Се прикажуваат објави со етикета албуми. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета албуми. Прикажи ги сите објави

23 февруари 2010

Споделете ги вашите слики онлајн брзо и едноставно

“Дивишот” е корисен сервис кој не само што ви овозможува лесно да ги споделите вашите слики, туку и да креирате онлајн албуми во кои вашите роднини или пријатели ќе можат да додаваат фотографии. Албумите може да ги креирате и по одредени настани на кои не сте биле единствениот гостин со фотоапарат во раката. На тој начин ќе можете да ги споделите фотографиите од вашата забава, концерт, роденден или семејна прослава со сите кои присуствувале на истата.

Користењето на сервисот започнува со кратка регистрација, а потоа можете да го уредувате вашиот профил или директно да преминете на креирање настани во кои ќе прикачите слики. Сликите се поставуваат со пребарување меѓу папките на вашиот компјутер, или пак со помош на принципот “повлечи и додај”, (само за корисниците на прелистувачот Мозила фајрфокс). Откако ќе ги прикачите сите слики од настанот, може да одберете истиот да го одобрите за јавен преглед, или да го направите приватен. Потоа настанот може да го споделите на твитер или фликр. Исто така, корисниците на фликр, можат да ги достават своите дотогашни фотографии на дивишот.

Сајтот содржи и одлична апликација за ајфон, со која покрај споделување на слики од вашиот телефон, истите можете да ги пратите на друг ајфон со спојување на двата телефона и нивно наизменично тресење.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, едноставен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: divvyshot.com

27 февруари 2009

Он-лајн продавница за вашите омилени музички артисти

Со се поголемиот пораст на продажбата и зачестеното купување преку интернет, се зголемува и бројот на он-лајн музички продавници кои нудат голем избор на музички продукти.

Артистик
директ е супер организарана веб-комуна која ви нуди широк избор на песни, музички албуми, филмови како и секакви видови на информации од светот на музиката, популарната уметност и џет сетот.

Веб-порталот содржи корисни податоци за рејтингот на музичките изданија, потоа, кориснички рецензии, како и податоци за музичките артисти од секаков тип. Меѓу другото, на ова интересно место можете да најдете информации за закажаните концерти низ целиот свет како и можност да се снабдите со влезници за истите.

Со прекрасен дизајн, прегледни навигациони менија, и многу интересни и корисни содржини, може да се каже дека артистик директ, го зафаќа топ местото меѓу високо рангираните забавни веб-портали.

Високо препорачано!

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: одличен
Навигација: добро организирана
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен Бројач: нема
РСС/АТОМ: има
Гугл ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.artistdirect.com

Напишано од Миша Вучиќевиќ