14 декември 2005

Че Гевара е жив

[лекториран]

„Сите што носат маичка со Че (треба) да се запрашаат малку за ликот,“ вели познатиот македонски блогер Офчарот, препорачувајќи го веб-сајтот „Че е жив“. Се работи за левоориентиран проект посветен на споменот на комунистичкиот револуционер Ернесто Че Гевара.

Содржините опфаќаат текстови и говори на Че, како и негови биографии и написи од други автори. Застапени се и мултимедијални содржини, како фотографии, звучни и видеозаписи, меѓу кои и популарната песна „Хаста сиемпре команданте Че Гевара“ од Карлос Пуебла. Поставено е и интернет-радио, кое емитува револуционерни содржини, спроведено преку „Шауткаст“. Не се за занемарување и линковите до важни написи на самиот веб-сајт, или до содржини на сродни веб-сајтови, кои често се на разни други јазици, од шпански и турски, преку германски, полски и шведски, до француски и корејски.

Веб-сајтов го користи „ПХП-нјук“ како систем за раководење со содржини. Тој во голема мерка ги задоволува стандардите за употребливост, но сепак крајната примена зависи од директните администратори. Така на пример, тие имаат одбрано некои линка да се отвораат во нов прозорец, што не претставува добра практика.

Освен преку веб, новите содржини на веб-сајтов се достапни и во форма на е-билтен, кој се дистрибуира преку е-пошта или РСС. Тој заработува (можеби) преку донации и преку продавање производи со ликот на Че. Обете операции се вршат преку системи за електронска трговија.


ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.che-lives.com

2 коментари:

Shepard рече...

супер, можеби ќе се заинтригира некое дизелче со маица че па ќе се ужасне ко ќе прочита некој говор..

туку, мислам и дека имаат броило некое.. али оќеј ;)

Razvigor рече...

Имаат, ама не им е јавно, интерно е од ПХП-њукот.