26 февруари 2009

Културен информатор

Доколку сакате да бидете информирани за сите културни настани, како и да бидете во тек со новостите од областа на културата во Република Македонија, тогаш треба да го посетите веб-сајтот „Култура во Република Македонија“. Овој сајт е еден од ретките македонски веб-портали што функционираат како секојдневен културен информатор. Постои повеќе од 7 години и функционира континуирано за целото тоа време. Овде можете да најдете информации и новости за музика, филм, театар, литература, музеи, популарна култура, издаваштво, како и за културни манифестации и настани што следуваат во блиска иднина. Информациите во врска со редовните репертоари во нашите театри, кина, изложби, културни собири и мултимедијални настани се спакувани и во вид на секојдневен и неделен културен водич.

Сепак, генерално гледано, сајтот изгледа малку оскудно, како да фалат повеќе содржини, но имајки ја во предвид бројноста на секојдневните културни дејствија и настани во нашата земја, тоа е и неизбежна карактеристика. Организацијата на почетната страна е на пониско ниво бидејки напишаните новости се редат по надолна линија до бескрај, при што се случува по пат да заборавите што предходно сте прочитале. Би требало таа содржина малку подобро да се распредели по категории, можеби и по датуми, па понатаму да се складираат информациите во дополнителна архива со цел сајтот да делува по организирано.

Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: ниска
Дизајн: обичен
Навигација: многу
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: има
РСС/ АТОМ: нема
Гугл-ранг: 6/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: www.culture.in.mk

Напишано од Миша Вучиќевиќ

Нема коментари: