Достапност
Предност имаат веб-сајтовите што работат. Веб-сајт што не работи нема зошто да биде прикажан. Функционирањето на веб-сајтот се проверува најмалку три пати:
- при откривањето,
- при пишувањето на рецензијата и на
- самиот ден на вметнување на написот во весникот. На третиот пат се зема и слика од екранот.
Интересност
Оваа особина е тешко да се дефинира, а се однесува на она што веб-сајтот го издвојува од мноштвото други достапни веб-сајтови слични на него, кои во одредени случаи ги има буквално милиони. Целта на рубриката е на читателите да им презентира нешто што го заслужува нивното внимание. Тоа може да биде поради:
- содржините - на сајтот има полезни или занимливи работи за читање, гледање, интеракција, особено ако покрај квалитетот се нуди и квантитет,
- особини на техничкиот дизајн - кои може да послужат како пример за добри или лоши практики,
- актуелност поради други околности - на пр. веб-сајтот се однесува на личност или настан од интерес за јавноста.
Недовршени, недоносени, запуштени или напуштени веб-сајтови имаат помалку шанси да бидат рецензирани од комплетни, односно комплетирани презентации, па макар овие вториве да се минималистички дела чив концепт налага да немаат големо количество содржини.
Типичен негативен пример се сугестиите „тукушто отворивме веб-сајт, дојдете да го видите.“ Ако при посетата се утврди дека е поставена само насловна страница и две-три други, а најголем дел од линковите се „во изградба“ и без функционалност, а веб-сајтот не се истакнува по другите критериуми... тогаш таквата сугестија се остава во сандачето за е-пошта и се проверува во моменти на екстремен недостаток на инспирација кај тимот. Пораките од тоа сандаче понекогаш ги снемува од технички причини.
(продолжува...)
7 коментари:
Samo edna mala zabeleska - nedonoseni sajtovi???
А во што е забелешката? :-)
Недоносено - родено предвреме, пред да заврши процесот што природно би требало да претходи на раѓањето.
http://tirekovmirece.com
А ова од претходниов пост е демек, пример што треба да ја надополни дискусијата над него?
ОК, се извинувам за мојата политичка ултра-коректност :)
А зошто го нема блогот на рибаро во колоната Мак. Блогосфера? :)
Mnogu interesen sajt http://digital.nb.rs/scr/index.php
Објави коментар