Се прикажуваат објави со етикета хумор. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета хумор. Прикажи ги сите објави

26 јануари 2011

Порција хумор со „The Oatmeal“

Доколку сте моментално нерасположени или ви е досадно, „The Oatmeal“ е вистинскиот сајт кој ќе ви го промени расположението. Тука ќе најдете стрипови и квизови кои добро ќе ве насмеат со нивната хумористична содржина и со иронично прикажаните ситуации од вистинскиот живот.
Сајт со хумористична содржина
Интересно е што сајтот е креиран и одржуван од само еден човек - Метју Инман. Тој е мошне успешен при пронаоѓање хумор во секојдневните, не толку хумористични ситуации. Влијанието кое го имале стриповите на него е очигледно, бидејќи и самиот сајт е еден голем стрип кој тој самиот го изработува.

Некои од поинтересните содржини се однесуваат на: „7 работи кои навистина не мора да ги сликате“, „Што кажува вашата имејл адреса за вашите компјутерски вештини“, „Како веб дизајнот оди по ѓаволите“,  „Зошто верувам дека печатачите се испратени од пеколот“, „Зошто е подобро да се преправаш дека не знаеш ништо во врска со компјутерите“, „3 фази во поседувањето компјутер“ и многу други илустрации кои добро ќе ве насмеат.

Авторот води и сопствен блог кој не е поразличен од другите содржини на сајтот. Сајтот има и секција за онлајн купување на производи како маички, шолји за кафе, налепници, постери и други предмети со сликички од содржината.

Сајтот е објавен на 6 јули, 2009 година, и оттогаш ужива голема популарност со над 20 милиони посети месечно.

„The Oatmeal“ може да го следите на Твитер, на Фејсбук или да се регистрирате за добивате содржини преку имејл.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг:  6/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.theoatmeal.com

18 август 2010

Стрипот за Мула Пиаз, наследникот на Настрадин Оџа

Мула Пиаз го опишуваат како комбинација на традиционалниот источен мудрец и шегобиец Настрадин Оџа и американскиот стрип Дилберт. Од едниот ги има наследено логиката и хуморот, а од другиот интересот за новите технологии. Добронамерниот хумор го прави интересен за читатели од целиот свет.

Зборот „мула“ кој кај нас може да се преведе како „оџа“ во случајот, како и со Настрадин кој потекнува од Турција, има пошироко значење на народен мудрец, наспроти ригидната интерпретација на свештеник.
Стрип: логика + хумор + нови технологии
Со оглед на тоа што излегува двојазично, веб-сајтот на стрипот има иновативен интерфејс кој овозможува промена на јазикот од персиски на англиски со еден клик по стрип. Со оглед на тоа што насоката на читање на овие два јазици е сосем различна, тоа бара и замена на целиот стрип, кој е преработен соодветно слика по слика.

Лоциран во современ Иран, тој се соочува со ситуации за кои понекогаш има одглас во странските медиуми - како цензура и следење на комуникациите од „морални“ причини, крадење споменици пред нос на полицијата, но и други секојдневни проблеми како поскапување на лебот. За разбирање на некои од авантурите не е лошо да се биде во тек со алтернативни извори на информации од светот, како Глобал војсис на македонски.

Пример на искористување на можностите на медиумот е можноста читателите да предложат сценарио за приказна.

Дополнување: неделно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: имаа
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: персиски (фарси) и англиски
Адреса: www.mullahpiaz.net