16 февруари 2010

Згответе нешто вкусно со продуктите кои ги имате дома

Суперкук“ претставува веб-локација која може да биде многу корисен во секое домаќинство. Неговата намена е да ви помогне да зготвите вкусно јадење, а притоа да ги употребите само продуктите кои ги имате дома или пак само оние кои вие ги сакате. Сајтот е направен во 2008 година и постигнува одлични резултати, често наоѓајќи се помеѓу најдобрите 50 веб-локации.Сајтот располага со огромна база на рецепти за приготвување на јадења за каква било прилика. Во полето “додади“ ги впишувате состојките кои сакате да ги искористите и тие директно се префрлаат во рубриката “Моја кујна“. Потоа на листата ќе ви бидат прикажани сите рецепти кои можете да ги направите со нив. Доколку додадете или пак да отстраните некоја состојка, листата со рецепти автоматски се обновува и ги прикажува само рецептите кои остануваат после промената. Доколку од набројаните продукти сакате да потенцирате некоја состојка како главна, селектирајте ја во вашиот список и рецептите во кои доминира ќе се подредат како први. Сајтот исто така ги прикажува и рецептите во кои се содржани вашите избрани состојки, но и оние за кои ви се потребни и други состојки кои ги немате наведено. Откако ќе одберете едно од понудените јадења во листата, сајтот ќе ве префрли на страницата на која се наоѓа рецептот и ќе ви ја прикаже постапката за негово приготвување.

За користење на овој интересен сервис нема потреба од регистрирање, но доколку сакате истото можете да го направите бесплатно. Креирањето на ваш личен профил може да ви биде од корист доколку сакате да си ги зачувате омилените рецепти или пак да ги отпечатите состојките кои ви недостасуваат за подготовка на саканите јадења, во вид на шопинг листа која сајтот сам ќе ви ја генерира.


Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен, прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.supercook.com

Нема коментари: