27 јуни 2008

Алатка за едноставна изработка на веб-сајтови

Гугл сајтс“ е онлајн алатка за изработка на веб-сајтови која е лесна за употреба и бесплатна за користење. Сите корисници на џимејл кориснички адреси, треба да се регистрираат на овој сајт после што веднаш можат да започнат со креирање и обработка. Постапката е толку кратка и едноставна што нема да забележите кога сте го создале вашето онлајн веб-дело.

Некои од опциите при креирањето на самиот сајт, како и при создавањето на содржините подразбираат задавање на име и адреса за пристап до веб-сајтот, избор на саканиот изглед, додавање на слики, текстови, линкови, табели, цели фајлови, коментари, како и дополнителни веб-страници кои ќе бидат достапни преку менито итн.

Дополнувањето со содржини е многу едноставно и наликува на работа во софтвер за обработка на текст од типот на Microsoft Office Word или OpenOffice.org Writer. За да добиете појасна претстава како можете да ја искористите оваа алатка, погледнете го приложеното видео кое детално ќе ви ја објасни постапката за креирање на сајтот и исполнувањето со содржини, а благодарение на додатоците кои можете да ги вметнете, сајтот можете да го користите за забележување идни активности и настани во календар, за споделување текст документи, графикони и презентации со вашите колеги или соработници во некој проект, за интерно информирање во рамките на една фирма, за еднонасочно известување од истражувачка или едукативна работа, за фамилијарна употреба итн.

Важно е дека креираниот сајт може да се користи само за лична употреба, на пример за водење на некаква евиденција или за чување на работните фајлови и сл, може да се сподели со одредени луѓе или пак да биде јавно достапен за сите.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: одлчна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: sites.google.com

25 јуни 2008

„Твоја музика“

Твоја музика“ е еден од поновите македонски веб-производи кој нуди поинакви веб-доживувања од оние на кои сме досега навикнати. Имено, се работи за веб-сајт чија цел е споделување на македонска музика помеѓу неговите корисници или пак помеѓу сите негови посетители. Не навлегувајќи во правната исправност на начинот на кој се споделуваат содржините, бидејќи никаде не е наведено дали авторите на песните и нивните изведувачи се согласни со таквиот начин на онлајн промоција, „твоја музика“ е место кое нуди голем избор од производите на македонската музичка сцена.

Сајтот функционира по принципот на регистрирање и поставување на песни за која работа на располагање има по 1GB за секој член. При поставувањето, регистрираниот корисник може да одбере чување на поставените песни за лична употреба, нивно споделување со останатите регистрирани членови или пак споделување со секој посетител на сајтот.

„Твоја музика“ во времето на пишување на оваа рецензија броеше 1764 корисници кои на било кој начин допринесуваат за активностите кои се одвиваат на овој сајт. Зачленетите корисници дополнително можат да одржуваат свои блогови како алатки за промоција на ресурсите кои ги споделуваат.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: обичен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: има
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски
Адреса: www.tvojamuzika.mk

23 јуни 2008

Вашиот Windows како Macintosh

Доколку сте од оние компјутерски корисници кои секогаш сакаат некакви визуелни промени на работната површина, менијата, курсорот, прозорците, звуците итн. или пак сте фанови на изгледот на Mac OS X оперативните системи, тогаш добро е да го знаете овој веб-сајт: www.flyakiteosx.com.

Од овој сајт можете да преземете таков софтверски додаток кој ќе ви овозможи трансформација на вашиот Windows оперативен систем во Mac OS X. Притоа се работи за визуелна трансформација, што значи дека вие и понатаму ќе работите на Windows, но тој ќе изгледа како Mac OS X.

