или усовршување во некоја одредена област. Од друга страна, постојат и луѓе кои едноставно не сакаат да останат во границите на оваа земја, па уште по завршувањето на средното образование, веќе си ја планираат иднината надвор. Од која и причина да сакате да си ги знаете можностите за усовршување во странство, од неодамна постои една веб-локација која сеопфатно ќе одговори на вашите барања.

Актуелни можности за студирање и доусовршување, стипендии, грантови, обуки и конференции, најразновидни конкурси, работа и пракса во странство е она што го сочинува веб-сајтот Млади инфо. Идејата е да им се олесни патот на младите луѓе до остварување на нивните цели, поради што на овој портал може да се најдат и корисни совети за тоа како треба да изгледа кратката биографија според светските стандарди, писмото на мотивација или препораката од работодавецот или професорите.

Млади инфо е производ на неколку млади ентузијасти од организацијата ФЕЈС-Македонија кои успеаја да ја реализираат идејата која постоела повеќе години. Во подготвителната фаза на создавањето на порталот тие ја добиле поддршката од Фондацијата институт отворено општество-Македонија.

Дополнување: често
Брзина: средно
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: mladiinfo.com

05 декември 2008

Вашето лице во туѓа улога

Сте се запрашале ли некогаш како би изгледале како Дедо Мраз, како некоја музичка или филмска ѕвезда со беспрекорно тело и фризура?! Заменете го вашиот лик со ликот на вашите омилени познати или непознати ликови и престанете да се прашувате. Забавата може да започне веднаш и тоа овде: www.faceinhole.com.

Ова е веб-сајт кој постои за да ви понуди неограничена забава. Изберете фото модел, актер, пејач или пак некоја околина на пример: канцеларија, насловна страница од списание, бејзбол игралиште или некоја уметничка слика на која би сакале да се најдете. Продолжете со барање на соодветна фотографија од вашиот компјутер или директно направете една со помош на вашата камера, а потоа направете ги потребните прилагодувања, така да вашиот лик што повеќе се совпадне со останатиот дел од фотографијата или сликата. Доколку ви се допадне резултатот, регистрирајте се на сајтот и почнете да ги поздравувате со смеа вашите блиски пријатели. Ова е одлична локација за последниот месец од годината.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: класичен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски, бразилски,
шпански, португалски...
Политика за приватност: нема
Адреса: www.faceinhole.com

Векторизирање на растерските слики

Предноста на векторските слики им е позната на оние кои се занимаваат со графички работи, и иако тие често преферираат да работат со такви, тоа не значи дека тие им се секогаш на располагање. За среќа, постојат начини за конвертирање на растерски слики во векторски, а еден од нив нуди „Вектор меџик“. Пред да се израдувате за оваа едноставна онлајн варијанта, веднаш да предупредиме дека потребно е мајсторство за да го постигнете саканиот ефект, а гаранција дека ќе дојдете до посакуваниот квалитет, не постои.

Во суштина, вектор меџик го сработува она за кое е наменет во 5 чекори: избор на саканата слика или фотографија, нејзино конфигурирање со помош на понудените опции, векторизирање, преглед на резултатот и зачувување во неколку различни формати.

За да видите како работи вектор меџик, можете да одвоите 3-4 минути за да го погледнете видео туторијалот или пак да ги прочитате советите достапни во текстуална форма. Примерите ќе ви помогнат да го воочите ефектот од работата на апликацијата, а доколку ви се допаѓа како работи, можете да се одлучите и за комерцијална верзија во десктоп варијанта.

Дополнување: непотребно
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: vectormagic.com

27 ноември 2008

Водич за ТВ серии

Доколку сте обожаватели на новите ТВ серии кои во моментов се прикажуваат на светски познатите ТВ канали, потребен ви е водич кој ќе ви кажува која серија кога се прикажува, за да знаете дека не треба да ја пропуштите.

Прогнозерот на телевизиските серии е пред се дизајниран како апликација за Mac OSX. Сепак, достапна е и верзија за користење преку веб, која е функционална и практична. Се што треба да направите е еднократно да ги додадете имињата на сите омилени ТВ серии за кои сакате да ги следите датумите на прикажување на новите епизоди. Потоа, информациите ќе бидат запомнети од прелистувачот, па при секоја наредна посета, ќе треба само да се стрпите неколку секунди за да се вчитаат бараните податоци. Од добиената листа, покрај тоа што ќе можете да ги видите датумите и имињата на новите епизоди од вашите избрани ТВ серии, туку ќе можете да добиете и краток опис на настаните од новите епизоди, а со уште еден дополнителен клик, ќе бидете пренасочени на еден друг веб сајт: www.tv.com – кој ги поврзува љубителите на телевизиските серии и им овозможува пристап до секаков тип на содржини од оваа област.

Дополнување: од страна на корисникот
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.bigbucketblog.com/webtv

21 ноември 2008

Купи лаптоп

Купи лаптоп е бренд којшто стои зад компанијата USAnotebook, која постои од 1988 година, а се занимава со продажба на нови-неупотребувани или реновирани лаптопи од познати и реномирани производители, како IBM, Dell, HP и Toshiba. Компанијата има мрежа од над 50 ексклузивни партнери од целиот свет, а од пред една година овозможува и директна продажба од Македонија.

Производите кои тие ги продаваат се такви кои биле купени по малопродажна цена и вратени во рок од 30 дена од страна на корисниците, потоа производи кои биле изложувани низ продавниците во САД, како и такви од кои постојат големи залихи и се продаваат по пониски цени заради чистење на производот од залиха и воведување на нов модел.

Сајтот, сам по себе, не е особено презентативен и дизајнерски дотеран, но е едноставен за пристапување и ја врши својата намена, односно ги презентира потребните информации. Доколку се решите да нарачате лаптоп преку оваа компанија со претставништво во Македонија, истиот можете бесплатно да го добиете дома во рок од 24 часа. Доколку пак сакате да го видите производот пред да си ги дадете парите, посетете ги нивните канцеларии, за што информациите ќе ги најдете на сајтот.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: kupilaptop.com

Галаксија од тагови

Многу веб-сајтови оставаат впечаток уште при првата посета, и можеби тоа ќе биде и единствената, бидејќи често има такви кои знаат да освојат со идејата и изгледот, додека мали се шансите такво нешто навистина некогаш да ви притреба. Таг галакси е еден таков пример.

Се работи за сајт кој се состои од пребарувач на тагови (клучни зборови со кои корисниците ги означуваат сликите на пример, заради опишување на нивната содржина) кој по зададеното пребарување, ги презентира сликите од сервисот Фликр на уникатен и интересен начин - налепени во смалена верзија на виртуелна Земјина топка. Од тука, со вртење на топката во сите насоки, може да се избере која слика ќе се кликне за да се зголеми, а со движење на тркалцето на глувчето, може да се навлезе уште повеќе во длабочина.

Всушност, практично е што на едно место можете да ги видите сите слики кои можат да одговорат на вашето барање, но ваквиот начин веројатно нема да изберете да го практикувате за секојдневни потреби. Како и да е, таг галакси беше веб-сајт, поради нешто вреден да биде спомнат. Проценете вие дали го заслужува вашето внимание.

Дополнување: често
Брзина: средна
Функционалност: солидна
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: taggalaxy.de

17 ноември 2008

Барам-нудам дизајн

99 дизајни е заедница на дизајнери и организатори на конкурси. Дизајнерите кои учествуваат на овие конкурси се натпреваруваат за да добиваат награди, како и за да си ги подобруваат своите способности.

Сајтот им овозможува на луѓето од секаде од светот кој имаат потреба од некаков дизајн, овде да го пријават барањето. Стандардната постапка подразбира поставување на самото барање, одредување на буџетот кој директно ја одредува висината на наградите, соработка со дизајнерите околу она што го се бара и избор на најдобриот дизајн во рок од 7 дена по затворањето на конкурсот.

Доколку пак сакате да учествувате како дизајнер, регистрацијата е бесплатна после што внимателно треба да ги разгледате отворените конкурси и да одлучите кон кој ќе се приклучите со вашиот талент, креативност и ентузијазам.

Сајтот е чист и едноставен, а препорачливо е и за понудувачите на конкурси и за дизајнерите, пред да се приклучат кон заедницата, внимателно да ги прочитаат кратките и слатки упатства.

Дополнување: многу често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: 99designs.com

13 ноември 2008

Примање факсови и говорни пораки надвор од канцеларијата

Факсот, иако застарен поради начинот на кој ја овозможува размената на документи, сепак се уште активно се користи, барем во канцелариите. Иако имејлот како сервис ги надминува сите негови недостатоци, размената на документи во материјална форма, го прави незаменлив во однос на останатите можности за комуникација и размена на информации и документи.

Една комбинација од можностите на факсот и оние на имејлот претставува сервисот К7 кој овозможува примање на факсови и говорни пораки преку интернет и нивно прегледување, односно преслушување, директно од вашиот компјутер. Пораките, независно дали во вид на факс или говорни се препраќаат на вашата имејл адреса, иако постои можност да им пристапите и директно преку веб-сајтот на сервисот во рок од 7 дена по нивното добивање. Потоа пораките се бришат. Исто така, на вашата бесплатна корисничка сметка можете да чувате вкупно 20 пораки, после што најстарите се бришат со добивање на нови.

