07 декември 2010

Листај, учи, информирај се!

Лист“ е блог на македонски јазик каде што може да најдете корисни информации од повеќе области од интернет сферата. Овде редовно се објавуваат постови во неколку категории: веб дизајн, графички дизајн, програмирање и сл., а има и дел каде можете да се информирате за одредени настани или да прочитате интервјуа со личности од македонската ИТ сфера.
Блог со совети и информации од интернет сферата
Постовите се напишани на разбирлив и едноставен начин и се многу корисни дури и за луѓе кои не поседуваат напредни технички вештини. Најчесто се во вид на совети, кои можат да ви помогнат во различни ситуации и да ви дадат идеи за подобрување на вашата бизнис марка.

Во делот „Бесплатно“ можете да најдете постови за бесплатни содржини кои може да ги користите, како на пример: шаблони, фонтови или икони, додека категоријата „Инспирација“ ќе им се допадне на дизајнерите и фотографите на кои секогаш им е добредојдена туѓата креативна работа за будење на своите мајсторски сетила.

Блогот е достапен под лиценцата Наведи Извор 2.5 од Криејтив комонс, така што со содржините можете да правите сè, сè додека го наведете изворот.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, чист, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: list.mk

02 декември 2010

Советник за патувања

Доколку сè уште не сте одлучиле што ќе правите за празниците кои се ближат, „Трипадвајзер“ може многу да ви помогне. Станува збор за бесплатен сервис кој нуди голем број услуги со кои може да ги планирате вашите патувања.
Сајт со совети за патување
Преку овој сајт можете да пребарувате информации за летови до сите дестинации во светот, да ги проверувате цените и да правите резервации. Резервациите на летовите најчесто се вршат преку „Expedia“ , којашто е и сопственик на овој сервис. Исто така, можете да пребарувате хотели и хостели, како и да прочитате критики од претходни патници. Трипадвајзер нуди и совети за тоа што би можеле да правите во градот кој планирате да го посетите (на пр.: кои тури се нудат таму, кои позначајни места вреди да се посетат, во кои ресторани да јадете и сл.) . Сајтот препорачува топ дестинации во светот и топ работи кои може да ги правите додека сте таму.

Доколку сакате, можете да се регистрирате на сервисот и да креирате сопствен профил. Трипадвајзер препорачува да го направите тоа преку вашиот профил на Фејсбук, но не е задолжително. Интересна апликација која може да ја користите со регистрирањето, е мапата на патување на која можете да ги обележите сите градови кои ги имате посетено и потоа истата да ја споделите на Фејсбук.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  8/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, француски, италијански, јапонски...
Адреса: www.tripadvisor.com

24 ноември 2010

Време за радио

Радиотајм“  е онлајн сервис кој ви нуди можност да пристапите до вашите омилени радио станици во светот, онлајн, преку вашиот компјутер или кој било друг поврзан уред.

Сајт за слушање радио станици од различни жанрови
Она што е интересно е дека сервисот, со кликнување на табот „Локал“, веднаш ги пронаоѓа локалните радио станици. Ви преостанува само да ја изберете станицата и да уживате. Не е потребна регистрација, ниту симнување на дополнителен софтвер. Регистрацијата пак, нуди дополнителни можности како: зачувување на омилените станици или ажурирање на локација.

Доколку сте заинтересирани за одреден жанр на музика, сервисот има оформено повеќе групи на радио станици од што можете веднаш да изберете некоја според вашиот вкус. Освен музика, сервисот нуди и станици на кои може да слушате дискусии на одредени теми како: бизнис, технологија... или пак спортски радија. Нуди и дополнителна можност за пребарување на сите радија според: локација, музика, дискусија или спорт.

Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, италијански,
француски, шпански...
Адреса: www.radiotime.com

22 ноември 2010

Блог за македонскиот јазик

Лектор“ е македонски блог чија цел е да ги доближи правилата на македонскиот стандарден јазик до интернет читателите. На овој блог редовно се објавуваат обемни постови за јазичната писменост и правилната употреба на македонскиот правопис и граматика.

За разлика од текстовите во толковните речници и учебниците, постовите на лектор се пишуваат на многу поразбирливо ниво и се карактеризираат со модерни примери, блиски до нашето секојдневие. Покрај информациите кои се споделуваат преку самите постови, редовно се развиваат дискусии во коментарите под постовите во кои се разменуваат мислења и нови корисни податоци.
Блог за правилна граматичка и правописна употреба на македонскиот јазик
Голем дел од содржините на блогот се во вид на практични совети за правилната употреба на македонскиот јазик во електронската комуникација. Така, ќе најдете техники за пишување на добра семинарска работа и деловна е-пошта, а меѓу другото и написи за правилна употреба на интерпукциските знаци сместени на вашата тастатура.
Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: lektormk.blogspot.com

16 ноември 2010

Македонски веб-сајт за вдомување миленици

Според безбројни истражувања, луѓето кои чуваат домашни миленици се посреќни, поуспешни и дури живеат подолго. За да станете и вие дел од ова група, треба да се упатите на сајтот на „Вдоми ме“ и да го одберете новиот член во вашето семејство.

Милениците кои се подаруваат, на сајтот се поставени во делот за водмување, со слика и со одредени нивни карактеристики. Откако некои од нив ќе бидат вдомени, тие се преместуваат во делот вдомени. Освен на овој начин, милениците се поделени и на кучиња/мачки, како и на изгубени/најдени. За да вдомите кое било милениче од сајтот, едноставно треба да го контактирате моменталниот сопственик, односно лицето кое ги поставило сликите.

Зад сајтот стои група на млади активисти кои се трудат да ги спасат животните скитници од улиците, како и оние кои се напуштени од своите сопственици. Сервисот може да го искористите и ако веќе чувате домашно милениче за кое не можете понатаму да се грижите. Со помош на сајтот може да се погрижите тоа да заврши во прави раце.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: едноставен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: македонски
Политика за приватност: нема
Адреса: vdomi.me

15 ноември 2010

Онлајн катче за љубителите на пишаниот збор

Сакам книги“ е македонски веб-сајт кој се стреми да биде секојдневен извор на информации од областа на литературата. На сајтот ќе најдете голем број рецензии на книги кои треба да се најдат во вашата домашна библиотека, авторски дела на некои од корисниците, книги во електронско издание и разни новости за актуелните промоции или попусти.

Сајтот може да го користите и без да се регистрирате, но ако сакате да коментирате, пишувате рецензии или да споделувате ваши дела, препорачливо е да го направите тоа.

Дополнителна мотивација за да одвоите малку слободно време за придонес на сајтот е тоа што поредовните членови се често наградувани со книги од повеќето македонски издавачки куќи. Написите се поделени во повеќе жанрови, па така, може директно да преминете кон вашиот омилен и да одберете што ќе читате следно.

Уште една интересна функција на сајтот е можноста за онлајн купопродажба на книги. Ако сакате да продавате, огласете ја книгата со сопствена цена. Во другиот случај, одберете го огласот чија книга би сакале да ја купите.

Сакам книги може да го следите и преку страницата на Фејсбук и да ги читате сите новости или да дискутирате со големиот број фанови на сајтот.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.sakamknigi.mk

09 ноември 2010

Креирајте фавикон за вашиот веб-сајт

Фавиконите се мали сликички кои се појавуваат во левиот агол на лентата во која ја внесувате адресата на веб-сајтот. Основната намена на овие сликички е полесното распознавање на веб-сајтот. „Фавиген“ е едноставен, онлајн сервис со чија помош многу лесно и брзо ќе создадете фавикон за вашиот веб-сајт.

За да го користите фавиген не е потребно да се регистрирате. Вашата задача е да прикачите готова фотографија на сајтот и сервисот сам ќе креира фавикон за вас. Покрај готов фавикон, ќе добиете и код за истиот, како и кратко објаснување за тоа како да го поставите на вашиот веб-сајт.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: favigen.com

04 ноември 2010

Онлајн пакет за канцелариско работење

Лајв Документс“ е практичен веб сервис за канцелариско работење, кој ги спојува функционалностите од пакетот на „Мајкрософт Офис“ и „Гугл документите“.

Сервисот е бесплатен и по кратката регистрација може да започнете со негово користење. На располагање ќе ви бидат дадени 100 мегабајти, кои може да ги користите за креирање на документи, табеларни пресметки и презентации. Интерфејсот се разликува во зависност од типот на фајловите кои сакате да ги креирате, а сервисот поседува огромен број корисни опции.

Доколку сакате може да импортирате готов документ од вашиот компјутер или некој Гугл документ. Завршените документи може да ги споделите со други корисници на сервисот или со сите веб посетители со споделување на неговото единствено урл.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.live-documents.com

03 ноември 2010

Онлајн видео уредувач и конвертор

Селси“ е едноставен веб сервис на кој бесплатно може да качувате, уредувате, конвертирате и споделувате различни видеа.

Започнете со кратка регистрација, а потоа качете го посакуваното видео на сервисот, или снимете го ако имате камера. Селси поддржува голем број видео формати, Откако ќе го поставите видеото на сервисот, може да го дотерувате видеото по желба, да ги исечете непотребните делови, да го споите со некое друго видео или да додадете аудио запис кон видеото. На крај зачувајте го во една од можните формати, во зависност од тоа дали сакате да го гледате од вашиот компјутер или од вашиот мобилен телефон.

Селси е интегриран и со голем дел онлајн видео сервиси, како Јутјуб и Метакафе, што значи дека видеата може да ги импортирате во вид на линк или по уредувањето, директно да ги споделите на еден од поддржаните сервиси.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, едноставен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.cellsea.com/media/vindex.htm

02 ноември 2010

Споделувајте аудио записи онлајн

Ако сте љубител на поткасти или едноставно сакате да снимате аудио записи од вас или вашата непосредна околина, тогаш „Аудиобу“ е следната веб-локација кон која треба да се упатите.

Аудиобу функционира како социјална мрежа и се користи многу едноставно. Креирајте јузер и започнете со споделување на снимените аудио записи. Изборот дали ќе споделите веќе снимени записи или истите ќе ги снимите во моментот на објавувањето останува на вас. На аудио фајловите може да додавате слика, клучни зборови за полесно пребарување и локација на која е снимен записот. Потоа истите може да ги споделите на аудиобу или да го интегрирате со некои други социјални мрежи како Фејсбук или Твитер.

Сервисот многу лесно се користи и од мобилен телефон. Сега за сега аудиобу е достапен само за Ајфон. Постои и апликација за Андроид, која е моментално недостапна бидејќи се работи на нејзината функционалност.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.audioboo.fm

29 октомври 2010

Креирајте политика на приватност за вашиот веб-сајт

Во политиката за приватност на еден веб-сајт се содржат начините на кои се употребуваат, заштитуваат и зачувуваат информациите за посетителите на истиот. Денес, таа е важен дел од голем број популарни сајтови. Со помош на GeneratePrivacyPolicy можете многу лесно и брзо да ја креирате вашата политика за приватност онлајн.

Сервисот функционира во вид на анкета. Откако ќе го посетите, ќе добиете прашалник во кој треба да внесете повеќе информации за вашиот веб-сајт и за начините на кои ги користите податоците поврзани со вашите посетители. Откако ќе ги одговорите сите прашања, сервисот ќе ви генерира прикладна политика за приватност.

Ако сакате сајтот да го користите бесплатно, имате право на само една политика за приватност, затоа внимателно размислете пред да ги одговорите сите прашања.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: фунцкионален, модерен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.generateprivacypolicy.com

28 октомври 2010

Онлајн пребарувач за вашите лични веб-сервиси

Греплин“ е бесплатен, персонален веб-пребарувач со чија помош лесно ќе ги пребарувате вашите кориснички сметки на Џи-мејл и каледнарите на Гугл, како и оние на Фесјбук, Твитер, Дропбокс, Линкдин и други.

Вашата задача е да го го посетите веб-сајтот на греплин и да се регистрирате. Потоа, самите додадете си ги веб-сервисите кои сакате да ги пребарувате. Логирајте се за секој сервис поединечно и на тој начин истиот ќе биде додаден во вашата греплин сметка. По краткото индексирање, интерфејсот на греплин ќе се промени во едноставен пребарувач, кој наликува на Гугл. Пребарувањето дава резултати во реално време.

Во најголем дел, греплин е бесплатен сервис, освен за неколку опции меѓу кои е пребарувањето низ закачени документи.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: greplin.com

13 октомври 2010

Ефикасно пребарувајте низ вашата е-пошта на Џи-мејл

Доколку често ја пребарувате вашата електронска пошта на џи-мејл, за стари пораки кои сѐ уште ви се потребни, тогаш сигурно ќе ви користи „Клауд меџик“. Со помош на оваа алатка, лесно и брзо ќе ги пронајдете сите потребни информации од старите или новите пораки во вашето сандаче.

Сервисот функционира како екстензија во вашиот прелистувач, а моментално е достапен за Фајрфокс и Хром. Вашата задача е да го посетите сајтот на клауд меџик и да ја инсталирате екстензијата во прелистувачот. Логирајте се со вашата корисничка сметка и потоа сервисот автоматски ќе додаде пребарувачко поле во вашиот џи-мејл. Пребарувањето не само што ќе биде побрзо, туку и ќе ви дава резултати дури и ако пребарувате само со првите букви од некој збор.

Алатката може да ја користите за повеќе кориснички сметки на џи-мејл, како и за дополнителни Гугл апликации.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.cloudmagic.com

05 октомври 2010

Креирајте онлајн видео ремикси

Драгонтејп“ е многу интересна веб-алатка со која може да направите персонализирани видео ремикси од видеа кои се прикачени на Јутјуб.

За да ја користите оваа алатка не ви е потребна регистрација. Ваша задача е да почнете со пребарување на клучните зборови кои се релевантни за вашиот ремикс. Потоа, од пронајдените резултати одбрете ги јутјуб видеата кои најмногу ви се допаѓаат и повлечете ги на временската лента. Таа всушост ја претставува должината на ремиксот кој го креирате и на неа може да го менувате редоследот по кој ќе се појавуваат видеата. Видеата може да ги додавате и со вметнување на директен линк до јутјуб, доколку веќе сте ги одбрале и не ви е потребно претходно пребарување.

Откако ќе ги споите сите видеа, зачувајте го проектот. Ќе добиете линк до ремиксот, кој во иднина може да го користите секогаш кога ќе посакате да му пристапите.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, модерен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.dragontape.com

04 октомври 2010

Онлајн катче за кулинарските вљубеници

Епикјуриас“ е многу популарен веб-сајт со најразлични рецепти за секаков вид јадења, од целиот свет. Ако сакате да ги изненадите вашите најблиски со нов интересен рецепт, епикјуриас е следниот веб-сајт на кој треба да се упатите.


Прегледувањето на рецептите може да го правите и без да имате корисничка сметка, но доколку сакате да споделите, коментирате или рангирате некој рецепт, ќе треба да се регистрирате. Рецептите се категоризирани според земјата од која потекнуваат, според типот на јадењето или според главната состојка која тоа ја содржи. Покрај рецепти, на сајтот ќе најдете и многу интересни кулинраски написи, како и голем број совети и трикови.

Особено интересна опција е тоа што кога гледате одреден рецепт на сајтот, епикјуриас ќе ви понуди мени со други рецепти, кои одговараат со него. На овој начин, наместо вие да размислувате кои јадења да ги подготвите за вечерата за вашите пријатели, епикјуриас сам ќе ви генерира складно мени.

Сервисот е достапен и со бесплатна апликација за вашиот Ајфон.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: интересен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 8/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.epicurious.com

17 септември 2010

Најдете ја бизнис вредноста на технологијата

Технологијата оди напред, а неа секојдневно ја следат илијадници различни новости. Дали сакате вие први да доаѓате до овие информации?

За да го дознаете најновото од светот на технологијата, посетете го веб-сајтот „Информејшн вик“. Најновите вести од светот на технологијата, од областа софтвер, хардвер, интернет, безбедност, мобилни телефони и уште многу други слични содржини, ќе ги најдете на овој сајт.


Исто така, можете да разгледувате низ блоговите на корисниците поврзани со темите на сајтот. Доколку ве интересира, можете да погледнете и видео презентации за најновиот софтвер, хардвер или мобилен телефон, да читате рецензии, колумни и сл.

Погледнете ја и галеријата со слики, каде исто така има интересни содржини. Во тренд со повеќето сајтови, и овој има свој огласник каде може да се следи кој нуди или кој бара работа.

Дополнување: редовно
Брзина: средно
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.informationweek.com

16 септември 2010

Интернет радио базирано на содржини од музички блогови

Шафлер“ е веб-радио кое црпи музички содржини од различни блогови и потоа ги складира во својата база. Со помош на ова радио, не само што може да го слушате омилениот музички стил онлајн, туку може и да се информирате што пишуваат блогерите за него.



Откако ќе го посетите сајтот, одберете го стилот кој во моментот сакате да го слушате. Шафлер ќе ве пренасочи до музички блог по случаен избор, а на секоја нова песна ќе ве носи до нов блог. Ако пак песната не ви се допаѓа, рачно може да одберете нова. Името и изведувачот на песната ќе ви се појават во посебен алатник во прелистувачот и веднаш може да ги споделите на „Фејсбук“ или „Твитер“.

Доколку одржувате музички блог, можете да го споделите на шафлер и на тој начин да си ја зголемите популарноста на блогот. Пријавувањето на блогот се врши на самиот сајт, по што ќе треба да потврдите дека тој е навистина ваш, преку формата која ќе ја добиете по електронска пошта.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: shuffler.fm

14 септември 2010

Виртуелна табла за споделување презентации и идеи

Снефл“ е веб-базирана табла на која може да цртате со слободна рака, да креирате презентации или да пишувате математички равенки или колаборативни задачи со вашите колеги или професори. Готовиот проект изработен со помош на оваа табла може да го споделите во вид на презентација.

Откако ќе го посетите сајтот, креирајте си нова табла и почнете со пишување. По потреба, поставете слика од вашиот компјутер на таблата или ако се работи за колаборативен проект, поканете ги вашите колеги да придонесат. Во текот на работата, може да си го прегледате проектот со опцијата Реплаѕ, која е особено корисна доколку решавате математички задачи. На овој начин целата постапка на решавање ќе биде прикажана чекор по чекор. Откако ќе завршите со проектот, ископирајте го кодот на таблата и поставете го на вашиот веб-сајт или блог.

Сите табли се бесплатни и се задржуваат на сајтот во времетраење од 24 часа. Доколку сакате вашата табла да биде подолго достапна онлајн, тоа може да го овозможите со купување на таканаречени „Снефл кредити“. 100 кредити ќе ве чинат $15.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.sneffel.com

13 септември 2010

Креирајте веб-страници посветени на луѓето што ви значат

Сите сакаме да ги израдуваме нашите најблиски кога има некаков повод за тоа, без оглед дали станува збор за роденден, дипломска забава, свадба или слична прослава. За таа цел, сигурно ќе ви се најде „Јор-трибјут“, веб-сајт со чија помош ќе изработите страници посветени на вашите најблиски.

Почнете со кратка регистрација на сајтот. Потоа одберете една од готовите теми, додадете фотографии и кратки приказни и поканете ги вашите пријатели да придонесат во изработката на страницата. Ова се основните опции за уредување на страницата, но сервисот не застанува тука. Додадете видеа, креирајте настани, праќајте виртуелни подароци, коментирајте ги приказните од вашите пријатели или споделете ја готовата веб-страница на „Фејсбук“ или „Твитер“.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.yourtribute.com

03 септември 2010

Праќајте фајлови до Дропбокс виа електронска пошта

Дропбокс“ е многу корисна алатка за прегледување на вашите документи од повеќе компјутери, како и нивно онлајн чување. Но, ако некогаш не сте пред вашиот компјутер, а сепак сакате одреден документ да се најде во вашиот дропбокс фолдер, ќе ви се најде „Сенд ту дропбокс“. Тоа е онлајн апликација која ви овозможува да испраќате документи директно до вашиот дропбокс фолдер, по пат на електронска пошта.

Доколку го користите Dropbox за чување фајлови онлајн,
користете го и Send to Dropbox за да ги качувате и преку имејл
Вашата прва задача е да му овозможите пристап на сајтот до вашата индивидуална дропбокс сметка, по што ќе добиете единствена имејл адреса, лична за вас. Потоа, сите електронски пораки кои ќе ги испратите на таа адреса, ќе бидат директно пренасочени кон вашиот дропбокс.
Веројатно основниот начин за праќање фајлови до дропбокс со влечење и спуштање е поедноставен, но кога не сте пред вашиот компјутер оваа варијанта е навистина корисна.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: sendtodropbox.com

27 август 2010

Македонската Твитер заедница - тематски сортирана на едно место

Твитер“ е сервис кој се користи ширум светот од многу луѓе со различни профили и лични интереси. Заради брзината и честотата со која се споделуваат твитовите (пораките кои се праќаат преку сервисот Твитер), следењето на она што навистина одговара на личните кориснички интереси станува особено тешко. Едно решение за класификација на пораките според регионот и според типот на содржини што се споделуваат, овозможува македонскиот сервис „140“. Тоа е сервис за категоризирање на македонските кориници на твитер и нивните постови според предметот на нивните интереси.

На почетната страница можете да ги прегледувате содржините и корисниците кои ги споделувале, групирани во неколку популрани категории. Приказот според категории пак, овозможува детален преглед на последните пораки од регистрираните корисници на сервисот за дадена тема. Паралелно можете да ги видите и последните членови кои се приклучиле кон дадена категорија, како и да видите по колку членови брои секоја од нив.
Категоризирање на македонските кориници на твитер и
нивните постови според предметот на нивните интереси
Актуелните теми за кои дискутира македонската твитер заедница се излистани од десната страна и претставени со хаш тагови, како новите корисници би можеле да се вклучат во некоја од дискусиите. Опционално можете да ги видите и сите тагови кои биле употребени во испратените пораки преку сервисот 140 и воедно преку твитер.

Сајтот има и своја посебна блог-страница на која креаторите даваат упатства за новите корисници на твитер и известувања за новитети кои му се случуваат на сајтот.

140 е производ на волонтерска работа. За да биде релевантно и сеопфатно место за добивање брзи информации, треба да се освежува од што поголем број на корисници. Во моментов заедницата пријавена на 140 брои околу 450 членови. Придонесете за зголемување на оваа бројка – регистрирајте се на 140.mk уште денес. Како резултат на тоа, не само што ги имате сите предности од организираниот начин на информирање, туку добивате и нов канал за промоција на вашите твитови пред најверната македонска твитер публика.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: класичен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: 140.mk

26 август 2010

Вашите омилени блогови на едно место

Блоглавин“ е едноставно идеалната веб-локација за сите оние кои паралелно сакаат да следат повеќе блогови. Сајтот овозможува следење на омилените блогови на корисниците на едно место, на едноставен начин.

При вашата прва посета на овој веб-сајт, ќе ви биде понудено креирање на кориснички профил преку кој подоцна ќе можете да ги прелистувате блоговите кои ги следите. На почетната страница на блоглавин се прикажани најпосетените и највисоко рангираните постови од изминатата недела. Покрај опцијата да пребарувате блогови според нивното име, блоглавин ги групира блоговите и според тема и посетеност. Откако ќе го изберете блогот кој сакате да го следите, се отвора неговиот профил на кој пишува колку луѓе го следат, која тема тој ја обработува, колку постови објавува неделно во просек, кус опис на блогот и слични блогови на тој.
Профил според вашите лични интереси за информирање од популарни блогови
Откако ќе ги изберете сите блогови кои ќе ги следите, нивните нови постови ќе се појавуваат на вашиот профил веднаш откако ќе бидат објавени. На блоглавин има и опција постовите кои ви се допаднале да ги обележите за подоцна да можете да ги разгледувате. Секоја новост која веќе сте ја отвориле автоматски се означува како прочитана.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: bloglovin.com

25 август 2010

Следете ги најновите светски вести, коментари и осврти со Гардијан

Гардијан“ претставува онлајн издание на истоимениот весник кој постои уште од 1821 година. Најновите вести од светот, спортот, патувањето, бизнисот, културата, модата, книгите и уште многу други области можете да ги најдете тука. Овој сајт го привлече нашето внимание, заради можноста за инстантно дознавање на најновите вести, како и за читање на најновите содржини од блоговите со само еден клик.

Гардијан е типичен портал за вести, богат со многу области на покривање, но и со дополнителни сервиси за неговите посетители. Така на пример, на него е поставен огласник за вработување, за да им се овозможи на посетителите полесно да најдат или да понудат работа. Тука се и временската прогноза, сервисот за пронаоѓање сродни души, крстозборки, квизоиви, игри и уште многу други.

Читајте светски вести на светски начин
Разгледувањето на содржините на Гардијан е задоволство за посетителите и заради богатството од мултимедијални содржини во секоја форма: аудио, текст и слики. Притоа, читањето вести и разгледувањето на останатите содржини е секако бесплатно.

Сајтот си има сопствена верзија прилагодена за читање преку мобилен телефон.

Дополнување: редовно
Брзина: средно
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема 
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 9/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.guardian.co.uk

24 август 2010

Бесплатен месечен онлајн магазин

Технологијата оди напред, а со нејзиниот напредок се менуваат и навиките на луѓето. Делумно, ова е резултат од потребата за следење на трендовите, но веројатно многу повеќе, тоа се должи на зголемените можности кои ги добиваме благодарение на новите технологии. Ако сте од оние луѓе кои прифаќаат технолошки предизвици по секоја цена, ве предизвикуваме да го читате месечниот магазин „Аплоуд“, онлајн.

Онлајн списание за технологија на македонски јазик
Магазинот аплоуд е и тематски посветен на технологијата, претставувајќи ги во месечни изданија најновите и најинтересните трендови во оваа област, со особен акцент на гаџетите. Магазинот изгледа буквално како печатено списание, само што начинот на кој би се користело тоа е малку поинаков и побогат со можности. Бидејќи се работи за веб-изданија кои се креираат со помош на популарниот сервис за оваа цел – „Ишју“, линковите на страниците се активни, можете да гледате видеа директно во магазинот, како и да лизгате низ делови од страниците со глувчето, за да откриете содржини кои земаат повеќе од предвидениот, ограничен простор.

Ви препорачуваме да го разлистате актуелното издание, секако доколку не ви пречи да читате од вашиот компјутерски екран. Пристапот до списанието е бесплатен, а на располагање добивате секогаш достапна содржина на македонски јазик.

Дополнување: месечно
Брзина: средно
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема 
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: upload.mk

20 август 2010

Работи што никој не ми ги кажал

Работи што никој не ми ги кажал“ е веб-стрип на Алекс Нориега од Барцелона. Всушност се работи за блог кој наместо текстуални постови нуди кратки стрипчиња или карикатури со негови размислувања и анегдоти.

Иако ритамот на појавување на нови постови не е секојдневен, сепак се одржува прилично постојан континуитет од неколку неделно (со исклучок на годишни одмори) што овозможува јакнење на емоционалната врска со читателите (брендирање).

Стилот на цртање е понекогаш експериментален, но секогаш на прилично високо ниво, а нарацијата има елементи и магичен реализам карактеристичен за пошироката култура од која потекнува авторот.

Со оглед на тоа што стрипот ја користи лиценцата на Криејтив комонс наведи-извор-некомерцијално-без-адаптирани-дела сликичките како такви може да се споделуваат и објавуваат на ваши сајтови, но без интервенции во нив, на пр. замена на текстот со превод на друг јазик.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: основен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: stuffnoonetoldme.blogspot.com

18 август 2010

Стрипот за Мула Пиаз, наследникот на Настрадин Оџа

Мула Пиаз го опишуваат како комбинација на традиционалниот источен мудрец и шегобиец Настрадин Оџа и американскиот стрип Дилберт. Од едниот ги има наследено логиката и хуморот, а од другиот интересот за новите технологии. Добронамерниот хумор го прави интересен за читатели од целиот свет.

Зборот „мула“ кој кај нас може да се преведе како „оџа“ во случајот, како и со Настрадин кој потекнува од Турција, има пошироко значење на народен мудрец, наспроти ригидната интерпретација на свештеник.
Стрип: логика + хумор + нови технологии
Со оглед на тоа што излегува двојазично, веб-сајтот на стрипот има иновативен интерфејс кој овозможува промена на јазикот од персиски на англиски со еден клик по стрип. Со оглед на тоа што насоката на читање на овие два јазици е сосем различна, тоа бара и замена на целиот стрип, кој е преработен соодветно слика по слика.

Лоциран во современ Иран, тој се соочува со ситуации за кои понекогаш има одглас во странските медиуми - како цензура и следење на комуникациите од „морални“ причини, крадење споменици пред нос на полицијата, но и други секојдневни проблеми како поскапување на лебот. За разбирање на некои од авантурите не е лошо да се биде во тек со алтернативни извори на информации од светот, како Глобал војсис на македонски.

