22 јуни 2010

Најдете, спакувајте и споделете линкови

Ако сакате да наоѓате, собирате и споделувате интересни линкови со вашите интернет пријатели, тогаш „бег-д-веб“ е следната веб-локација која треба да ја посетите. Бег-д-веб е интересен сервис, на кој можете да направите ќесиња со тематски линкови од омилените веб-сајтови, блогови или социјални мрежи и потоа истите да ги споделите.
За да почнете со користење на сервисот, треба да се регистрирате. Првиот чекор е креирање на ќесе со линкови и негово соодветно именување. Потоа, може да одберете дали ќесето ќе биде достапно за сите корисници или ќе остане приватно. Следно е уредување на ќесето и неговата содржина. Може да одберете слика која ќе стои зад колекцијата линкови, да додадете краток опис за линковите и да се поврзете со други ќесиња со линкови кои може да бидат релевантни за вашата колекција. Готовото ќесе може да го споделите на вашиот блог или веб-сајт.

Покрај можноста за создавање колекции со линкови, на сервисот може и да се пребаруваат ќесиња со одредена содржина, како и корисниците да се поврзуваат со други корисници за да ги следат нивните колекции со линкови.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: bagtheweb.com

1 коментар:

Анонимен рече...

Г-дин Педро неодамна ни помогна со заем кој го искористивме за да го прошириме нашиот бизнис. Процесот беше неверојатен! Тој беше во контакт со нас често за да се пријави и да не информира за тоа што се случуваше во текот на нашата отплата на заемот. Тој беше пријателски расположен и пристапен и секогаш можеше да ги разјасни прашањата што ги имавме. Имавме толку големо искуство работејќи со Педро!!
Контактирајте со службеникот за заем Педро
Е-пошта: pedroloanss@gmail.com
WhatsApp: +18632310632