Овој сервис е достапен насекаде во светот бидејќи пристапот до него е овозможен од било кој компјутер поврзан на интернет. Сепак, доколку испраќачот на пораките е надвор од САД, услугата ќе му биде наплатена по интернационална тарифа. Од овој аспект, за наши услови сервисот е непрактичен, но за оние кои живеат во споменатите држави, може да биде фино решение за примање факсови и говорна пошта во секое време и без потреба од користење на дополнителна опрема за таа цел.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.k7.net

07 ноември 2008

Џунгл – практично веб пребарување

Џунгл е едноставна веб-апликација за пребарување и навигирање низ најпопуларните извори на интернет, во различни категории. Целта на креаторите на џонгл е да го направат вебот поедноставен за корисниците. Бидејќи пребарувањето понекогаш може да даде премногу различни резултати, од исто толку различни извори, може да биде тешко да се најде најсоодветната информација која ќе одговори точно на нашето барање.
Затоа џунгл овозможува внесување на пребарувачки поим, избирање на категорија на пребарување, на пр. блогови, финансии, работа, видео, шопинг, слики и др., после што се добива еден поинаков начин на презентирање на добиените резултати. Имено, џунгл ги презентира првите 10 резултати од најчесто гледаните веб-сајтови во одредена категорија или поткатегорија.

Овие резултати веднаш се вчитуваат во истата страница, што значи дека не треба да го правите вие изборот на резултатите, туку тие самите ќе се прикажат пред вас. Во горниот дел ќе добиете лента со 10 извори, при што едноставно можете да преминувате од еден на друг. Содржините секогаш се вчитуваат во продолжение.

Доколку ви се допаѓа овој начин на пребарување, тимот на џунгл ви препорачува да го додадете како обележувач или како додаток во прелистувачот Мозила Фајрфокс.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.joongel.com

03 ноември 2008

Бесплатни книги за технологија

Фритекбукс е веб-сајт на кој можат да се најдат многу книги за компјутерски науки и инженерство, како и забелешки од предавања, прирачници и книги за програмирање. Сите материјали се легално и бесплатно достапни преку интернет.

На овој сајт не можат да се најдат пиратски книги, но секој од авторите на книгите може да има пропишано сопствени услови за користење на неговото дело. Книгите можат да се прегледуваат, преземаат и со неколку исклучоци да се печатат на хартија.

Веб-сајтот има многу едноставен, дури и непривлечен дизајн, но затоа е многу уреден и пристапен. Книги може да се пребаруваат по категорија или преку внесување на клчен збор во полето за пребарување, а за сите новини може да се активира системот за известување РСС.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.freetechbooks.com

Дајте им живот на нацртаните животни

Шидони е иновативен веб-сајт за децата и за нивните родители. Претставува место на кое децата можат да ја изразуваат својата креативност, цртајќи животни, сместувајќи ги во некоја средина, после што доделувајќи им движење, всушност им даваат живот. Тоа е замислен свет во кој креативноста на децата не познава граници. Животните не мора да наликуваат на оние од вистинскиот свет, тие може да се целосно креација на детската фантазија.

Креираните животни може да се именуваат, да се хранат со храна која повторно децата можат да ја нацртаат, потоа може да им се доделуваат магични ефекти, како и да бидат главни ликови во нивните игри. Откако детето ќе го нацрта своето омилено животно, може да го сподели со своите другарчиња преку имејл. Предуслов за користење на овој веб-сајт е регистрирање на истиот и инсталирање на потребниот Мајкрософтов софтвер кој ќе го овозможи работењето на апликацијата за цртање во прелистувачот.

Дополнување: непотребно
Брзина: средно
Функционалност: одлична
Дизајн: детски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www2.shidonni.com

25 септември 2008

Интерактивни панорами

Рапр е веб-сајт кој овозможува преобразување на статичните панорамски слики во интерактивни панорами. За да направите интерактивна панорама, мора да изберете некоја панорамска слика која е веќе поставена на сервисот за слики Фликр. Доколку имате ваша панорамска слика на која сакате да и додадете движење и интерактивност, најпрво поставете ја на Фликр во некоја од групите, додека пак доколку само сакате да разгледувате, не треба да правите ништо друго, освен да си избирате панорами.

Откако ќе изберете една панорама, можете да уживате во нејзиното автоматско придвижување, или пак вие да ги избирате саканите правци на движење, продлабочувања на сликата или оддалечувања од неа. Многу значајно е што вака генерираните интерактивни панорами можете да ги вградувате насекаде: на вашите лични страници, профили или веб-сајтови.

Дополнување: ретко
Брзина: средна
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.wrapr.org

Како најлесно се прави веб-сајт?

Во последно време, се чини дека трендот за правење блогови полека се заменува со нов тренд кој иако може да делува преамбициозно, всушност претставува многу очекувана и природна тенденција. Блоговите се едноставни, но и ограничени, па луѓето сакаат нешто помоќно, кое сепак ќе ја задржи едноставноста. Ова пак им е од особена важност на не толку напредните корисници кои сакаат да истражуваат, како и останатите, но и за едните и за другите, се повеќе станува важно да се троши што помалку време за да се создаваат што повеќе содржини и постигнуваат што поголеми ефекти.

Уибли
е веб-сајт кој овозможува бесплатно и едноставно креирање на личен веб-сајт, кој за разлика од многу вакви сервиси изобилува со огромен избор на дизајнирани шаблони (templates), овозможува додавање на дополнителни страници, создавање на блогови во рамките на веб-сајтовите, додавање на мултимедијални и текстуални содржини со влечење, потоа игри, мапи, можност за рекламирање, читачи на полиња (feeds), како и лични елементи на креаторот. И за сето ова, скоро и да не треба да имате било какви предзнаења.

Ако досега не ви го понудивме вистинскиот сервис за да го изработите вашето онлајн портфолио, тогаш сега е вистинското време да му верувате на вашиот инстинкт и да го пробате Уибли. Ќе се заљубите на прв поглед.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.weebly.com

20 септември 2008

Центар за дигитални приказни

Центарот за дигитални приказни е непрофитен проект за развој и истражување, посветен да им помага на луѓето да ги користат новите медиуми во раскажување на значајни приказни од нивните животи.

Дигиталното раскажување на приказни им овозможува на луѓето, кои немаат техничко познавање, преку користење на информациско-комуникациски технологии да создадат видео со кое прикажуваат своја приказна . Најчесто производот е 2-5 минутен филм кој е комбинација од наративен дел од лична приказна, проследен со фотографии и музика.

Страницата на центарот за дигитални приказни овозможува прегледување на видеа од ваков тип, креирани од различни корисници. Видеата се организирани во категории, постои дел за видеа кои се прегледуваат во моментот, како и најнови видеа. Сајтот нуди можност за поставување на свое видео и за тоа секако потребна е регистрација.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.storycircles.org

17 септември 2008

Сервис за чување и споделување фотографии

Доколку веќе користите некој онлајн сервис за складирање на слики и фотографии или пак ја искористувате таквата можност на сајтовите за социјално вмрежување, можеби нема да имате потреба од дополнителна алатка од ваков тип. Сепак, „Шуап“ е различен од останатите. Многу е едноставен за работа, нуди интересна комбинација од опции благодарение на кои можете без мака да добиете визуелно примамлив производ.

Овој веб-сајт не служи исклучиво како складиште на вашите фотографии. Покрај тоа што можете да си креирате фото албуми кои ќе ги исполнувате со вашите фотографии, од нив подоцна можете да креирате видеа со визуелен ефект по избор и музичка подлога која ќе ги придружува. Поставените фотографии и создадените видеа, можете да ги споделите со блиските по принципот на покана преку имејл, или пак директно да ги поставите на некои од популарните сервиси за социјално вмрежување.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.shwup.com

Едиси - наједноставниот веб едитор

Со напредокот на веб-технологиите, скоро и да не претставува проблем, и луѓето со скромни технички познавања да одржуваат свои веб-сајтови и блогови и на тој начин да се изразуваат себеси онлајн. Сепак, изработката и одржувањето на веб-сајтови не е едноставна работа, додека блоговите најчесто располагаат со скромни можности.

Многу пати, одржувајќи блог, може да посакате да направите повеќе, или пак сакајќи да имате веб-сајт, посакувате да располагате со потребните технички знаења. Не знаејќи што можете да направите, на крајот не преземате ништо. Може да преземете само еден едноставен чекор - се вика „Едиси“ и претставува веб-едитор кој ќе ви понуди убав, модерен дизајн со можности за уредување и исполнување со содржина, како и уникатна веб-адреса преку која ќе може да му се пристапува на веб-сајтот што ќе го создадете. Исто така, доколку имате обезбедено домен име (веб-адреса), преку кое сакате да ви биде пристапен сајтот, истото можете да го поврзете со креираниот сајт со помош на Едиси.

Некои од опциите се следните: избор на саканиот изглед од палетата на понудени или пак изработка на свој, додавање на јазици на кои сакате да биде достапен вашиот сајт, додавање на вашето лого, фавикон (мала уникатна икона што ја придружува адресата во прелистувачот), уредување и додавање на категории, постови, мултимедијални содржини итн.

Едиси е одлична веб-алатка, но е се уште во фаза на развој. Додека ја тестиравме не забележавме проблеми. Сепак, може да се очекува дека во иднина ќе биде уште подобра и пофункционална и дека ќе има нови дополнителни опции, со оглед на тоа што редовно се работи на нејзиното унапредување.

Едиси е одлична алатка за изработка на веб-сајт за промоција на фирма, организација или индивидуа.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски, шпански,
руски, француски,
естонски, кинески
Адреса: www.edicy.com

16 септември 2008

Сподели македонски видео и аудио содржини

Маквидео е нов македонски веб-сајт наменет за споделување на македонски видео и аудио содржини. Иако на популарните сервиси за споделување на вакви содржини, можат да се најдат и такви поставени од страна на Македонци и на македонски јазик, досега не постоеше специјализиран веб-сајт кој ќе нуди исклучиво вакви содржини.

Пред да почнат посетителите на овој сајт да споделуваат содржини во аудио или видео формат, најпрво треба да ги прочитаат условите пропишани од страна на креаторите, до кои може да се пристапи преку соодветниот линк на дното на страницата. Потоа, потребно е и регистрирање на членство, после што може да се почне со поставување.

Сајтот изгледа многу солидно, содржините се категоризирани, дизајнот е чист и прегледен, навигацијата јасна, а пребарувачот функционален. Не изгледа како оние веб-сајтови кои се појавуваат на веб-просторот како несериозни акции и никогаш не се развиваат во нешто посериозно, културно и функционално. Маквидео навистина делува како веб-проект кој има изгледи да стекне голема популарност помеѓу македонските сурфери.

Во моментот кога беше пишувана рецензијава, посетителите имаа можност да прегледуваат вкупно 189 видео и 21 аудио содржини. Според темпото на работа на веб-сајтот, може да се очекува овие бројки да растат со голема брзина.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски
Адреса: makvideo.net

Се за шмизлите

Ново освежување на македонска блог сцена претставува адресата smizla.mk. Се работи за блог изработен на платформата на Вордпрес, но дотеран на оригинален начин и прилагоден да одговара на самите содржини. Постовите се долги и интересни, ги одликуваат цврсти ставови презентирани во вид на факти, а стилот е забавен и хумористичен.

Блогот е релативно нов, но веќе брои 20-ина сеопфатни постови. На блогов ќе најдете вакви наслови: „Манифест на една шмизла“, „сексот и шмизла“, „дали девојка ти е шмизла???“, „фати шмизла во 11 чекори... а немаш кеш“ итн. Првите коментари на посетителите на блогот се позитивни, иако некои сигурно нема секогаш да се согласуваат со напишаното. Како и да е, на темата и е пристапено со сериозност и длабочина, па може да очекуваме дека овој блогер ќе потрае на сцената.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски
Адреса: smizla.mk

29 август 2008

Надмостување на јазот помеѓу РСС полињата и имејл пораките

РСС полињата се карактеристика на вебот од поново време и не многу корисници се служат со нив. Се работи за опција која повеќето веб-сајтови ја имаат, а овозможува константно информирање за содржините кои тие ги нудат во вид на кратки најави. „Фид мај инбокс“ е сајт кој има за цел да им биде од корист на оние луѓе кои не сакаат или пак не знаат да користат РСС и слични полиња, а сакаат да ги користат придобивките од таквите формати за добивање редовни информации. На овие, им се нуди можност да ги добиваат ваквите информации во вид на имејл пораки.

Креаторите на сајтот велат дека само 3% од целата интернет популација ги користи овие формати и дека е штета останатите 97% да бидат исклучени од можноста за користење на технологијата. Во делот за опис на начинот на функционирање може да се види каква е постапката за користење на сервисот, а добро е што во случај на премислување, ќе можете да се откажете од регистрацијата за добивање пораки од РСС од одреден веб-сајт, служејќи со копчето Unsubscribe.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: нема
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.feedmyinbox.com

26 август 2008

Пребарувач за временска прогноза

Симпл ведр“ е наједноставниот пребарувач за временска состојба и прогноза за градовите од светот. Сајтовите кои нудат временска прогноза се многубројни, некои се порелевантни од други, некои нудат посеопфатни податоци, често придружени со графички и анимирани елементи итн. Сепак, обичниот човек најчесто го интересира моменталната и идните температури, како и општата временска состојба, ако ништо друго за да би знаел како треба да се облече наредниот ден. Симп ведр го овозможува токму тоа. Ослободен од секакви додатоци како фотографии, мапи и сл., работи едноставно на принципот на внесување поштенски код или име на град, по што веднаш ги враќа бараните резултати. Покрај за актуелниот ден, понудена е временската состојба за наредните пет дена, прикажана на ултра едноставен начин.

Пребарувачот ја користи базата со информации од веб-сајтот њњњ.цустомњеатхер.цом, така што јасно е од каде потекнуваат резултатите кои тој ги презентира. Една исто така интересна можност која ја нуди сајтот е алатката за изработка на виџет кој би можеле да го поставите на вашиот веб-сајт, лична веб-страница или блог со цел постојано да ја прикажува актуелната временска состојба за вашето место на живеење. Единствен проблем со овој додаток е што при изработката не го препознава градот Скопје, ниту останатите градови од Македонија. Грешката беше во истиот момент пријавена до сопствениците на веб-сајтот, па во очекување сме на нејзино најскоро поправање.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.simpleweather.com

25 август 2008

Изразете се кратко, динамично и оригинално

Image chef“ е веб-сајт кој овозможува една интересна онлајн активност. Имено, посетителите на овој сајт, односно неговите регистрирани корисници имаат можност да создаваат оригинални слики и кратки анимирани презентации кои можат да се искористат за најразлични цели. Сајтот е од забавен карактер и е од оние сајтови на кои трошите малку време за да им ја сфатите суштината, а многу повеќе време играјќи си со понудените опции.

Идејата е да создадете сопствена анимација или слика, користејќи некои од многуте понудени, некои веќе анимирани шаблони, да ги додадете саканите слики и текст и производот да го зачувате на вашиот компјутер, да го публикувате некаде онлјан или да го испратите некому преку имејл. Последниве две варијанти можат особено да ви се најдат доколку имате практика да им изразувате чувства, да им пренесувате необични пораки или да им честитате на вашите блиски за некоја годишнина, роденден, венчавка или друга пригода.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски, турски,
шпански, француски, италијански,
германски, португалски
Политика за приватност: има
Адреса: www.imagechef.com

22 август 2008

Монтирајте видеа онлајн

Изработката на сопствени видеа може да биде многу едноставна, но и многу сериозна работа. Сепак, специјалните вештини за постигнување ефекти кои ги гледаме на филмовите, ќе им ги оставиме на големите професионалци. Најчесто, за домашна употреба, доволен би ни бил некој едноставен софтвер, кој можеби и веќе се наоѓа инсталиран на компјутерот. Софтверите од своја страна можат да бидат посериозни за работа и поедноставни, но во секој случај наједноставна варијанта за креативните лаици во областа на видео обработка е користење на онлајн алатка за таа цел.

One True Media“ е веб-сајт кој овозможува едноставно креирање на видео и негово инстантно споделување со светот. Целата постапка се одвива онлајн и во неколку чекори. Најпрво треба да ги додадете саканите слики и видеа кои планирате да станат дел од вашето ново оригинално видео. Потоа се избираат стилови, транзиции, музика и се додава текст. На крајот едноставно се публикува онлајн по што станува достапно за сите преку јавната видео галерија на сајтот. Галеријата е уредна, категоризирана и може да биде извор за инспирација за новите видео монтажери.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.onetruemedia.com

Портфолиото на Паоло Бокарди

Доколку сте фотограф, дизајнер на мебел, музички артист или било каков создавач на уметност, треба да размислите за своето претставување пред остатокот од светот. Портфолиото не е форма на себепрезентирање и пред се, на презентирање на плодовите од вашата работа која се родила скоро, но онлајн портфолијата се од поново време и веќе многу актуелни и распространети на вебот.

За да видите како треба да изгледа едно онлајн портфолио, најдобро е идеја да добиете гледајќи ги најдобрите портфолија на уметниците кои својата работа, на светот му ја претставуваат преку интернет.

Едно такво одлично портфолио претставува едноставниот веб-сајт на фотографот Паоло Бокарди кој на мудар и модерен начин ги презентира своите фотографии во хоризонтална низа со ненаметлива можност за нивно поединечно гледање и во смалена варијанта.

Ако сте креативец кој нешто создава, не чекајте многу за да го создадете вашето онлајн портфолио. Понекогаш е потребно малку знаење за да се здобиете со такво. Доколку пак сте фотограф, графички или веб-дизајнер, задолжително посетете го веб-сајтот на Бокарди. Сигурно ќе сакате да го видите.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: www.fashionphotographer.it

18 август 2008

Платформа за онлајн емитување на видео во живо

Ustream.TV е платформа за емитување на видео во живо, која му овозможува на секој со камера и интернет конекција брзо и едноставно да емитува до глобалната публика.

Се што е потребно да направите, за да се започне со емитување на ваше видео, е да се регистрирате на страницата. Откако ќе се најавите, потребно е да ја поврзете вашата камера за компјутерот. Од почетниот екран на вашиот профил го избирате копчето Мои емисии (My Shows), го внесувате името на вашата емисија и го притискате копчето Емитувај сега (Broadcast Now). Ќе ви се прикаже порака со која дозволувате да се пристапи до вашата камера и потоа од конзолата го притискате копчето Започни со емитување (Start Broadcast). Со оваа постапка вие емитувате во живо!

Сајтот нуди многу опции за прилагодување на изгледот на страницата од вашиот профил, како додавање на музички плеери, галерии, анкети, прикажување на вести од други страници и слично.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: www.ustream.tv

Споделете ги алатките кои често ги користите

Соушл сорс комонс (Social Source Commons) е место каде може да ја споделите вашата листа од софтвер кој веќе го користите, да добиете знаење и поддршка и да откриете нови алатки. Тоа е местото каде може да запознаете луѓе со исти интереси како вас и да добиете одговор на прашањето: Кои се алатките кои тие ги користат?

За да се прегледува содржината на овој сајт не е потребна најава, но доколку сакате да креирате сопствена листа ќе мора да креирате профил. Ако се решите да придонесувате за овој сајт, тогаш секоја информација којашто ќе ја објавите ќе биде достапна јавно, ќе биде зачувана засекогаш и ќе биде поврзана со вашето име и било која друга лична информација која ја имате наведено при регистрација.

Пребарувањето на алатки е возможно на неколку начини. Може да пребарувате преку клучен збор, тагови, автор, популарност, најнови алатки, листа од алатки за некоја намена... Целиот сајт нуди одлична навигација и брз пристап до најновите и најпопуларните објавени алатки.

Сајтот нуди опција за генерирање на автоматски код за вметнување на одредена листа со алатки на вашиот сајт или блог.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.socialsourcecommons.org

Книги од јавен домен во аудио формат

ЛибриВокс (LibriVox) е сајт каде со помош на волонтери се снимаат поглавја од книги од јавен домен и потоа се објавуваат на интернет како аудио фајлови. Сите аудио фајлови се повторно од јавниот домен и затоа може да ги користите за било која цел, бесплатно.

Овој сајт е креиран од луѓе кои ги сакаат литературата, книгите, читањето и сметаат дека јавниот домен треба да биде застапен и збогатен. Мотото на сајтот е „Акустично ослободување на книгите од јавен домен”, што тие го објаснуваат како ослободување на книгите во аудио формат.

Секој може да станете волонтер за ЛибриВокс, а за тоа не е потребно посебно искуство во снимање и аудио обработка или искуство во актерство и јавно говорење. Се што ви е потребно е компјутер, бесплатен софтвер за снимање на аудио и вашиот глас. Аудио фајловите може да бидат на било кој јазик.

Сајтот нуди одлично пребарување и брз пристап до аудио формат од одредена книга. Постојат и детални упатства како за корисниците, така и за волонтерите на овој сајт.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.librivox.org

05 август 2008

Малечки веб-адреси

„Тајни урл“ (буквално: „малечка веб-адреса“ - анг.) е сервис кој овозможува правење кратки алијаси преку кои се пренасочува до определени долги веб-адреси. Го основал Кевин Гилбертсон во 2002 година за лична употреба, да може да линкува кон долгите и комплицирани адреси од постови на њузгрупи, по што го дал и на располагање на јавноста.

На насловната страница на веб-сајтот има поле за внесување долга адреса, за која автоматски се создава кратенка во форма tinyurl.com/identifikator, која може да биде и по избор доколку веќе не е зафатена. Ваквите скратени форми се особено полезни за внесување во е-пошта, преку СМС, на твитер и други форми на комуникација во кои должината на пораките или линиите може да е ограничена.

Критичарите на овој систем укажуваат дека со ваквите кратенки може да се замаскираат потенцијално штетни сајтови кои инаку корисникот би можел да ги препознае од нивниот изглед. Како заштитна мерка, Тајни урл нуди и можност за претходно информирање за тоа каде води кратенката, со додавање на зборчето „preview.“ пред адресата. Така на пример, preview.tinyurl.com/tribanana ќе ве извести дека адресата tinyurl.com/tribanana води до филмче поставено на сајтот Гугл видео.


Дополнување: автоматски
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: tinyurl.com

30 јули 2008

Нов пребарувач „Кул“

„Кул“ (Cuil, се чита Cool), е нов пребарувач кој ги пребарува и рангира страниците според нивната содржина и релевантност. Пребарувањето се врши на тој начин што откако ќе се пронајде клучниот збор по којшто сте пребарувале, се анализира и остатокот од содржината на страницата, нејзиниот концепт и врските кон страницата.

Кул користи многу различен пристап за прикажување на резултатите. Наместо да прикажува листа, тој ги прикажува резултатите во три колони (ова може да се промени и во две колони). Десниот агол на врвот од страницата е резервиран за слични пребарувања, поделени во категории, кои вообичаено прикажуваат пет или десет предлози, а потоа со приближување на курсорот врз предлогот се прикажуваат подетални информации. Овие категории се прикажуваат и во јазичиња.

Една од главните предности на Кул е тоа што нуди приватност. Додека се пребарува со Кул не се собираат и зачувуваат лични информации.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.cuil.com

25 јули 2008

Дигитален архив на македонскиот јазик

Дигиталниот архив на македонскиот јазик на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика на МАНУ е наменет за промоција на ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик во дигитална форма.

Досега на веб-сајтот на дигиталниот архив на македонскиот јазик се објавени 13 дела, но со текот на времето тој ќе се надополнува со нови ракописи, материјали и ретки книги. „Со овој дигитален архив, можноста за продорот на македонскиот јазик, литература и култура во светот ќе биде зголемена, а материјалите ќе станат подостапни. Научниците, лингвистите, проучувачите на културата, историјата и традицијата на Македонија и на македонскиот јазик отсега ќе имаат пристап до ресурсите кои би им помогнале и би ги поттикнале тие проучувања, а со тоа би придонеле за поширока афирмација на македонскиот јазик во светски рамки.“

Дигиталниот архив на македонскиот јазик е бесплатен за користење, пребарување и преземање на материјалите. Објавен е под Криејтив комонс лиценцата наведи извор која сугерира наведување на изворот на преземените дела во случај на нивно објавување на други веб-локации, со што се овозможува и референцирање на податоците од самите дела кое е неопходно при научна комуникација.

Дополнување: во почетна фаза
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски и англиски
Адреса: damj.manu.edu.mk

Бидете фанки онлајн!

Бифанки“ е исклучително интересен веб-сајт кој особено ќе ви се најде во моментите на здодевност - како кога седнувате пред компјутер по навика, го отворате прелистувачот и веќе не знаете што да правите. Ова е еден од оние сајтови кои ќе ви овозможи да си играте на уникатен начин, притоа ќе ви дозволи да отидете со креативноста до незнајни граници.

Обединува неколку можности на популарните програми за графичка и видео обработка, но специфично е што тие се сведуваат на опции за „картунизирање“ на вашите фотографии. Тоа значи дека откако ќе ја изберете саканата фотографија, ќе можете да направите таа да изгледа како да е извадена од некој цртан филм или можеби повеќе, како слика од стрип. Варијанти има повеќе, а колку веродостојно ќе делува производот, најмногу ќе зависи од вас.

Покрај стандардна обработка на вашите фотографии во вид на стрип, себеси ќе можете да се сместите во некоја средина или ситуација, како всушност добивате т.н. „јуаватар“. Сработеното можете да го споделите преку имејл, како обична обработена фотографија, или пак како електронска честитка со порака, можете да го поставите на некоја од вашите страници за социјално вмрежување, да го зачувате како слика на вашиот компјутер, да го материјализирате во печатена форма или само да го зачувате во вашата „бифанки“ галерија.

Најново на „бифанки“ е најавата на опцијата за изработка на видео од различни стрип слики со можност за додавање на аудио. Оваа опција ќе ви овозможи да се почувствувате како вистински видео артист и монтажер, а во меѓувреме додека „видео картунајзерот“ да стане достапен, испробајте ги опциите кои се сега на располагање. За да добиете идеја што се можете да постигнете со „бифанки“, разгледајте ги советите, придружени со видео.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен и модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.befunky.com

22 јули 2008

Она што ви е вам важно - секогаш на дофат

Ако сте од оние луѓе кои им се радуваат на малите симпатични и практични додатоци кои го дооспособуваат интернет прелистувачот Мозила фајрфокс и имате страст кон одредена работа, хоби или пак потреба од одреден тип на информации, тогаш веројатно треба да знаете за „алот“.

„Алот“ е сервис кој е уникатен по својата природа. Нуди можност за преземање на толку различни алатници (Тоолбарс) кои се вградуваат во прелистувачот, колку што постојат различни области што тимот досега ги има покриено. Па така, се занимавате со фотографија, сакате да испробувате нови рецепти во вашата кујна, често да менувате десктоп позадини, љубители сте на некој спорт, зависни сте од новите озборувања за светските ѕвезди или едноставно ви треба попрактичен начин за редовно известување за временската прогноза - пронајдете го вашиот соодветен алот алатник.