Пример на искористување на можностите на медиумот е можноста читателите да предложат сценарио за приказна.

Дополнување: неделно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: имаа
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: персиски (фарси) и англиски
Адреса: www.mullahpiaz.net

24 јули 2010

Научете сами да блогирате и да користите социјални медиуми

Да се биде во чекор со технолошките предизвици не е лесно. Да се учат нови работи, да се искусуваат сосема непознати светови и да се сфати големата важност од сето тоа е тешко за многу луѓе со различно или без искуство во областа и на различна возраст. Но, пак, сето тоа не значи дека треба пред време да се откажуваме. Ако не сте научиле досега, отсега можете тоа да го направите сами – научете се да блогирате и да ги користите новите медиуми преку крајно едноставните упатства на e-learning.mk.


Алатка за само-едукација на современи теми
поврзани со користење на интернет
Сајтот им е наменет на сите луѓе кои сакаат да научат нешто ново на овие теми, како и на оние кои веќе ги користат ваквите алатки, а сакаат да се потсетат за некои од понапредните можности кои тие ги нудат. Се што е поставено на веб-сајтот може да се пренесува и преработува и на други онлајн медиуми или дигитални изданија, се додека се почитува условот кој го предвидува Криејтив комонс лиценцата „Наведи извор-Сподели под исти услови 2.5 Македонија“ (секој може да прави копии или адаптации на содржините, се додека го наведува нивниот извор и нивниот развивач и потоа го споделува своето дигитално дело на сличен начин.

Веб-сајтот е развиен од страна на Фондација Метаморфозис во рамките на проектот „Поттикнување на локални е-содржини“ и засега опфаќа само неколку теми за кои се обезбедени детални инструкции во вид на текст и слики. Во понатамошниот период, овде ќе се објавуваат и други материјали од сличен тип, така разработени за да од нив може да учи секој и наученото да го примени во пракса.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има 
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: нема (нов)
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: e-learning.mk

22 јули 2010

Поедноставете си ја работата онлајн

Постојат повеќе начини на организирање на вашите работни обврски и проекти, а со „Скајлајт“ тој процес е навистина поедноставен. Сервисот претставува онлајн организер со чија помош ќе ги подредите вашите проекти и ресурси, каде може да ги поставите вашите контакти и важни документи и потоа да им пристапувате од веб во кое било време.

Организирајте си ги вашите проекти, задачи, контакти и документи
Користењето на сервисот започнува со кратка регистрација. Откако ќе го креирате профилот, сами ги штиклирате типовите на работни задачи кои сакате да ги работите. Задачите може да ги редите и организирате по принципот на повлечи и додај. Сите проекти, активности и документи се наредени според последната активност во временска рамка, односно, оние кои последни сте ги работеле ќе се појават како први. На крај, за завршените активности може да си спремите извештај, директно на сајтот.

Без оглед дали сакате да користите детален план на задачи, или само да ги организирате моменталните работни активности, скајлајт е идеална веб-локација за поедноставно работење.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: модерен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: skylightit.com

20 јули 2010

Праќајте видео пораки преку електронска пошта

Сигурно ви се случило да треба да испратите имејл, а да сте мрзеливи за да пишувате. За оваа ситуација особено корисен е сервисот „мејлву“, со кој може да праќате видео записи во форма на имејл пораки.


Сервис за праќање имејл пораки во видео формат
За да почнете со праќање на видео записи, потребни ви се само прелистувач, камера и микрофон, а регистрацијата на сервисот не е задолжителна. Времетраењето на едно видео може да изнесува до една минута, а истото може да го пратите само до една имејл адреса. Откако ќе му пристапите на сервисот, почекајте тој да ги пронајде вашите камера и микрофон и потоа  дадете му пристап до нив. Снимете ја вашата порака, потоа пополнете ја формата и испратете ја пораката. Интересна опција е можноста за поставување рок на пораките. Ова значи дека може да поставите датум до кој смее да остане видеото на сервисот. По истекот на тој датум, видеото ќе се самоуништи.

Форматот на видеата е поддржан од повеќето паметни телефони, па така можете да уживате пристап до нив и од вашиот телефон.

Дополнување: нерелевантно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, интересен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: mailvu.com

16 јули 2010

Креирајте си CV онлајн

Доколку сакате да имате правилно напишано CV, а притоа да биде достапно и онлајн, ви го препорачуваме веб-сервисот „Јас“. Овој веб-сервис ви овозможува брзо и лесно креирање CV, кое потоа можете да го симнете во PDF формат или како ворд документ, а исто така ќе го имате онлајн и во секое време ќе може да го промените, како и да го праќате на други во вид на линк (www.jas.mk/korisnicko-ime).


Сè што треба да направите е да го посетите сајтот и да се регистрирате. Тоа се прави преку формата во десниот дел на почетната страница „Направи CV".

Веднаш по регистрацијата ќе ви се отвори форма на CV со празни полиња кои треба да ги пополните со ваши податоци (име и презиме, телефон, град...) Откако ќе завршите со пополнување на полињата, го зачувувате вашето CV и веднаш можете да го видите.

Откако ќе се регистрирате, на вашиот имејл ќе пристигне порака со линк до страница за активација. Со кликање на овој линк, го активирате CV -то и тоа ќе стане достапно на сајтот. Доколку пораката не се појавува, побарајте во Spam или во Junk фолдерот.

Со тоа што вашето CV постои онлајн, другите лесно може да ве најдат, сеедно дали преку Гугл или пак преку пребарувачот на Jas.mk, се разбира доколку како опција имате избрано CV -то да е јавно. Ако пак изберете тоа да не е јавно и поставите код за заштита, CV -то ќе можат да го гледаат само одреден број луѓе, на кои при праќање линк до CV-то ќе мора да им го пратите и кодот.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом : има
Гугл ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: jas.mk
Автор на рецензија: Билјана Севриевска (Б.С.)

15 јули 2010

Онлајн табла за колаборативно работење

Колку пати ви затребала табла за време на состанок или сте имале потреба од истовремена работа со луѓе кои не се во вашата физичка близина? Во двата случаја, добра работа би ви завршила една дигитална табла на која можете да правите буквално сè. Ваква табла е „Нота“.

Ноталенд“ е сајт кој овозможува колаборативно онлајн работење. Регистрираните корисници можат да креираат јавна или приватна табла, соодветно да ја именуваат и да поканат други уредувачи на истата, доколку се очекува нивниот придонес.
На таблата може да се поставува текст, слики, видеа, коментари, геометриски форми, да се пишува со молив, да се преместуваат и менуваат поставените елементи, да се закачуваат фајлови итн. На кратко, на таблата можете да ставите сè и да правите сè. Во текот на работата, на интерактивен начин можете да разговарате со најмногу 50 соработници, а завршената работа можете да ја споделите на социјалните мрежи.

Нота е практична алатка за вашите брејнсторм сесии, презентации, албуми, виртуелни состаноци, како и за лично архивирање на вашите идеи. Имајте ја на ум во вакви околности.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, модерен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: notaland.com
Автор на рецензија: Ирина Шумадиева (И.Ш.)

13 јули 2010

Учете математика онлајн

Ако математиката редовно ви предизвикува главоболки, веднаш упатете се на сајтот на „мет-ти-ви“. На оваа веб-локација ќе најдете огромна колекција со математички видеа во кои се објаснети полесни и потешки задачи и математички проблеми.

Брзо учење математика преку видео
Сервисот е комплетно бесплатен и не мора да се регистрирате за да ги гледате видеата. Видеата се поделени во пет категории: основна математика, алгебра, геометрија, тригонометрија и сметање. Овие категории се сместени во левата, странична лента на сајтот и ако кликнете на една од нив, ќе добиете паѓачко мени со понудени видеа за разни задачи. Исто така, за секоја задача постојат повеќе видеа, сите снимени од различен професор. Па така, ако стилот на еден од нив не ви се допаѓа, секогаш ќе може да одберете видео снимено од друг професор. Видеата се достапни на англиски и дел на шпански јазик.

Разбирливо, нема да можете да го прашате професорот за нештата кои не ви се јасни, но тоа е нормален недостиг на онлајн презентирањето. Сепак, сервисот со својата импресивна колекција видеа, сигурно ќе биде од огромна корист за сите кои сакаат да учат математика.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски и шпански (делумно)
Политика за приватност: нема
Адреса: mathtv.com
Автор на рецензија: Огнена Костова (О.К.)

09 јули 2010

Учете брзо и продуктивно, памтете долго

Смарт ефем“ е интересен веб-сајт чија намена е поврзување на социјалните мрежи со учењето. Сервисот може да се користи како асистент кој нуди онлајн курсеви за сите кои сакаат да научат нешто, од која било област.


На сервисот може да се регистрирате со помош на електронска пошта или уште полесно, да ги искористите профилите од некој друг социјален медиум, како „Твитер“ или „Фејсбук“. Откако ќе се регистрирате, одберете некоја од постоечките области и теми за учење и додајте ја во вашите цели. Доколку не можете да најдете одредена тема, креирајте си ваши, сопствени лекции, кои подоцна и останатите корисници ќе можат да ги користат. Смарт ефем ќе ви определи статистика за времето што сте го посветиле за учење и времето што треба дополнително да го вложите, деловите кои најлесно ви одат, и врз основа на сето тоа, ќе ви генерира компјутерски податоци за повторување на наученото со цел тоа најлесно да се запамети.

Според креаторите на сервисот, временската граница игра голема улога во ефективноста од повторувањето, па така, за секоја цел ќе добиете одредена временска зона, според која треба да си го одредите интервалот на повторување. Исто така можете да ги објавувате вашите мисли на сервисот, вид на кратки пораки, кои ќе бидат прочитани од вашите пријатели и кои можете да ги споделите и на останатите социјални мрежи кои ќе ги поврзете со смарт ефем.

Смарт ефем нуди забавен и интерактивен начин на учење, со чија помош не само што полесно ќе го поминете материјалот кој ве интересира, туку и ќе заштедите дел од вашето време. Сервисот нуди и финкционална апликација за вашиот „Ајфон“.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски, кинески
Адреса: smart.fm

08 јули 2010

Одберете ги вистинските бои

Без оглед дали по професија сте дизајнер, или пак само негувате љубов кон разни палети на бои, „дејли-колор-шим“ е идеална веб-локација за вас. Сајтот содржи голема колекција палети на бои, која секојдневно се обновува од моменталните корисници.

Сервисот може да го користите целосно и без да се регистрирате. Достапните палети може да ги разгледувате, да ги зачувувате со некој од веб-сервисите за архивирање и споделување на обележувачи како „Делишс“, да го копирате кодот на поединечните бои или да ја симнете целата палета. Потоа, готовата палета може директно да ја пренесете во некоја програма за графичка обработка, како „Фотошоп“ или „Илустратор“. Доколку веќе имате одредена палета на ум, до истата може да дојдете со помош на вградениот пребарувач.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен, функционален
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: beta.dailycolorscheme.com

06 јули 2010

Тематско блогирање за одредени каузи

Граѓанскиот активизам може да се покаже низ многу работи, но важно е да постои. Секако, треба директно да се делува онаму каде што има потреба од промени, но, притоа не треба да се заборават бесплатните, едноставни онлајн алатки кои можат да помогнат во остварувањето на ваквата цел. Тука, во прв ред се блоговите и социјалните медиуми. За таа цел, ви ја претставуваме „Кауза“ – блог платформа за граѓански активизам која овозможува адресирање на важни општествени прашања од страна на сите засегнати граѓани, што пак е од значење за развојот на демократијата во Македонија.


Блог платформата е од полуотворен карактер. Досега, на неа има 60 членови кои се обучени да ја користат во рамките на проектот „Социјални медиуми за демократија“ кој го спроведува Метаморфозис. Дополнително сите кои сакаат да се вклучат и да придонесуваат кон некоја од темите или пак да отворат нова, имаат можност тоа да го направат со испраќање имејл до kauza@metamorphopsis.org.mk. Целта е на едно место да бидат достапни сите тематски блогови чии креатори се залагаат за некоја кауза, притоа креирајќи заедници за меѓусебно поддржување и помагање.

Повеќе за граѓанскиот активизам преку примена на нови медиуми може да се научи со помош на прирачниците кои се објавени на почетната страница. На оваа страница се појавуваат и сите нови постови кои ги објавуваат блогерите на нивните тематски блогови.

Помеѓу најактивните блогови се: „Вегетаријанство“, „Мои пари“, „Заштита на правата на хомосексуалците“, „И староста е убава“ и др. а моментално има вкупно 25 блога.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: има
Јазик: македонски
Адреса: kauza.mk

05 јули 2010

Раскажете ја вашата фото-приказна

Сликата вреди 1000 зборови. Повеќе слики може да вредат илјадници зборови, а кога ќе им додадете музика и зборови кои ќе ги опишуваат, добивате цело богатство. За да се изразите креативно, богато и дигитално, појдете и регистрирајте се на „фотопич“ - веб-сајт за бесплатно креирање на музичко слајд шоу од вашите фотографии.

По сосема кратката регистрација на сајтот, имате можност да ги изберете фотографиите кои сакате да ги вклучите во вашата приказна, и тоа од вашите профили на „Пикаса“, „Фејсбук“ или пак од вашиот компјутер. Потоа, ги организирате фотографиите според саканиот редослед, додавате музика од архивата на аудио фајлови достапни под Криејтив комонс (нерестриктивни лиценци) и го зачувувате производот. На следниот чекор можете да додавате наслови или објасненија на секоја од фотографиите, а на крајот можете да вклучите и интерактивна анкета.

Изработеното аудио-фото шоу можете да го симнете на компјутер, да го поставите на вашиот веб-сајт или блог, како и да го споделите на социјалните мрежи.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: минималистички
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: photopeach.com

01 јули 2010

Споделувајте големи фајлови брзо и едноставно

Постојат повеќе начини на споделување фајлови преку интернет и веројатно најкористениот е преку програми за муабетење во реално време. За жал, овој начин е навистина спор и непогоден за многу големи фајлови. Затоа, пробајте го „фајлво“, хостинг сервис со чија помош, многу лесно ќе ги споделувате вашите документи.

За користење на фајлво не е потребно, но сепак е пожелно да се регистрирате, за да искористите што е можно повеќе опции од сервисот. Откако ќе се регистрирате, ќе можете да прикачувате фајлови со поголема брзина, како и со поголема дозволена големина од 1 гигабајт. Прикачените фајлови може да ги направите приватни или да ги заштите со лозинка. Можете да одберете и на корисникот да му биде испратен линк до фајлот по пат на електронска пошта, а доколку истиот е заштитен, едноставно вклучете ја и лозинката. Сервисот е достапен на поголем број јазици.

Поупорните можат да се приклучат и на форумот на фајлво, каде се води дискусија за самиот сервис, евентуалните негови пропусти и новите, планирани опции.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10
Јазик: англиски, германски, француски, руски...
Политика за приватност: нема
Адреса: www.filevo.com

30 јуни 2010

Проверете колку името на вашата фирма е достапно на веб

Без оглед на дејноста во која делува вашата фирма, името кое ќе го одберете е од голема важност за нејзино брзо и лесно препознавање насекаде. Ако сакате да го промовирате тоа име на интернет, тогаш ud.com е следната веб-локација на која треба да се упатите. Овде ќе можете да проверите колку името на вашата фирма е зафатено на различните веб-домени и социјални мрежи.

Сајтот има минималистички интерфејс и се користи навистина едноставно. Треба само да го впишете името во пребарувачот и за неколку секунди ќе добиете листа со резултати. Во резултатите се вклучени генерички и регионални домени, блог сервиси, како и голем број социјални мрежи како „Фејсбук“, „Tвитер“ и „Фликр“. Резултатите со црвена боја означуваат дека се работи за зафатено име, а зелената за слободно.

Сервисот е многу корисен и ако сакате да започнете со употреба на одредено име. Така, со помош на пребарувачот ќе видите кое име е веќе зафатено, а кое слободно, без оглед дали станува збор за домени или за социјални мрежи.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, функционален
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.ud.com

22 јуни 2010

Најдете, спакувајте и споделете линкови

Ако сакате да наоѓате, собирате и споделувате интересни линкови со вашите интернет пријатели, тогаш „бег-д-веб“ е следната веб-локација која треба да ја посетите. Бег-д-веб е интересен сервис, на кој можете да направите ќесиња со тематски линкови од омилените веб-сајтови, блогови или социјални мрежи и потоа истите да ги споделите.
За да почнете со користење на сервисот, треба да се регистрирате. Првиот чекор е креирање на ќесе со линкови и негово соодветно именување. Потоа, може да одберете дали ќесето ќе биде достапно за сите корисници или ќе остане приватно. Следно е уредување на ќесето и неговата содржина. Може да одберете слика која ќе стои зад колекцијата линкови, да додадете краток опис за линковите и да се поврзете со други ќесиња со линкови кои може да бидат релевантни за вашата колекција. Готовото ќесе може да го споделите на вашиот блог или веб-сајт.

Покрај можноста за создавање колекции со линкови, на сервисот може и да се пребаруваат ќесиња со одредена содржина, како и корисниците да се поврзуваат со други корисници за да ги следат нивните колекции со линкови.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: bagtheweb.com