Доколку не сте запознаени со Mac OS X од претходно, а сакате да направите промена, проверете ја категоријата ScreenShots каде ќе најдете неколку слики кои ќе ви го доловат тоа. За да знаете пак со што си имате работа, посетете ја категоријата на најчесто поставувани прашања (FAQ). FlyakiteOSX е името на софтверот кој ќе треба да го инсталирате доколку се одлучите на оваа промена, а истиот е сосема бесплатен. Софтверот можете да го искористите како надградба за Windows доколку користите некоја од верзиите за XP или 2003, додека неподржана е надградба за Windows Vista, како и за 64-битните верзии. Во продолжение, можете да ги прочитате конкретните инструкции за инсталација на додатокот и неколку совети кои треба да ги земете во предвид доколку ви се јави проблем.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: обичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.flyakiteosx.com

За љубителите на телевизиските серии

Дали сте љубители на ТВ серии? Гледате се и сешто или пак одредени серијали без кои не можете да си го замислите денот?! Правите секакви напори да ги добиете најновите епизоди пред сите останати, само за да бидете помеѓу првите кои ќе дознаат што се случило со некој од ликовите во вашата омилена серија. Ако се препознавате во овој опис или пак понекогаш сакате да следите ТВ серијали независно од нивното емитување на нашите телевизии, може да ви биде од корист „Пријеводи-онлајн“. Тоа е сајт кој го одржуваат неговите посетители со поставување преводи за повеќе или помалку популарните или некогаш популарни серии.

Од друга страна пак, на корисниците им е овозможено бесплатно и едноставно преземање.
На овој сајт му недостасува пребарувач, но постои посебна листа на сите ТВ серии за кои постојат преводи на оваа локација, така што овде е згодно да се примени функцијата за пребарување во рамките на една страница која ја овозможуваат прелистувачите. Откако ќе се кликне на името на серијата, може да се избере сезоната за која на крајот треба да се посочи саканата епизода. Сите достапни преводи на сите достапни јазици се спакувани во еден архивски фајл кој по отпакувањето ќе ви овозможи да го најдете и изберете саканиот превод.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: солиден
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: српски
Адреса: prijevodi-online.org

19 јуни 2008

Титлувајте филмови онлајн

Поставувањето преводи на филмови вообичаено бара одредени технички предзнаења, користење на специјален софтвер за таа намена и одредено време за таа работа да биде комплетно завршена.

Една од карактеристиките кои го одликуваат новиот веб е преоѓањето од тешки софтверски апликации за офлајн работење кон лесни и едноставни онлајн алатки кои на корисникот му овозможуваат целосно работење, зачувување и споделување од една веб-локација.

Една таква алатка која е особено корисна кога станува збор за титлувањето филмови е „дотсаб“. На веб-сајтот кој стои во функција на оваа алатка може да се поставуваат филмови со различно времетраење и тематика. За истите потоа треба да се изработи титл на јазикот кој се користи во видеото и притоа да се назначи кој е тој јазик. Посетителите на „дотсаб“ потоа можат да одберат некое од поставените видеа и да го преведат на својот мајчин или пак на некој друг јазик. На тој начин, еден видео материјал станува достапен за повеќе луѓе од светот кои разбираат различни јазици.

Сајтот има многу пријателски изглед и бара сосема малку истражување за да се почне со придонесување, а нуди и многу едноставна помош за користење достапна во аудио формат.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
(за секое видео поедниечно)
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: dotsub.com

18 јуни 2008

Облаци од зборови

Интернетот почна да нуди навистина корисни, но и чудни, па дури и непотребни можности. Една можност која не би ја сместиле ни ваму, ни таму, нуди веб-сајтот „wordle“. Тоа е таков сајт кој на корисниците им овозможува создавање на облаци од зборови кои самите ќе ги наведат.

„Wordle“ е еден едноставен веб-сајт кој ќе одземе многу малку од вашето време, а притоа како производ ќе ви понуди нешто што ќе биде плод на вашата креативност потпомогната од опциите кои поголемиот дел од работата ќе ја завршат наместо вас.

Имено, „wordle“ ви овозможува без потреба од поминување низ некаква постапка за регистрација, да ја наведете саканата количина и саканиот избор на зборови од кои автоматски ќе ви биде креиран некаков уникатен шаблон со одреден распоред, бои на буквите и на позадината. Производот уште веднаш можете да го прилагодите според вашите потреби и креативност, па така, можете да го смените фонтот на буквите, ориентацијата на зборовите, боите и сл. Готовиот производ можете да го испечатите, зачувате како PDF документ или како слика која рачно ќе ја направите со помош на опцијата за фаќање слика од екран (screenshot). Ако ништо од ова не ви е потребно, зачувајте го производот во јавната галерија.

„Wordle“ сигурно нема да ви треба за секојдневна употреба, но доколку се занимавате со некаква креативна работа која подразбира избор на интересни визуелни стилови, е онлајн алатка која можете да ја имате во предвид. Како голем недостаток ќе ја истакнеме неможноста за работа со кирилични букви.

Сајтот е објавен под Криејтив комонс лиценца.

Дополнување: зависно од
корисниците на сервисот
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Адреса: wordle.net

16 јуни 2008

Парче од природата на вашиот десктоп

„Она што секојдневно го гледаме може да влијае на нашето расположение и состојба на умот. Разубавете си го вашиот декстоп со позадина која претставува креација на десктопографи (Desktopography) и почувствувајте го мирисот на природата и присуството на надворешниот свет на вашиот компјутер. Доведете ја спокојноста на вашиот десктоп, почувствувајте ја дивината и дадете и на вашата позадина да вдише од свежиот воздух.“ Ова се зборовите кои ќе ве пречекаат на веб-сајтот „десктопографи“. Повеќе од јасно е дека овде ќе најдете десктоп позадини со мотиви од природата, па доколку ви фалеше ваков сајт, престанете повеќе да барате. Изборот на десктопографи не е голем, но е единствен.

„Десктопографи“ е непрофитен веб-проект кој започнал во 2005 година и се уште трае. Тоа е место на кое ќе најдете избрани десктоп позадини со типолошки мотиви зад кои стојат докажани дизајнери. Галериите се организирани според годината на креирање, а самите слики претежно се понудени во повеќе големини.

Доколку пак предизвик ви претставува дизајнирањето на вакви позадини, пополнете ја контакт формата и пријавете се за да го дадете својот придонес.

Дополнување: годишни галерии
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: дизајнерски
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Адреса: desk08.customize.org

Занимливости за сечиј вкус

Скоро и да нема човек кој нема да се заслуша доколку на телевизија кажуваат некоја необична занимливост, било да е поврзана со медицината, вселената, здравјето или технологијата. Оние пак, кои се повеќе интернет активни, дефинитивно ќе потрошат некоја минутка да прочитаат текст со ваква содржина доколку случајно налетаат на таков или пак некој директно ги упатил на таква веб-локација. Не барајте некој да ви каже занимливост, бидете вие првите кои ќе го споделат тоа со пријателите. Еден од многуте блогови кои се занимаваат со ваква или слична тематика е и „Токсел“.

Прочитајте за новите клупи на вртење кои обезбедуваат сува површина после дожд, за дигиталните вибрирачки прстени кои реагираат на звук и им се наменети на глувите луѓе, за компјутерските глувчиња на дување, погледнете ги 14-те нови инспиративни начини на рекламирање, џиновските јајца на око во Холандија, уметностите направени од лего коцки, суши и гуми за џвакање и сл. Ако конкретно ве интересираат занимливости од областа на технологијата, дизајнот или инспиративноста, постете ја соодветната категорија за да ги филтрирате ваквите содржини или послужете се со пребарувачот за да најдете некоја конкретна информација.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Адреса: www.toxel.com

09 јуни 2008

Фотокино клуб Тетово - „Чкрап!“

Фотокино студиото во Тетово е основано од група ентузијасти - фотографи од овој град во 1980 година, тогаш функционирајќи во рамките на домот на културата во Тетово. Во 1995 година, заради непријатните околности во Македонија и Тетово од почетокот на овој век, фотографите останаа без простор за работа и место за изложување на фотографиите. Во 2003 година, поранешните членови на студиото го формираа Фотокино клубот „ТЕТОВО“ кој набргу потоа го смени името во Фотокино клуб „Чкрап!“ од Тетово. Веб-сајтот „чкрап“ е во функција на клубот и на многу соодветен начин ја пренесува работата и креативноста на неговите членови.

