07 февруари 2011

Дневна доза од модната сцена

„Уличниот стил во Скопје” (Skopje Street Style) е блог кој ве дочекува со мотото „Модата што не се раѓа на улиците е осудена да стане демоде”. На овој блог секојдневно се промовираат интересни модни содржини, совети, стилови, изложби, фотографии, ревии, дизајнери, авангардни уметници и несекојдневни ликови.
Блог со интересни модни содржини
Блогерката будно ги следи настаните од модната сцена низ градот, па така, често пати може да ве пренесе на случувањата од модниот живот во Скопје, доколку сте ги пропуштиле. На блогот имате шанса да прочитате интервјуа со македонски модни дизајнери, изработувачи на накит и лица од македонската модна индустрија.

„Уличниот стил во Скопје” ви ги доловува и вестите од светската модна сцена, оние поврзани со некои дизајнерски куќи, ликови и случувања, па така, тука ќе прочитате и за надежните светски имиња, имиња кои допрва доаѓаат.

Содржините се поделени во неколку категории кои ви овозможуваат филтрирање на написите: додатоци, македонски дизајнери, накит, облека, странски дизајнери, филигран, блогери, модна недела, ревија, тренд и општо.

Меѓу другото, во делот „Топ стил“ секој ден можете да најдете предлог дневна комбинација на парчиња облека од светските модни писти која авторката ја избира за вас. 
„Уличниот стил во Скопје” може да го следите преку познатите социјални медиуми, но исто така може да се регистрирате и за добивање содржини по електронска пошта.

Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: skopjestreetstyle.wordpress.com

03 февруари 2011

Корисни македонски алатки

Сервисот „Алати“, како што кажува и самото име, нуди неколку корисни „македонски“ алатки на едно место.
Веб-сајт со корисни „македонски“ алатки
На почетната страница само се претставени алатките кои ги нуди овој сервис: „мк фолк песни“, „мк оро“, „англиско-македонски конвертор“, „HTML тастатура“, „мк фонтови“, „мк топ“, „временска прогноза“ и „телевизиска програма“.

Со избирање на потребната алатка, сервисот ве носи до страницата која ги нуди соодветните услуги. Така, на пример, доколку изберете „англиско-македонски конвертор“, сервисот ве носи до апликација со која може да конвертирате текст од латиница на кирилица и обратно. Со избирање на „македонски ора“ или „македонски песни“, сервисот ве насочува кон веб-сајтови кои содржат колекции на македонски песни и нивни текстови или колекција на македонски ора. Преку алатката „мак топ“ може да ги следите најдобро рангираните македонски блогови, а од „македонски фонтови“ да го преземете очекуваното.

Алатките кои ги нуди Алати, се или дел од самиот сервис или пак претставуваат врски кон надворешни сајтови. Бидејќи тој не нуди конзистентен дизајн, ова може да доведе до дополнителна забуна.

Сите алатки се бесплатни за користење.

Дополнување: нема или нередовно
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: неконзистентен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 3/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски, македонски
Адреса: www.alati.org

02 февруари 2011

Добра работа - место за полесно вработување

„Добра работа” е мошне корисен сајт за посетителите кои се заинтересирани за промена или унапредување во кариерата. Овде можете бесплатно да ги гледате огласите за работа, да се пријавувате на истите, како и да најдете вести и прирачници за вработување кои содржат корисни совети и информации.
Огласи за вработување и корисни информации за вашата кариера
Сајтот претставува своевиден агрегатор на огласи кои секојдневно се ажурираат, така што тука може да ги најдете најновите понуди на пазарот на трудот.

Огласите се поделени во категории што ви овозможува заштеда на време кое вообичаено би го потрошиле за лутање низ големиот број огласи. Па така, огласите се класифицирани во 27 категории со што ви се овозможува полесно пребарување, како на пример: административна работа, продажба и трговија, човечки ресурси, креатива, дизајн и уметност, и многу други. Освен по категории, огласите може да ги пребарувате и по градови.

„Добра работа” овозможува да станете регистриран корисник со што добивате неколку можности плус: да ја создадете и објавите вашата биографија, да добиете бесплатен профил, да ги снимате огласите, да добивате бесплатен информатор, како и да активирате автоматски информатор за слободни работни места.

Освен оние кои бараат вработување, свој профил може да создадат и работодавачите со кој добиваат можност да објават оглас, да пребаруваат во базата на биографии, да добиваат бесплатен информатор, или да испратат повик до одреден кандидат.

„Добра работа” може да ја следите на Твитер или на Фејсбук.

Дополнување: постојано од авторите
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.dobrarabota.mk

01 февруари 2011

Генерирајте своја политика за приватност

Доколку поседувате свој веб-сајт, а сакате на вашите посетители да им покажете дека се грижите за нивните лични податоци, тогаш „Free Privacy Policy“ може да ви помогне. Се работи за сервис со кој на едноставен начин можете да генерирате своја политика за приватност.
Сервис за едноставно генерирање на политика за приватност
Сè што треба да направите е да го пополните интерактивниот прашалник, врз основа на кој сервисот ќе ја генерира вашата политика за приватност. Прашалникот содржи основни прашања за тоа кои податоци ги собирате, за што ги користите, кои мерки ги преземате за заштита  на истите, дали користите кукија и слично. На сите овие  прашања одговарате со едноставно избирање на некој од веќе понудените одговори. Доколку имате дополнителни информации кои сакате да бидат дел од вашата политика за приватност, сервисот нуди можност преку полињата за внесување на текст, истите да ги додадете.

На крајот од прашалникот потребно е да ги внесете вашето име и електронска адреса на која ќе ги добиете потребните податоци за пристап до генерирана политика за приватност. Откако ќе ѝ пристапите, сервисот нуди можност да направите дополнителни измени, да го преземете HTML кодот и да го прикачите на вашиот веб-сајт.

Сервисот дозволува креирање на само една бесплатна политика за приватност. Доколку сакате можете да се претплатите и да добиете можност за креирање на неограничен број политики со дополнителни функционалности.

Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: едноставен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.freeprivacypolicy.com

31 јануари 2011

Слушајте ја музиката која ви се допаѓа, едноставно и бесплатно

„Дизр” е бесплатен сервис за слушање музика лансиран на 22 август, 2007 година. Сервисот започнал со165.000 песни, а денес брои 4 милиони регистрирани корисници. Во мај 2010 година, сајтот веќе  располагаше со 7 милиони песни.
Бесплатен сервис за слушање радио
Сервисот овозможува задоволување на сечии музички желби, пристапност до тематски радија (хип хоп, рок, електро, џез, диско, хитови, итн), како и пристапување преку мобилен телефон, ајфон, блекбери, или ајпод тач.

Тука може да се информирате за артистите, албумите, песните, да споделувате листи со песни, музички вкусови и расположенија преку заедницата и социјалната мрежа на дизр, како и да откривате нови музички таленти.

Сајтот овозможува неограничено, слободно слушање музички записи, но без можност за нивно преземање. Можно е песните да ги слушате засебно, но и преку тематски веб-радија или т.н. „паметни радија“ кои овозможуваат членовите да започнат од песна која им се допаѓа, да ја стопираат, да прескокнат песна и да слушаат некоја од следните програмирани песни.

Радијата и песните може да ги слушате преку вградено плеерче на кое се наоѓаат опциите за пуштање, стопирање, прилагодување на јачината на гласот и слично.

Сервисот нуди можност и да станете член на заедницата на дизр, со што имате неколку дополнителни привилегии, на пр. креирање на свој профил, креирање на листи со песни, неограничено складирање на МП3...

Дизр  може да го следите на Твитер, на Фејсбук или да го поврзете со вашиот блог.

Дополнување: повремено од корисниците и од авторите
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг:  6/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски, француски, германски, шпански, италијански
Адреса: www.deezer.com

28 јануари 2011

Сите контакти на едно место

Ако и вашите контакти се наоѓаат на неколку различни места на интернет, тогаш „Гист“ е вистинската алатка со која сите нив ќе ги донесете на едно место, при што ќе добиете целосен преглед на вашата лична социјална мрежа.
Сервис кој ви помага да ги донесете сите контакти на едно место
Притоа,  „Гист“ овозможува и автоматско следење на активностите на вашите контакти, така што наместо посебно да ги посетувате социјалните мрежи, тука ќе можете да ги видите најновите ажурирања (постови, твитови или пак статуси) од секој ваш контакт.

За да го користите „Гист“, потребно е да направите своја корисничка сметка. Откако ќе го направите ова, следниот чекор е да ги поврзете вашите сметки за електронски пораки со „Гист“. Притоа сервисот ќе побара дозвола за пристап до истите. Истото ова ќе треба да го направите и со вашите профили на социјалните мрежи, како на пример Twitter и Facebook. Доколку имате контакти и на некое друго место, импортирајте ги и нив.

Откако ќе го креирате вашиот профил, на „таблата“ (dashboard) на „Гист“, ќе ги видите најновите ажурирања од вашите контакти, а во јазичето „People“  ќе може да ги прегледате сите внесени контакти. Сервисот ви овозможува  да ги пребарувате контактите по име, по датумот кога се внесени во „Гист“, а нуди и други корисни опции.

„Гист“ може да го инсталирате и на вашиот мобилен телефон или пак како додаток на вашиот веб прелистувач.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: http://gist.com

27 јануари 2011

Креирајте анимирано слајд-шоу од вашите фотографии

„Слајд“ е онлај сервис кој ви овозможува да креирате интересно слајд-шоу од вашите фотографии користејќи веќе уредени дизајни и потоа истото да го споделите преку социјалните мрежи.
Сервис за креирање на слајд-шоу од фотографии
Користењето на Слајд е навистина едноставно. Прво, започнете со качување на фотографии кои сакате да се најдат во вашето слајд-шоу. Истите може да ги преземете од постојните фајлови, од социјалните мрежи или пак само да ги внесете веб-адресите на сликите. Откако ќе го направите тоа, преминете на дизајнирање на слајд-шоуто.  Од десната страна на прозорецот се наоѓаат интересни веќе уредени, анимирани дизајни кои може да ги примените на вашето слајд-шоу.  Освен овие дизајни, може да изберете и некој од понудените теми, позадини, ефекти и сл. Кога сметате дека го имате посакуваниот дизајн, преминете на вториот чекор - зачувување на слајд-шоуто. При првото креирање, во овој чекор ја креирате и вашата сметка на Слајд. Во третиот чекор  креираното можете да го споделите на некоја од социјалните мрежи (Фејсбук, Маспејс, Твитер...).

Следејќи ги истите чекори можете да креирате дизајн и за видео, како и за поединечни слики.

Користењето на сервисот е целосно бесплатно.

Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен, интересен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: -7/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.slide.com

26 јануари 2011

Порција хумор со „The Oatmeal“

Доколку сте моментално нерасположени или ви е досадно, „The Oatmeal“ е вистинскиот сајт кој ќе ви го промени расположението. Тука ќе најдете стрипови и квизови кои добро ќе ве насмеат со нивната хумористична содржина и со иронично прикажаните ситуации од вистинскиот живот.
Сајт со хумористична содржина
Интересно е што сајтот е креиран и одржуван од само еден човек - Метју Инман. Тој е мошне успешен при пронаоѓање хумор во секојдневните, не толку хумористични ситуации. Влијанието кое го имале стриповите на него е очигледно, бидејќи и самиот сајт е еден голем стрип кој тој самиот го изработува.

Некои од поинтересните содржини се однесуваат на: „7 работи кои навистина не мора да ги сликате“, „Што кажува вашата имејл адреса за вашите компјутерски вештини“, „Како веб дизајнот оди по ѓаволите“,  „Зошто верувам дека печатачите се испратени од пеколот“, „Зошто е подобро да се преправаш дека не знаеш ништо во врска со компјутерите“, „3 фази во поседувањето компјутер“ и многу други илустрации кои добро ќе ве насмеат.

Авторот води и сопствен блог кој не е поразличен од другите содржини на сајтот. Сајтот има и секција за онлајн купување на производи како маички, шолји за кафе, налепници, постери и други предмети со сликички од содржината.

Сајтот е објавен на 6 јули, 2009 година, и оттогаш ужива голема популарност со над 20 милиони посети месечно.

„The Oatmeal“ може да го следите на Твитер, на Фејсбук или да се регистрирате за добивате содржини преку имејл.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг:  6/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.theoatmeal.com

25 јануари 2011

Научи нешто секој ден

„Learn something every day“ е едноставен, но креативен веб-сајт на кој може да најдете интересни информации, за кои можеби никогаш не би помислиле во секојдневниот живот.
Сајт со интересни факти претставени преку илустрации
 Се работи за кратки факти кои преку илустрација, карикатура или интересни сценарија им се пренесуваат на посетителите. Така, на сајтот може да најдете информација дека Дизнииевиот свет е поголем од дури 17 држави, американската химна потекнува од песна која Британците  ја пееле додека пиеле или дека првото ЦД било дизајнирано за 74 минути музика, колку што траела Деветата симфонија на Бетовен.

Секој ден излегува нова илустрација со нова информација. Доколку сакате, можете и вие да поднесете некој факт со праќање е-пошта на следната адреса: fact@learnsomethingeveryday.co.uk.
Сајтот е едноставен, шарен и лесен за навигација.

Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: www.learnsomethingeveryday.co.uk

24 јануари 2011

Безбедно кликање на веб

Кликни безбедно е српски веб-сајт кој содржински многу наликува на македонско-албанскиот bezbednonainternet.org.mk (internetisigurt.org.mk). Целта на сајтот е подигање на свеста за безбедно користење на интернет од страна на младите, но покрај за нив, наменет е и за нивните родители.
Веб- сајт со содржини за онлајн безбедност
Од посебна категорија се пристапува до материјалите кои можат слободно да се преземаат во PDF. Тука има брошури за родители и за деца, постери и презентации. Најинтересната содржина, која е достапна на сајтот е онлајн играта наменета за децата. Таа ги поставува децата во виртуелна околина, притоа овозможувајќи им да ги тестираат и надградуваат своите знаења за онлајн безбедноста.

Веб-сајтот е изработен од страна на Министерството за телекомуникации и информатичко општество од Србија, а неговите содржини се достапни за понатамошна употреба под лиценца од Криејтив комонс. Сајтот може да се разгледува на латиница и на кирилица. На хрватскиот избор на минатогодишните  VIDI WEB TOP 100 награди го освои второто место во категоријата ExU, веднаш зад македонскиот ИТ портал it.com.mk.

Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Дизајн: шарен, детски
Навигација: средна
Пребарувач: нема 
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 7/10
Политика за приватност: има
Јазик: српски
Адреса: www.kliknibezbedno.rs