![]() |
Сајт со хумористична содржина |
Некои од поинтересните содржини се однесуваат на: „7 работи кои навистина не мора да ги сликате“, „Што кажува вашата имејл адреса за вашите компјутерски вештини“, „Како веб дизајнот оди по ѓаволите“, „Зошто верувам дека печатачите се испратени од пеколот“, „Зошто е подобро да се преправаш дека не знаеш ништо во врска со компјутерите“, „3 фази во поседувањето компјутер“ и многу други илустрации кои добро ќе ве насмеат.
Авторот води и сопствен блог кој не е поразличен од другите содржини на сајтот. Сајтот има и секција за онлајн купување на производи како маички, шолји за кафе, налепници, постери и други предмети со сликички од содржината.
Сајтот е објавен на 6 јули, 2009 година, и оттогаш ужива голема популарност со над 20 милиони посети месечно.
„The Oatmeal“ може да го следите на Твитер, на Фејсбук или да се регистрирате за добивате содржини преку имејл.
Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.theoatmeal.com
Нема коментари:
Објави коментар