[лекториран]
„Рим“ е најновото продолжение од успешниот серијал на стратегиски видеоигри „Тотална војна“, којшто почна со „Шогун“ и продолжи со европското „Средновековие“, што ги издаваат фирмите „Криејтив асембли“ и „Активижн“. Како и многу пред и по него, и „Шогун“ се базира на комбинирање стратегија (што да се освои низ светот - врз база на популарната игра „Риск“ или „Ризико“) и тактика (како да се водат битките - врз база на напреден тродимензионален систем).
Типичен предвесник на овој пристап е играта за ДОС „Центурион“, што може да се симне од Абандонија, а истиот се обидува да го емулира најновото издание од овој тип на Мајкрософт, наречено „Подемот на нациите“. Арно ама, додека ваквите игри на Мајкрософт, стратегискиот партнер на Владата на Република Македонија, имаат традиција античките Македонци да ги претставуваат како Грци. „Тотална војна“ има потемелен и пообјективен пристап кон историјата. Веројатно поради тоа и техничката совршеност токму софтверот од оваа игра е користен за рекреирање на борбените сцени во серијата „Пресудни битки“ на познатиот „Хистори чанел“.
Имено, покрај информациите за игрите, преку описни написи, извадоци од печатот, галерии со слики, на сајтот за „Рим“ има и календар преку кој советник (во стил на играта „Цезар 2“) ве известува за битните настани и случки на даден ден.
Известувањето за 20 септември гласи:
„Денес е роденденот на Александар Велики. Иако Римјаните го сметале за ’Грк‘ (а тој, всушност, бил Македонец), Александар исто така бил возвишуван како скоро легендарен јунак – што треба да служи за пример, поради неговата храброст и постигнувања. При тоа, пригодно ги игнорирале неговите тешки пијанчења, психотичко насилство и кон блиските и кон непријателите, како и неговите сексуални вкусови.“Сите горенаведени игри во Македонија може да се најдат само кај локалните пирати без фискални сметки, додека ако сакате да купите оригинал, најевтина варијанта е да пазарите на лице место во странство.
За веб-сајтот
Дополнување: на неколку дена
Брзина: средно брзо
Функционалност: добра
Код: ХТМЛ, Флеш
Дизајн: микс текст/графика
Клучни зборови: има, по пропис
Навигација: стандардна
Гугл-ранг: 5/10
Јавен бројач: нема
Јазици: англиски
Адреса: www.totalwar.com
Нема коментари:
Објави коментар