Во својот прв и засега единствен пост, г. Ахмединеџад ја изложува автобиографијата, осврнувајќи се на историските услови во неговото детство под власта на марионетскиот шах, исламската револуција и војната со Ирак. Постот е прилично долг за еден блог и подобро би било да бил поделен на повеќе продолженија, секој со својата под-тема. Дури и самиот автор на крајот на постот вели дека во иднина ќе пишува покусо и со поедноставен стил.
Најпознатиот ирански блогер Хосеин Деракшан, кој живее во Торонто, вели:
„Ахмединеџад е популист, а не фундаменталист. Сепак, сеуште не сум убеден дека тој навистина блогира... Треба да почекаме да видиме како ќе се развива сајтот... Ако тој продолжи да пишува и веб-сајтот стане вистински блог, тогаш треба да бидеме среќни. Во тој случај властите нема да го забранат блогирањето во Иран, сè додека Ахмединеџад остане популист.“За изработка на веб-сајтов се применети најнови технологии, но во последните денови често е недостапен, можеби заради преоптеретеност на серверот од премногу посети. Посебен вкус на искуството го дава и англискиот превод, исполнет со невообичаени конструкции кои веројатно го одразуваат начинот на пишување на официјален персиски.
ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: неопределиво
Брзина: споро
Функционалност: недокажана
Код: АСПЏ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: најавен
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Јазици: персиски, арапски, англиски
Адреса: www.ahmadinejad.ir
Датум на пишување: 14.08.2006.
Нема коментари:
Објави коментар