04 јуни 2008

Онлајн заедница за публикации

Issuu“ е место за поставување онлајн публикации. Тука можете да поставувате магазини, списанија, каталози, документи и се друго што вообичаено може да се најде во печатена форма. Тоа е место на кое вие станувате издавач. За да го поставите своето дело на „issuu“, нема да имате потреба од дополнителни трошоци, покрај оние што ќе ги направите за вашата интернет конекција и незначително потрошеното време. Регистрирајте се и поставете го вашето дело во дигитална форма пред целиот свет.

Благодарение на пребарувачот, вашето дело лесно ќе биде пронајдено од страна на посетителите, што треба да го имате во предвид и доколку сакате да го користите сервисот само како краен корисник на поставените дела. Организирајте си ги омилените публикации во вашата лична библиотека, разгледувајте ги содржините и коментирајте за она што ви се допаѓа и не ви се допаѓа.

Сервисот е згоден за луѓето кои се занимаваат со уметничка работа, бидејќи е одличен начин за поставување на онлајн портфолија. Уште поважно е што поставената публикација потоа може да се вгради на некои од популарните сервиси како „фејсбук“, „мајспејс“, „блогер“ или пак на вашиот личен веб-сајт. Прегледувањето претставува вистинско уживање. Некои од работите во кои ќе уживате прегледувајќи ги публикациите на „issuu“ се мазното прелистување на страниците, удобните опции за зголемување и намалување на сликата, можностите за скок кон саканата страница и воопшто изгледот на целиот екран додека го правите тоа.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: њеб 2.0
Навигација: минимална
Политика за приватност: има
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Адреса: issuu.com

Нема коментари: