10 април 2007

Кајмакот – македонски Диг (конечно!)

[лекториран]

Кајмакот е интерактивен интернет-сервис, кој содржи врски до интересни сајтови, кои „испливуваат на површина“ на насловната страница со гласање на посетителите.

Со едноставна и брза регистрација посетителите може да поставуваат линкови до статии кои им се интересни и да гласаат за веќе пријавените. Оние статии со доволен број на гласови од сите регистрирани корисници автоматски стануваат популарни и се појавуваат на насловната страница.

Кајмакот е оригинална апликација направена од членовите на заедницата за слободен софтвер – Васко Авукатов и Георги Станојевски.

Овој сервис за социјално вмрежување работи на слични принципи како глобално и регионално популарните Диг, Редит, хрватскиот Два нула и босанскиот Кртица, акцентот е за статии на македонски јазик и од македонски автори.


Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП Python/Django
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (ептен тазе)
Јазици: македонски
Адреса: kajmakot.softver.org.mk

3 коментари:

glisha рече...

Фала Филип за статијата. :)

Само можеш тука да поправиш, претпоставувам Време недоаѓа во обзир да се препечати? :), дека серверскиот код не е PHP туку Python/Django webframework-веб платформа. :)

Развигор рече...

Здраво Глиша, молам. Поправено. :-)

Јанко рече...

И што е уште побитно, авторот не е „Георги Станојоски.“ туку „Георги Станојевски“ :-).