На почетната страница досега се понудени 24 типови на содржини за кои можете да си обезбедите посебен алатник, а уште 4 други се веќе во подготовка. Кликнете на саканиот за да видите што тој ќе вклучи во вид на копчиња и полиња за пребарување кои секако ќе ви станат на дофат, доколку го преземете и инсталирате. Алатниците се специјализирани за конкретно пребарување од областа која е во интерес на корисникот, а доколку тој не е задоволен од понуденото, возможна е негова едноставна деинсталација од системот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен и модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.alot.com

21 јули 2008

Нов видео сервис за корисни содржини

Уочдуит“ е нов сервис за споделување видео содржини кој оние кои го користат истовремено и го развиваат. Овозможува поставување на нови видеа од страна на регистрираните корисници, прегледување на истите од страна на сите останати, како и можност за нивно рангирање според популарноста која ја стекнале како резултат на гласовите на посетителите. Дополнително, како што секој слободен видео сервис овозможува, и овој ја поддржува опцијата за вградување на овде поставените видеа на страниците од други веб-сајтови и блогови.

На некој начин, сајтот нуди платформа за видеата на корисниците кои немаат истите каде да ги постават. Нуди можност за споделување на забавни, но и корисни видеа, особено на оние од типот „како да направиш нешто “. Веб-сајтот претставува комбинација од најдобрите „како да направиш нешто“ видеа и оригинална, од корисниците создадена содржина со што се креира една заедница и воедно средиште за корисниците кое може да им помогне да усовршат некоја вештина, да развијат некоја нов квалитет или пак едноставно да научат нешто ново на визуелен начин.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: англиски
Адреса: www.watchdoit.com

Известувања за работите за кои сакате да бидете во тек

Еден од модерните сервиси кои ќе ви помогне да дознавате новини за одредени работи кои лично вас ве интересираат, на дневна основа и тоа сосема бесплатно, е Алертс. Регистрирајќи се на овој веб-сајт, можете да изберете за што и на кој начин да бидете известувани. Сакате да го знаете распоредот на летови од одредена локација, цените на хотелите, дневниот хороскоп, цената на бензинот, резултатите од некои спортски напревари, или да добивате потсетници за родендените на вашите блиски, како и потсетници кои претходно самите сте ги создале, а се однесуваат на некоја конкретна обврска која треба да ја исполните и многу други, се дел од информациите кои можете да ги добиете. Начинот на кој можете да ги добивате овие информации исто така дозволува избор и тоа помеѓу имејл, смс, телефонски повик на фиксна линија и РСС, со напомена дека македонските оператори се уште не се поддржани. Ова малце може да делува разочарувачки, но сервисот и понатаму може да биде корисен. Ако ништо друго, препорачајте им го на вашите роднини и пријатели со привремен или постојан престој во странство. Може да биде одличен за времето во кое живееме и максимално да ги задоволува нашите потреби од информации за кои најчесто немаме време.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: ww.alerts.com

17 јули 2008

Направете линк од било кој текст

Тајнипејст“ е веројатно најпростиот, најчистиот, најненатрупаниот и најпразниот, а сепак функционален веб-сајт кој би можеле да го посетите. Неговата намена е да создава линкови од текстовите кои посетителите ќе ги ископираат во празното поле предвидено за тоа. Со кликање на копчето сабмит, текстот се зачувува во вид на линк кој директно може некаде да се употреби. Која би била потребата од тоа да правите линк од текст со посредство на веб-сајт како „тајнипејст“, кога секој веб-сајт или друг тип на документ во кој би требало да вклучите линк, сигурно и самиот го поддржува тоа, останува дискутабилно. Веројатно за подолги текстови кои не мора да бидат посебно опишани преку линкуваниот израз, ова може да биде практично решение. Дополнително, доколку некои од корисниците на новите технологии кои немаат искуство во поставувањето линкови, добијат потреба да направат некој, овој сајт би им дошол како олеснување.

Веб-сајтот кој се состои од едно празно поле за внесување текст и две копчиња од кое едното ја креира врската, а другото води кон почетната страница и позадина во градиентно сина боја е достапен, оригинален и привлечен и секако наменски. Дури и да не гледате за што може да ви се најде, посетете го чисто за да видите како функционира. Пријатно ќе се изненадите.

Доколку ви се допадне можноста што „тајнипејст“ ја нуди, истата можете да ја користите и во склоп на вашиот прелистувач Мозила фајрфокс, бидејќи е достапен во вид на екстензија за него.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: веб 2.0
Навигација: нема
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: tinypaste.com

Виртуелен свет од „Гугл“

Гугл“ неодамна лансираше нов експериментален проект под името „Лајвли“ кој овозможува виртуелен живот во тридимензионален свет во кој жителите можат да се дружат и да четуваат.

„Лајвли“ не е нова идеја која досега не е видена на вебот. Жителите на т.н. „секнд лајв“ (втор живот) знаат што значи да се живее во виртуелен свет уште пред неколку години, а и корисниците на модерните видео игри се сведоци на едно такво доживување. Сепак, новиот експеримент на гугл, додава една поинаква компонента на можностите за комуникација помеѓу интернет корисниците кои досега не се служеле со друг сервис сличен на овој.
За да станете жител на „Лајвли“, најпрво треба да го инсталирате софтверот на вашиот компјутер, после што можете да почнете да го градите вашиот изглед и имиџ, додавајќи му на вашиот аватар анимирани емоции, гестикулации и карактеристики. Потоа можете да изберете соба во која ќе влезете за да почнете интеракција со тамошните жители. Доколку не ви се допаѓа изборот, едноставно напуштете ја собата и појдете на пример на некој остров.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен и едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.lively.com

14 јули 2008

Сервис за комуникација со себеси и со остатокот од светот

Брзото време во кое живееме наложува темпо на извршување на обврските кон кое сите мораме постојано да трчаме за да не заостануваме. Во таа трка со времето, голема е веројатноста да забораваме на одредени важни работи кои треба да ги направиме или пак да ги пренесеме на некој друг. Доколку се препознавате во погорните зборови, „Сендбл“ е вашиот спас. Тоа е бесплатен онлајн сервис кој овозможува неколку важни и корисни работи кои можете да ги завршите од едно место, а ќе ви понуди и евиденција за направеното во секое време.

Накратко, сендбл овозможува праќање на имејл, смс и пораки на сајтовите за социјално вмрежување низ едноставна, кратка и бесплатна постапка. Овие пораки можете да ги испратите веднаш во моментот на нивното создавање или пак да ги закажете за некое идно време. Сервисот функционира за сите или повеќето земји во светот, меѓу кои и за Македонија.

Понатаму, можете да си водите лични забелешки, да си меморирате потсетници, да ги групирате онлајн контактите итн. Особено интересна е можноста за изработка на лични реклами кои ќе се додаваат во склоп на пораките кои ги испраќаат корисниците на „снедбл“, секогаш кога клучните зборови употребени во рекламата ќе се поклопат со содржината на пораката.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: sendible.com

09 јули 2008

Терминологија

Терминологија“ претставува проект кој им е наменет на корисниците кои и самите можат да придонесуваат кон неговиот развој. Претставува локација на која може да се најде различна терминологија вклопена во различни речници, а посетителите кои ќе решат да регистрираат членство, ќе добијат право да гласаат за поимите, да оставаат коментари, како и самите да започнат свој проект-речник и истиот да го исполнуваат со термини, или да дополнуваат некој кој е веќе креиран.

Сајтот моментално го сочинуваат 13 речници. Некои од нив се: информатичкиот речник, речникот за превод од српско-хрватски на македонски јазик, речникот кој го содржи македонскиот превод на КДЕ, философскиот речник итн. Над 100 000 зборови се сочинети во овие и во останатите досега понудени речници.

Целните области и различните јазици се посебно истакнати на почетната страница од каде директно може да им се пристапи, а пребарувачот овозможува барање на термин вклучен во речникот кој е моментално назначен.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: македонски, англиски
Адреса: terminologija.org.mk

08 јули 2008

Лепенки за вашите омилени веб-страници

Со порастот на бројот на веб-сајтови, се зголемува и нашиот избор на оние кои ни се допаѓаат или кои можат за нешто да ни користат во иднина. Доколку би требало да ги помниме адресите на сите нив, многу би се оптоварувале, особено ако ги земеме во предвид веб-адресите на страниците кои често се долги и дури нелогични. За среќа, од тоа потреба нема. Секогаш можеме да одбележиме некоја адреса на веб-страница чија содржина ни се допаднала со нејзино сместување и организирање во листата на омилени страници. „Мајстикис“ оди еден чекор понатаму.

Според креаторите на веб-сајтот „мајстикис“, интернет корисниците често ги одбележуваат страниците на интернет, на кои кога ќе се навратат во иднина не знаат зошто го направиле тоа во прв момент. Тие велат дека многу попрактична е можноста која ја нуди „мајстикис“. Имено, со помош на нивниот онлајн сервис на кои треба бесплатно да се регистрирате за да го користите, вие можете да лепите дигитални ливчиња со забелешки директно на страниците. Така, кога ќе се вратите на таа страница подоцна, ќе можете да видите кои биле причините поради кои сте ја одбележале. Вашата онлајн сметка ќе ви овозможи да ги прегледувате само вашите забелешки или пак веб-страниците со забелешките доколку истите сакате да ги преуредите.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.mystickies.com

07 јули 2008

Глобал војсис на македонски и албански јазик

Глобал војсис онлајн е меѓународна мрежа составена од блогери која обезбедува резимеа на тоа што се случува во блогосферата во различни краишта на светот. Нејзина основа е непрофитен веб-сајт кој се хостира на Универзитетот Харвард. Две основни цели на мрежата се да се овозможи развој на "блогери-мостови" кои обезбедуваат врски помеѓу два јазици или култури, како и развој на алатки и ресурси за остварување на првата цел.

Од неодамна, Фондацијата Метаморфозис почна да обезбедува превод на дел од постовите на македонски и албански јазик, со цел да се задоволи потребата на граѓаните на Македонија за интернет-содржини на локалните јазици и зголемување на степенот на информираност и граѓанско учество.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: PHP
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: нема (тазе)
Јазик: македонски и албански
Адреса: mk.globalvoicesonline.org
и sq.globalvoicesonline.org

Прелистувач на модерниот веб

Интернет корисниците кои активно ги користат разните сервиси карактеристични за новиот веб, сигурно трошат значително време за пријавување на секој од нив, поставување на нови содржини, нивно споделување со пријателите и сл. Секако, ова за нив претставува задоволство, но секоја алатка која може да помогне во скратување на потребното време за овие работи, за секој од нив е повеќе од добредојдена. Корисниците кои веќе се служат со интернет прелистувачот Мозила фајрфокс и се заљубени во новите можности на вебот, па и зависни од нив, сигурно ќе го сакаат „Флок“. Тоа е интернет прелистувач кој го вклучува Мозила фајрфокс и повеќе од 90 онлајн сервиси кои можат да се користат директно од него.

Сајтот кој треба да го посетите за да го набавите „флок“, веднаш ќе ви ги предочи можностите заради кои брзо и без размислување би сакале да мигрирате кон овој прелистувач. За таа цел, најдобро посетете ја категоријата за помош од каде ќе имате можност низ неколку кратки видео клипови да се запознаете со она што подоцна ќе ве очекува доколку се решите да го преземете и инсталирате „флок“. Накратко, тој ќе ви овозможи се да работите од едно место: да споделувате фотографии со пријателите од различни сервиси за социјално вмрежување, како и линкови, текст и сл. со едноставно влечење и пуштање. Поддржаните блог и имејл сервиси ќе ви овозможат попријатно објавување на нови постови и редовно информирање за новата електронска пошта, соодветно. Комбинирајте ги насловите од различните РСС фидови, прикачувајте по 1000 фотографии одеднаш на некои од популарните сервиси за таа намена, прегледувајте ги мултимедијалните фајлови без да го напуштите вчитаниот сајт итн.

Најновиот „флок“ ја вклучува и најновата верзија од Мозила фајрфокс 3.0

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: www.flock.com

Најдобриот софтвер на едно место

Фајлхипо“ е веб-сајт со едноставен концепт и одлична функционалност. Неговата идеја е да го понуди најдобриот и најнов софтвер на едно место. Посетителите можат да се служат со вградениот пребарувач доколку бараат конкретен софтверски производ или пак да посетат одредена категорија со цел да стигнат до софтверот кој може им заврши работа.

Дизајнот е едноставен и јасен. Никој овде не би лутал за да го најде она што го бара. Специфично за фајлхипо е што тој не нуди само бесплатен софтвер, туку софтвер кој е најдобар за она што е наменет. „Фајлхипо“ се труди да понуди квалитет, што е и една од причините за недозволеното пријавување на софтвер од страна на развивачите. Тие самите редовно го скенираат вебот и го прават дел од „фајлхипо“ се што е ново и добро. За секое парче софтвер следува краток, но детален опис, како и можност за преземање на постарите верзии од истото.

Најнов хит на „фајлхипо“ е можноста за инсталирање на софтверскиот проверувач за нови верзии со помош на кој можете да го скенирате вашиот компјутер за да видите дали постои нова верзија која би можеле да ја инсталирате наместо наместо некоја од старите кои се веќе инсталирани на вашиот компјутер.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: filehippo.com

04 јули 2008

Каде е најевтино?

Интернет зависниците понекогаш претеруваат во своите очекувања и барања, па се обидуваат да најдат информации и за она за што не е толку веројатно да се најдат. Заради ова не може и не треба да им замеруваме, бидејќи се повеќе информации можат да се најдат на глобалната мрежа, па дури и кога станува збор за оние презентирани на македонските веб-сајтови. Najevtino.com е еден нов веб-производ кој допринесува во таа насока.

Najevtino.com е пребарувач на најниски цени на производи од областа на компјутерите, ТВ и видео опремата, телефонијата, потоа пребарува камери и фотоапарати и апарати за домаќинство. Притоа, најевтино.цом не е онлајн продавница, туку само сервис за споредба на цените на производите кои се придружени со опис. Доколку сте заинтересирани за купување, можете да кликнете на логото на соодветната продавница по што ќе бидете пренасочени на нејзиниот сајт па оттаму послужете со достапните можности од тој тип.

Пребарувањето може да започне со избор на категоријата во која би и припаѓал производот што ви треба и стеснување на изборот со помош на соодветните поткатегории за да се добие листа на сите производи од тој тип. Алтернативно, може да се користи опцијата за пребарување според еден или повеќе клучни збора кои се впишуваат во полето за пребарување и кои можат да се врзат со помош на операторите „И“ и „ИЛИ“ заради прецизирање на пребарувањето.

Najevtino.com соработува со неколку фирми, но нивниот број како и палетата на производи за кои може да се пребарува во иднина ќе се зголемуваат. Сега за сега, сајтот е функционален и лесен за навигација и користење. Му треба извесно графичко дотерување и отстранување на печатните грешки во деловите кои го објаснуваат, како би добил повеќе на сериозност.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски и англиски
Адреса: www.najevtino.com

Глогирање - нов начин на изразување за младите

Глогстер“ е веб-сајт наменет за себеизразување на кој најмногу ќе му се радуваат помладите. За разлика од блогирањето кое подразбирање редовно или повремено искажување на своите мислења, верувања, ставови, презентирање на информации или изразување на лични интереси притоа запазувајќи одредена постапка и примена на скромни знаења, глогирањето повеќе наликува на лепење сликички на лист од блок при што како резултат се добива еден колаж-постер со кој корисникот се претставува себеси пред останатите. Како содржини на постерот може да се најдат статични и анимирани сликички од јавните галерии, сопствени слики и видеа на корисниците, прошарени, уредени со сенки, бои и стилови по желба, текст пораки и сл. и сето тоа графички уредено на уникатен начин поставено на некоја од забавните глог позадини.

Пред да се зачлените на „глогстер“, пробајте да видите што значи изработката и одржувањето на свој глог - заразно е, едноставно е и крајно интересно. Можете да одржувате повеќе свои глогови и истите да ги споделувате со останатите поставувајќи линкови на вашите профили на „мај спејс“, „фејсбук“, „оркут“ и др.

Дополнување: често
Брзина: средна
Функционалност: одлична
Дизајн: вессел, модерен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.glogster.com

03 јули 2008

Овековечување на радосните моменти од развојот на вашето бебе

Бејбиспот е веб-сајт за споделување на скапоцените моменти од развојот на вашето бебе. Новиот живот во домот на едно семејство сам по себе претставува огромна радост. Најчесто родителите сакаат да ја споделат таа радост со своите пријатели, роднини и колеги кои живеат или блиску до нив или на другата страна на светот.

На бејбиспот можете да си изработите свој профил кој ќе го исполнувате со слики, видеа и општи информации за вашето бебе. Поставените слики можете да ги обработувате и да ги направите јавни или пак приватни. Слично се постапува и со видеата кои можете да ги поставите директно од вашиот компјутер. Поврзете се со други родители-корисници на бејбиспот и разменете искуства и знаења. На крајот, поканете 10 ваши блиски луѓе по пат на имејл за да добијат пристап до вашето бебешко онлајн катче со кое сигурно ќе се гордеете.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: бебешки
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.babyspot.com

Форво - заедница за изговарање на зборовите

Форво“ е веб-сајт кој ја носи етикетата Бета што означува негова функционалност додека се уште е во фаза на развој. Најдобро се опишува со паролата која со себе ја носи: Форво: сите зборови на светот - изговорени. Се работи за веб-сајт кој го одржуваат и полнат неговите корисници. Наменет за е поставување на зборови на било кој јазик за кој може, но и не мора да се обезбеди изговор. Доколку се постави зборот само во пишана форма, истиот ќе се најде во листата на чекање, од каде некој друг може да ја заврши работата до крај. Секако, за да овозможите аудио форма за поставените зборови, најпрво мора да го знаете нивниот точен изговор како и да го исполнувате техничкиот услов кој подразбира поседување на микрофон. При поставување на зборовите, дополнително можете да внесете и описни зборови заради можноста за нивно поедноставно и попрецизно пребарување.

„Форво“ досега поседува база од над 60 000 зборови, од кои за повеќе од 20 000 е обезбеден аудио изговор. Овие зборови им припаѓаат на вкупно 184 јазици кои се зборуваат во светот.

Практично е што постапката за поставување на нови зборови е лесна и кратка, а уште попрактична е можноста за преслушување на поставените зборови, за кои не е потребна ниту регистрација, ниту дополнителен аудио плеер кој за потребите на други слични сервиси, вообичаено би требало да го отворите за да би го слушнале изговорот.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: чист, едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: forvo.com

Македонски едукативни содржини за изработка на комјутерски ресурси

Фотошопмк“ е веб-обид за презентирање на корисни содржини од едукативен карактер кој нуди конкретни начини и постапки за изработка на графички и веб елементи и слични решенија кои се важни за луѓето кои творат во дигиталниот свет.

Според името на сајтот, како и според типот на содржини кои преовладуваат, може да се забележи дека едукативните лекции претежно се однесуваат на некои графики кои можат да се изработат со помош на софтверот за графичка обработка од Адоуб - Фотошоп. Содржините се групирани според техниката која треба да се употреби, а се состојат од текст пропатен со соодветни слики кои на тој начин ја доловуваат постапката за изработка на конкретното дело. Досега достапните содржини не се којзнае што, но на сајтот треба да му се даде шанса и треба да се поздрави желбата за споделување знаење од овој вид.

Менито, покрај категорија за Фотошоп содржини, содржи и категории за лекции за Flash, HTML и CSS, Dreamweaver, PHP, но во повеќето од овие содржините се или скромни или се уште ги нема. Сајтот располага со свој форум кој може да се користи за комуникација помеѓу членовите, уредна статистика која го презентира бројот на посети за секоја поединечна содржина, простор за оставање коментари и можност за гласање за квалитетот на содржините и сл.

Фотошопмк е можеби уште еден веб-сајт кој сега за сега делува како да му треба уште многу работа за да добие на сериозност и значење, но истовремено е и сајт во кој доколку се вложи повеќе време и труд, може да биде корисна локација за голем број на интернет корисници.

Дополнување: скоро секојдневно
Брзина: средно
Функционалност: одлчна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски
Адреса: photoshopmk.com

27 јуни 2008

Алатка за едноставна изработка на веб-сајтови

Гугл сајтс“ е онлајн алатка за изработка на веб-сајтови која е лесна за употреба и бесплатна за користење. Сите корисници на џимејл кориснички адреси, треба да се регистрираат на овој сајт после што веднаш можат да започнат со креирање и обработка. Постапката е толку кратка и едноставна што нема да забележите кога сте го создале вашето онлајн веб-дело.

Некои од опциите при креирањето на самиот сајт, како и при создавањето на содржините подразбираат задавање на име и адреса за пристап до веб-сајтот, избор на саканиот изглед, додавање на слики, текстови, линкови, табели, цели фајлови, коментари, како и дополнителни веб-страници кои ќе бидат достапни преку менито итн.

Дополнувањето со содржини е многу едноставно и наликува на работа во софтвер за обработка на текст од типот на Microsoft Office Word или OpenOffice.org Writer. За да добиете појасна претстава како можете да ја искористите оваа алатка, погледнете го приложеното видео кое детално ќе ви ја објасни постапката за креирање на сајтот и исполнувањето со содржини, а благодарение на додатоците кои можете да ги вметнете, сајтот можете да го користите за забележување идни активности и настани во календар, за споделување текст документи, графикони и презентации со вашите колеги или соработници во некој проект, за интерно информирање во рамките на една фирма, за еднонасочно известување од истражувачка или едукативна работа, за фамилијарна употреба итн.

Важно е дека креираниот сајт може да се користи само за лична употреба, на пример за водење на некаква евиденција или за чување на работните фајлови и сл, може да се сподели со одредени луѓе или пак да биде јавно достапен за сите.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: одлчна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: sites.google.com

25 јуни 2008

„Твоја музика“

Твоја музика“ е еден од поновите македонски веб-производи кој нуди поинакви веб-доживувања од оние на кои сме досега навикнати. Имено, се работи за веб-сајт чија цел е споделување на македонска музика помеѓу неговите корисници или пак помеѓу сите негови посетители. Не навлегувајќи во правната исправност на начинот на кој се споделуваат содржините, бидејќи никаде не е наведено дали авторите на песните и нивните изведувачи се согласни со таквиот начин на онлајн промоција, „твоја музика“ е место кое нуди голем избор од производите на македонската музичка сцена.

Сајтот функционира по принципот на регистрирање и поставување на песни за која работа на располагање има по 1GB за секој член. При поставувањето, регистрираниот корисник може да одбере чување на поставените песни за лична употреба, нивно споделување со останатите регистрирани членови или пак споделување со секој посетител на сајтот.

„Твоја музика“ во времето на пишување на оваа рецензија броеше 1764 корисници кои на било кој начин допринесуваат за активностите кои се одвиваат на овој сајт. Зачленетите корисници дополнително можат да одржуваат свои блогови како алатки за промоција на ресурсите кои ги споделуваат.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: обичен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски
Адреса: www.tvojamuzika.mk

23 јуни 2008

Вашиот Windows како Macintosh

Доколку сте од оние компјутерски корисници кои секогаш сакаат некакви визуелни промени на работната површина, менијата, курсорот, прозорците, звуците итн. или пак сте фанови на изгледот на Mac OS X оперативните системи, тогаш добро е да го знаете овој веб-сајт: www.flyakiteosx.com.

Од овој сајт можете да преземете таков софтверски додаток кој ќе ви овозможи трансформација на вашиот Windows оперативен систем во Mac OS X. Притоа се работи за визуелна трансформација, што значи дека вие и понатаму ќе работите на Windows, но тој ќе изгледа како Mac OS X.

Доколку не сте запознаени со Mac OS X од претходно, а сакате да направите промена, проверете ја категоријата ScreenShots каде ќе најдете неколку слики кои ќе ви го доловат тоа. За да знаете пак со што си имате работа, посетете ја категоријата на најчесто поставувани прашања (FAQ). FlyakiteOSX е името на софтверот кој ќе треба да го инсталирате доколку се одлучите на оваа промена, а истиот е сосема бесплатен. Софтверот можете да го искористите како надградба за Windows доколку користите некоја од верзиите за XP или 2003, додека неподржана е надградба за Windows Vista, како и за 64-битните верзии. Во продолжение, можете да ги прочитате конкретните инструкции за инсталација на додатокот и неколку совети кои треба да ги земете во предвид доколку ви се јави проблем.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: обичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.flyakiteosx.com

За љубителите на телевизиските серии

Дали сте љубители на ТВ серии? Гледате се и сешто или пак одредени серијали без кои не можете да си го замислите денот?! Правите секакви напори да ги добиете најновите епизоди пред сите останати, само за да бидете помеѓу првите кои ќе дознаат што се случило со некој од ликовите во вашата омилена серија. Ако се препознавате во овој опис или пак понекогаш сакате да следите ТВ серијали независно од нивното емитување на нашите телевизии, може да ви биде од корист „Пријеводи-онлајн“. Тоа е сајт кој го одржуваат неговите посетители со поставување преводи за повеќе или помалку популарните или некогаш популарни серии.

Од друга страна пак, на корисниците им е овозможено бесплатно и едноставно преземање.
На овој сајт му недостасува пребарувач, но постои посебна листа на сите ТВ серии за кои постојат преводи на оваа локација, така што овде е згодно да се примени функцијата за пребарување во рамките на една страница која ја овозможуваат прелистувачите. Откако ќе се кликне на името на серијата, може да се избере сезоната за која на крајот треба да се посочи саканата епизода. Сите достапни преводи на сите достапни јазици се спакувани во еден архивски фајл кој по отпакувањето ќе ви овозможи да го најдете и изберете саканиот превод.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: солиден
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: српски
Адреса: prijevodi-online.org

19 јуни 2008

Титлувајте филмови онлајн

Поставувањето преводи на филмови вообичаено бара одредени технички предзнаења, користење на специјален софтвер за таа намена и одредено време за таа работа да биде комплетно завршена.

Една од карактеристиките кои го одликуваат новиот веб е преоѓањето од тешки софтверски апликации за офлајн работење кон лесни и едноставни онлајн алатки кои на корисникот му овозможуваат целосно работење, зачувување и споделување од една веб-локација.

Една таква алатка која е особено корисна кога станува збор за титлувањето филмови е „дотсаб“. На веб-сајтот кој стои во функција на оваа алатка може да се поставуваат филмови со различно времетраење и тематика. За истите потоа треба да се изработи титл на јазикот кој се користи во видеото и притоа да се назначи кој е тој јазик. Посетителите на „дотсаб“ потоа можат да одберат некое од поставените видеа и да го преведат на својот мајчин или пак на некој друг јазик. На тој начин, еден видео материјал станува достапен за повеќе луѓе од светот кои разбираат различни јазици.

Сајтот има многу пријателски изглед и бара сосема малку истражување за да се почне со придонесување, а нуди и многу едноставна помош за користење достапна во аудио формат.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
(за секое видео поедниечно)
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: dotsub.com

18 јуни 2008

Облаци од зборови

Интернетот почна да нуди навистина корисни, но и чудни, па дури и непотребни можности. Една можност која не би ја сместиле ни ваму, ни таму, нуди веб-сајтот „wordle“. Тоа е таков сајт кој на корисниците им овозможува создавање на облаци од зборови кои самите ќе ги наведат.

„Wordle“ е еден едноставен веб-сајт кој ќе одземе многу малку од вашето време, а притоа како производ ќе ви понуди нешто што ќе биде плод на вашата креативност потпомогната од опциите кои поголемиот дел од работата ќе ја завршат наместо вас.

Имено, „wordle“ ви овозможува без потреба од поминување низ некаква постапка за регистрација, да ја наведете саканата количина и саканиот избор на зборови од кои автоматски ќе ви биде креиран некаков уникатен шаблон со одреден распоред, бои на буквите и на позадината. Производот уште веднаш можете да го прилагодите според вашите потреби и креативност, па така, можете да го смените фонтот на буквите, ориентацијата на зборовите, боите и сл. Готовиот производ можете да го испечатите, зачувате како PDF документ или како слика која рачно ќе ја направите со помош на опцијата за фаќање слика од екран (screenshot). Ако ништо од ова не ви е потребно, зачувајте го производот во јавната галерија.

„Wordle“ сигурно нема да ви треба за секојдневна употреба, но доколку се занимавате со некаква креативна работа која подразбира избор на интересни визуелни стилови, е онлајн алатка која можете да ја имате во предвид. Како голем недостаток ќе ја истакнеме неможноста за работа со кирилични букви.

Сајтот е објавен под Криејтив комонс лиценца.

Дополнување: зависно од
корисниците на сервисот
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: wordle.net

16 јуни 2008

Парче од природата на вашиот десктоп

„Она што секојдневно го гледаме може да влијае на нашето расположение и состојба на умот. Разубавете си го вашиот декстоп со позадина која претставува креација на десктопографи (Desktopography) и почувствувајте го мирисот на природата и присуството на надворешниот свет на вашиот компјутер. Доведете ја спокојноста на вашиот десктоп, почувствувајте ја дивината и дадете и на вашата позадина да вдише од свежиот воздух.“ Ова се зборовите кои ќе ве пречекаат на веб-сајтот „десктопографи“. Повеќе од јасно е дека овде ќе најдете десктоп позадини со мотиви од природата, па доколку ви фалеше ваков сајт, престанете повеќе да барате. Изборот на десктопографи не е голем, но е единствен.

„Десктопографи“ е непрофитен веб-проект кој започнал во 2005 година и се уште трае. Тоа е место на кое ќе најдете избрани десктоп позадини со типолошки мотиви зад кои стојат докажани дизајнери. Галериите се организирани според годината на креирање, а самите слики претежно се понудени во повеќе големини.

Доколку пак предизвик ви претставува дизајнирањето на вакви позадини, пополнете ја контакт формата и пријавете се за да го дадете својот придонес.

Дополнување: годишни галерии
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: дизајнерски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: desk08.customize.org

Занимливости за сечиј вкус

Скоро и да нема човек кој нема да се заслуша доколку на телевизија кажуваат некоја необична занимливост, било да е поврзана со медицината, вселената, здравјето или технологијата. Оние пак, кои се повеќе интернет активни, дефинитивно ќе потрошат некоја минутка да прочитаат текст со ваква содржина доколку случајно налетаат на таков или пак некој директно ги упатил на таква веб-локација. Не барајте некој да ви каже занимливост, бидете вие првите кои ќе го споделат тоа со пријателите. Еден од многуте блогови кои се занимаваат со ваква или слична тематика е и „Токсел“.

Прочитајте за новите клупи на вртење кои обезбедуваат сува површина после дожд, за дигиталните вибрирачки прстени кои реагираат на звук и им се наменети на глувите луѓе, за компјутерските глувчиња на дување, погледнете ги 14-те нови инспиративни начини на рекламирање, џиновските јајца на око во Холандија, уметностите направени од лего коцки, суши и гуми за џвакање и сл. Ако конкретно ве интересираат занимливости од областа на технологијата, дизајнот или инспиративноста, постете ја соодветната категорија за да ги филтрирате ваквите содржини или послужете се со пребарувачот за да најдете некоја конкретна информација.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: www.toxel.com

09 јуни 2008

Фотокино клуб Тетово - „Чкрап!“

Фотокино студиото во Тетово е основано од група ентузијасти - фотографи од овој град во 1980 година, тогаш функционирајќи во рамките на домот на културата во Тетово. Во 1995 година, заради непријатните околности во Македонија и Тетово од почетокот на овој век, фотографите останаа без простор за работа и место за изложување на фотографиите. Во 2003 година, поранешните членови на студиото го формираа Фотокино клубот „ТЕТОВО“ кој набргу потоа го смени името во Фотокино клуб „Чкрап!“ од Тетово. Веб-сајтот „чкрап“ е во функција на клубот и на многу соодветен начин ја пренесува работата и креативноста на неговите членови.

Најпрво би ја истакнале уредноста како карактеристика која позитивно влијае на добивање убав прв впечаток при посетата на сајтот. Овде можете да прочитате кои се луѓето кои стојат зад целата работа, како тие се развиле во тоа што се итн. За сите нови информации поврзани со фотографијата, можете да читате во категоријата вести, додека календарот на настани може да ви помогне да лоцирате некоја информација која се однесува на некој настан од минатото или некој кој треба да се случи во иднина. Настаните опфаќаат состаноци на членовите на клубот, изложби на членовите од клубот и изложби во Македонија, како и рокови за пријавување фотографии на конкурси.

Вистинско уживање ќе ви понуди галеријата преку која можете да дојдете до делата на конкретен уметник-фотограф. На овој веб-сајт можете да прочитате и за неколку стручни работи кои се поврзани со фотографијата или да се послужите со некои од понудените линкови кои можат да ви помогнат во тоа.

Како посебна целина функционира блогот „чкрап“ кој го карактеризира одличен концепт - фотографии придружени со текст.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, англиски, албански
Адреса: www.chkrap.com

„Суви икони“ - веб-сајт за дизајнери

Драјајконс“ е сервис кој го работи тим на ентузијасти во областа на графичкиот и веб дизајн и програмирањето. Целта на сервисот е да овозможи само високо квалитетни бесплатни икони и сетови од икони, како и бесплатни графики за општа употреба. Сајтот им е директно наменет на дизајнерите, софтверските и веб развивачи.

Графиките кои се понудени на овој сајт и наменети за бесплатно користење, можат да се преземаат се додека се почитуваат неколкуте услови кои ги пропишува соодветната лиценца. Доколку пак, преземените содржини планирате да ги користите за комерцијална употреба, ќе треба да ја платите комерцијалната лиценца.

Освен икони, на сајтот можат да се најдат и повеќе модерни и уникатни графики за универзална употреба. Ова место е особено препорачливо за дизајнерите, бидејќи покрај заради можноста за преземање, ваквите сајтови се секогаш добредојдени како извор на инспирација.

Веб-сајтот нуди и можност за нарачка на икони за одредена употреба.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: ултра модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: dryicons.com

06 јуни 2008

Вести за социјално вмрежување

Сервисите за социјално вмрежување се повеќе го привлекуваат вниманието на интернет корисниците. Се повеќе се зборува за нив, се повеќе луѓе ги користат, а самите се повеќе се развиваат и секако излегуваат и нови. За да бидете во тек со новините поврзани со веб-сајтовите и софтверите за социјално вмрежување, како и за да ги користите новите придобивки од нив, ви треба „мешбл“ како веб-сајт кој ако не секојдневно, барем по два-три пати во неделата треба да биде отворен во вашиот интернет прелистувач.

„Мешбл“ е и самиот онлајн заедница на луѓе кои допринесуваат на теми поврзани со новините во сервисите за социјално вмрежување. Функционира по принципот на онлајн маркетинг што до некаде ја оправдува пренатрупаноста со шарени сликички покрај вестите кои се сепак во центарот на вниманието.

Овој сајт е одличен за луѓето кои први сакаат да дознаат кои се најновите сервиси кои го окупирале веб-просторот или што ново нуди некој од нив.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: mashable.com

Блог за поезијата на Јован Котески

Оваа година уште еден македонски блог ја збогати блогосферата со корисни содржини на македонски јазик. Се работи за поетски блог. Имено, целото поетско творештво на Јован Котески е достапно на блогот jovankoteski.blogspot.com кој го одржува неговата ќерка Јасна Котеска.

Прегледно нанижани, вклопени во едноставниот дизајн, постовите на овој блог претставуваат збирки поезија или одредени поетски творби кои на читателите им овозможуваат уживање во пишаниот збор на овој поет.

Она што го одликува овој блог е неговата прегледност, јасност и прецизност. Страничната лента содржи линк до биографијата на поетот, слики, линкови до сите збирки заедно со годината на издавање, критики за неговите дела, опис на блогот и услови за користење на неговите содржини, линкови до други написи за авторот, избрани парчиња поезија на неговата ќерка, како и уредна архива на постови.

Љубителите на убавиот пишан збор воопшто и конкретно на поетското творештво на Јован Котески ќе сакаат да ја запаметат оваа веб-локација.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски
Адреса: jovankoteski.blogspot.com