Се прикажуваат објави со етикета Миша Вучиќевиќ. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Миша Вучиќевиќ. Прикажи ги сите објави

26 март 2009

Веб-сајтот на Драмски Театар со нов дизајн

Сите знаеме за Драмски театар, ама ретко кој е добро информиран за сите негови случувања и претстави. Сепак, со оглед на тоа што тој има сопствен веб-сајт на којшто можат да се најдат сите информации, тоа не би требало да биде случај. За сите оние кои не знаат, а се заинтересирани за актуелните театарски претстави, веб-сајтот на Драмскиот театар е локацијата која може да одговори на потребите и интересите.

Со нов, пријатен дизајн и доволно податоци за интересентите, сајтот нуди поволност за сите љубители на драмската уметност. Содржи опширни информации за претставите, податоци за вработените артисти, потоа општи податоци за театарот, како и галерија со фотографии од познатите претстави.

Меѓу другото, на сајтот можете да се регистрирате како корисник и да добиете влезници за актуелните претстави. Дали и колку тоа функционира не е тестирано, но секако претставува позитивна карактеристика на сајтот и истовремено е чекор напред кон модерното користење на интернетот низ целиот свет.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: солиден
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен Бројач: нема
РСС/ АТОМ: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: dramskiteatar.com.mk

Напишано од Миша Вучиќевиќ

09 март 2009

Македонски народен театар со свој веб-сајт

За сите љубители на театарот и драмската уметност, еве уште една погодност на распространетата интернет сфера - Македонскиот народен театар се претставува со сопствен веб-сајт, прикажувајќи информации за својот редовен репертоар.

Сајтот е организиран на едноставен и функционален начин со интересен дизајн и е пријатен за посетителите. Веб-сајтот на МНТ ви нуди можност да се информирате за термините на закажаните театарски претстави, како и општи информации за истите, како на пример, кратко резиме за секоја од нив, за режисерот, актерите што глумат, сценариото и друго. Меѓу другото на овој веб -сајт можете да погледнете фотографии од актуелните театарски претстави, како и податоци за актерите кои што работат во театарот.

Сепак мора да се забележи дека сајтот има потреба од повеќе содржини, посебно од забавен карактер, бидејќи театарот сам по себе претставува инстутиција која што се стреми да ги забавува гледачите, па според тоа и веб-сајтот би било нормално да биде место каде што ќе може посетителот да наиде на интересни и забавни содржини. За почеток би било доволно да се пополнат празните категории, со што сајтот би се делувал комплетно.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: солиден
Навигација: мала
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/АТОМ: нема
Гугл Ранг : 2/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.mnt.com.mk

Напишано од Миша Вучиќевиќ

27 февруари 2009

Он-лајн продавница за вашите омилени музички артисти

Со се поголемиот пораст на продажбата и зачестеното купување преку интернет, се зголемува и бројот на он-лајн музички продавници кои нудат голем избор на музички продукти.

Артистик
директ е супер организарана веб-комуна која ви нуди широк избор на песни, музички албуми, филмови како и секакви видови на информации од светот на музиката, популарната уметност и џет сетот.

Веб-порталот содржи корисни податоци за рејтингот на музичките изданија, потоа, кориснички рецензии, како и податоци за музичките артисти од секаков тип. Меѓу другото, на ова интересно место можете да најдете информации за закажаните концерти низ целиот свет како и можност да се снабдите со влезници за истите.

Со прекрасен дизајн, прегледни навигациони менија, и многу интересни и корисни содржини, може да се каже дека артистик директ, го зафаќа топ местото меѓу високо рангираните забавни веб-портали.

Високо препорачано!

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: одличен
Навигација: добро организирана
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен Бројач: нема
РСС/АТОМ: има
Гугл ранг: 6/10
Јазик: англиски
Политика за приватност: има
Адреса: www.artistdirect.com

Напишано од Миша Вучиќевиќ

26 февруари 2009

Културен информатор

Доколку сакате да бидете информирани за сите културни настани, како и да бидете во тек со новостите од областа на културата во Република Македонија, тогаш треба да го посетите веб-сајтот „Култура во Република Македонија“. Овој сајт е еден од ретките македонски веб-портали што функционираат како секојдневен културен информатор. Постои повеќе од 7 години и функционира континуирано за целото тоа време. Овде можете да најдете информации и новости за музика, филм, театар, литература, музеи, популарна култура, издаваштво, како и за културни манифестации и настани што следуваат во блиска иднина. Информациите во врска со редовните репертоари во нашите театри, кина, изложби, културни собири и мултимедијални настани се спакувани и во вид на секојдневен и неделен културен водич.

Сепак, генерално гледано, сајтот изгледа малку оскудно, како да фалат повеќе содржини, но имајки ја во предвид бројноста на секојдневните културни дејствија и настани во нашата земја, тоа е и неизбежна карактеристика. Организацијата на почетната страна е на пониско ниво бидејки напишаните новости се редат по надолна линија до бескрај, при што се случува по пат да заборавите што предходно сте прочитале. Би требало таа содржина малку подобро да се распредели по категории, можеби и по датуми, па понатаму да се складираат информациите во дополнителна архива со цел сајтот да делува по организирано.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: ниска
Дизајн: обичен
Навигација: многу
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/ АТОМ: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.culture.in.mk

Напишано од Миша Вучиќевиќ

Откачени позадини за вашиот десктоп

Доколку сте љубители на интересни десктоп позадини, ова е вистинскиот веб-сајт за вас.
„Владстудио“ е добро организиран веб-сајт, креиран од една личност која има многу интересен начин на гледање на реалноста и секојдневието што се гледа во неговите обработки. Веб-сајтот претставува една едноставна, но сеопфатна и многу интересна целина. Го карактеризираат весели бои, има супер организирано навигационо мени и сосем доволно содржина, со неколку збора, изгледа совршено за она што треба да го прикаже. Позадините се поделени во повеќе категории врз основа на тоа каква тема обработуваат.

„Владстудио“ на своите корисници им ги нуди поголемиот дел од позадините за слободно преземање, но кога се работи за слики со послаб квалитет. Доколку сакате да добиете позадина со подобар квалитет, ќе треба да се регистирате, а пак за позадините со висок квалитет, се наплаќа одредена цена.

Меѓу другото, на овој веб-сајт може да најдете и електронски честитки, десктоп часовници, туторијали, постери и друго.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен, модерен и чист
Навигација: средна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/ АТОМ: има
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: англиски, германски, француски...
Политика за приватност: нема
Адреса: www.vladstudio.com

Напишано од Миша Вучиќевиќ

25 февруари 2009

Конечно македонските студенти добија свој информативен студентски портал!

Македонските студенти долго време чекаа да се појави на интернет просторот, портал на којшто ќе можат да ги најдат сите потребни информации за универзитетите, како и сите новости за студентите и студентскиот живот. Конечно, www.studenti.com.mk е прв македонски веб-сајт што настојува да ги задоволи овие потреби на студентите.

Веб-сајтот е организиран на модерен и забавен начин и освен информации за универзитетите, посетителите овде може да најдат и голем број новости од секојдневниот студентски и културно-забавен живот. Меѓу другото, на овој сајт имате можност да видите рекламни банери за агенциите кои нудат работа и студирање во странство.
Бидејќи веб-сајтот е релативно нов, сè уште не е финализиран и многу работи му недостасуваат, особено содржинско исполнување на креираните категории. Но, се надеваме дека во блиска иднина, на веб-сајтот ќе се најдат многу корисни, интересни и забавни содржини. Ние им посакуваме успех во работата и што поголем број секојдневни посетители!

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: солидна
Дизајн: просечен, класичен
Навигација: задоволителна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен Бројач: нема
РСС/ АТОМ: нема
Гугл-ранг: 3
Јазик: македонски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.studenti.com.mk

Напишано од Миша Вучиќевиќ