Најпрво би ја истакнале уредноста како карактеристика која позитивно влијае на добивање убав прв впечаток при посетата на сајтот. Овде можете да прочитате кои се луѓето кои стојат зад целата работа, како тие се развиле во тоа што се итн. За сите нови информации поврзани со фотографијата, можете да читате во категоријата вести, додека календарот на настани може да ви помогне да лоцирате некоја информација која се однесува на некој настан од минатото или некој кој треба да се случи во иднина. Настаните опфаќаат состаноци на членовите на клубот, изложби на членовите од клубот и изложби во Македонија, како и рокови за пријавување фотографии на конкурси.

Вистинско уживање ќе ви понуди галеријата преку која можете да дојдете до делата на конкретен уметник-фотограф. На овој веб-сајт можете да прочитате и за неколку стручни работи кои се поврзани со фотографијата или да се послужите со некои од понудените линкови кои можат да ви помогнат во тоа.

Како посебна целина функционира блогот „чкрап“ кој го карактеризира одличен концепт - фотографии придружени со текст.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: соодветен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, англиски, албански
Адреса: www.chkrap.com

„Суви икони“ - веб-сајт за дизајнери

Драјајконс“ е сервис кој го работи тим на ентузијасти во областа на графичкиот и веб дизајн и програмирањето. Целта на сервисот е да овозможи само високо квалитетни бесплатни икони и сетови од икони, како и бесплатни графики за општа употреба. Сајтот им е директно наменет на дизајнерите, софтверските и веб развивачи.

Графиките кои се понудени на овој сајт и наменети за бесплатно користење, можат да се преземаат се додека се почитуваат неколкуте услови кои ги пропишува соодветната лиценца. Доколку пак, преземените содржини планирате да ги користите за комерцијална употреба, ќе треба да ја платите комерцијалната лиценца.

Освен икони, на сајтот можат да се најдат и повеќе модерни и уникатни графики за универзална употреба. Ова место е особено препорачливо за дизајнерите, бидејќи покрај заради можноста за преземање, ваквите сајтови се секогаш добредојдени како извор на инспирација.

Веб-сајтот нуди и можност за нарачка на икони за одредена употреба.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: ултра модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: dryicons.com

06 јуни 2008

Вести за социјално вмрежување

Сервисите за социјално вмрежување се повеќе го привлекуваат вниманието на интернет корисниците. Се повеќе се зборува за нив, се повеќе луѓе ги користат, а самите се повеќе се развиваат и секако излегуваат и нови. За да бидете во тек со новините поврзани со веб-сајтовите и софтверите за социјално вмрежување, како и за да ги користите новите придобивки од нив, ви треба „мешбл“ како веб-сајт кој ако не секојдневно, барем по два-три пати во неделата треба да биде отворен во вашиот интернет прелистувач.

„Мешбл“ е и самиот онлајн заедница на луѓе кои допринесуваат на теми поврзани со новините во сервисите за социјално вмрежување. Функционира по принципот на онлајн маркетинг што до некаде ја оправдува пренатрупаноста со шарени сликички покрај вестите кои се сепак во центарот на вниманието.

Овој сајт е одличен за луѓето кои први сакаат да дознаат кои се најновите сервиси кои го окупирале веб-просторот или што ново нуди некој од нив.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: веб 2.0
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: mashable.com

Блог за поезијата на Јован Котески

Оваа година уште еден македонски блог ја збогати блогосферата со корисни содржини на македонски јазик. Се работи за поетски блог. Имено, целото поетско творештво на Јован Котески е достапно на блогот jovankoteski.blogspot.com кој го одржува неговата ќерка Јасна Котеска.

Прегледно нанижани, вклопени во едноставниот дизајн, постовите на овој блог претставуваат збирки поезија или одредени поетски творби кои на читателите им овозможуваат уживање во пишаниот збор на овој поет.

Она што го одликува овој блог е неговата прегледност, јасност и прецизност. Страничната лента содржи линк до биографијата на поетот, слики, линкови до сите збирки заедно со годината на издавање, критики за неговите дела, опис на блогот и услови за користење на неговите содржини, линкови до други написи за авторот, избрани парчиња поезија на неговата ќерка, како и уредна архива на постови.

Љубителите на убавиот пишан збор воопшто и конкретно на поетското творештво на Јован Котески ќе сакаат да ја запаметат оваа веб-локација.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, блогерски
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски
Адреса: jovankoteski.blogspot.com

05 јуни 2008

Продавница за дрворез

Интеренет-продавницата за македонски резби нуди прекрасни копаничарски производи кои може да се нарачаат преку интернет.

Арно ама, формуларите за нарачки изгледаат недовршено: корисникот сам мора да си го внесе кодот на производот, информациите се препраќаат преку обична е-пошта, нема поврзување со некој интеренационален сѕстем за наплата преку картички – „уплатата се врши директно на жиро-сметка“. Згора на тоа, странците немаат можност ни да нарачаат бидејќи формуларот на англиски не работи.

Овој веб-сајт користи рамки (фрејмови) што е лоша пракса од аспект на употребливост, оти се оневозможува директно линкување до производите, за кои впрочем и нема посебни веб-страници, ниту се категоризирани.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: недоволна
Код: ПХП
Дизајн: рамковен
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10 (тазе)
Јазик: македонски и англиски
Адреса: www.carvedwood.org
Напишано: 27.02.2008.

04 јуни 2008

Онлајн заедница за публикации

Issuu“ е место за поставување онлајн публикации. Тука можете да поставувате магазини, списанија, каталози, документи и се друго што вообичаено може да се најде во печатена форма. Тоа е место на кое вие станувате издавач. За да го поставите своето дело на „issuu“, нема да имате потреба од дополнителни трошоци, покрај оние што ќе ги направите за вашата интернет конекција и незначително потрошеното време. Регистрирајте се и поставете го вашето дело во дигитална форма пред целиот свет.

Благодарение на пребарувачот, вашето дело лесно ќе биде пронајдено од страна на посетителите, што треба да го имате во предвид и доколку сакате да го користите сервисот само како краен корисник на поставените дела. Организирајте си ги омилените публикации во вашата лична библиотека, разгледувајте ги содржините и коментирајте за она што ви се допаѓа и не ви се допаѓа.

Сервисот е згоден за луѓето кои се занимаваат со уметничка работа, бидејќи е одличен начин за поставување на онлајн портфолија. Уште поважно е што поставената публикација потоа може да се вгради на некои од популарните сервиси како „фејсбук“, „мајспејс“, „блогер“ или пак на вашиот личен веб-сајт. Прегледувањето претставува вистинско уживање. Некои од работите во кои ќе уживате прегледувајќи ги публикациите на „issuu“ се мазното прелистување на страниците, удобните опции за зголемување и намалување на сликата, можностите за скок кон саканата страница и воопшто изгледот на целиот екран додека го правите тоа.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: њеб 2.0
Навигација: минимална
Политика за приватност: има
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: issuu.com

03 јуни 2008

Сркнете квалитетна порција од македонскиот веб

Сркај“ е македонски портал во вистинска смисла на зборот. Претставува место за забава, информирање, смеење, играње игри и користење на неколку бесплатни сервиси кои дополнително ќе ве привлечат кон него.

Сакате да читате забавни и занимливи содржини напишани со неформален јазик -посетете го информативниот дел од „Сркај“ порталот. Кратките информации придружени со слика, јасно нанижани една зад друга, за кратко ќе ве направат зависни од доза сркање секој ден. Од тука, директно пренасочете се на секцијата игри каде ќе наидете на изобилие од убијци на здодевноста. Сакате да споделите некоја фотографија или слика - искористете го бесплатниот хостинг сервис за таа цел. Потоа, поставените слики ќе станат дел од јавната „Сркај“ галерија. Доколку пак сакате да добиете уникатна „Сркај“ имејл адреса, едноставно побарајте. Формата за пополнување е пократка и поедноставна од било која. И за крај, не заборавајте да ја посетите единствената „Вицотека“ која денот ќе ви го направи поведар, колку и понекогаш тоа да ви изгледа невозможно. Соодветно групирани, од посетителите оценувани, кратки и долги на секакви теми, вицовите на овој портал се без конкуренција. Оваа страница е заштитена со Криејтив комонс лиценца.

Дополнување: често
Брзина: средно
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: македонски
Адреса: www.srkaj.com

Блогот на Бојан Николов

Крапверк“ е блог кој претставува вистинско олицетворение на интересите на неговиот автор. Следејќи ја наједонставната и најпрактичната форма на објавување постови - кратки текстови, соодветно дополнети со линкови и пропратени со слики, Бојан Николов редовно ги изразува своите ставови и интереси на уникатен начин.

Блогот постои од 2006 година и досега има богата архива од постови на најразлични теми, почнувајќи од информации и импресии од разни филмски остварувања и ТВ серијали, стрипови, компјутерски игри, спортски случувања, музички албуми, корисни линкови итн. Заштитен е со Криејтив комонс лиценца и тоа со најрестриктивната форма: Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: македонски
Адреса: crapwerk.blogspot.com

02 јуни 2008

Портал за филмови

Filmovi.com.mk е, според креаторите, прв македонски филмски портал. Него треба редовно да го посетувате доколку сте зависници од информации за новите филмски остварувања и се што е поврзано со нив. Овде ќе најдете интервјуа со светските ѕвезди од филмската индустрија, официјални топ листи, рецензии, фото и видео галерии, препораки за добри филмови итн.

Главното мени изгледа како да содржи се што треба да содржи еден филмски портал, иако категориите се некако конфузно распределени. Целиот сајт делува моќно на прв поглед, но по малку разочарувачки кога ќе се продолжи со прелистувањето. Веројатно ова се должи на фактот што се работи за сајт кој постои од неодамна, па може да се очекува дека во иднина ќе биде многу пофункционален и подотеран. Голем плус е пак, што зад објавените содржини стојат автори со име и презиме.

Дополнување: често
Брзина: бавно
Функционалност: слаба
Дизајн: модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Политика за приватност: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: македонски
Адреса: filmovi.com.mk

Бесплатни содржини за мобилни телефони

Зеџ е една од најголемите и најдобрите онлајн заедници кои сервираат бесплатни содржини за мобилни телефони со помош на кои се овозможува нивна целосна персонализација. За да можете и вие да земете дел од сето ова, предуслов е само да се регистрирате и да се насочите кон некоја од категориите од јавната галерија. Овие ќе ве одведат до милиони бесплатни ринг-тонови, десктоп позадини, теми, апликации, готови мултимедијални пораки, игри и видеа. Сите содржини од јавната галерија се потполно бесплатни, а се поставени од други зеџ членови.

Покрај можноста за преземање на готови содржини, секој регистриран член може да ја искаже и својата лична креативност и да создаде некој производ со помош на интерактивните алатки. Ова и воопшто се што имате да покажете, можете да го поделите со останатите членови на зеџ, а доколку ваква потреба немате.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: www.zedge.net