[лекториран]
Развојот на партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор (Public Private Partnerships – ППП, П3) се наметнува како императив во развојниот сектор на светско ниво во последно време. Во овој систем владини услуги се спроведуваат во партнерство или преку алокација на трудот со приватни компании, често преку обезбедување и капитални инвестиции од приватниот сектор.
Веб-сајтот за ППП на Владата на Ирска има цел обезбедување оптимум поддршка за развојот на овој процес, како алатка на посебен оддел основан во рамките на Министерството за финансии.
Веб-сајтот нуди информации за активностите од оваа област, од најави на конференции до извештаи за изведени проекти и вклучените компании.
Вклучувањето во процесот на нови учесници, пред се, им е обезбедено преку обезбедување детална документација (брифинзи, водичи, законски рамки, изјави за јавност и говори), како и терминолошки речник и одговори на често поставувани прашања.
Од аспект на употребливост, веб-сајтов има очигледни недостатоци и добри страни. Основен недостиг е што повеќето документи не се во форма на веб-страници (ХТМЛ), туку се снимени само во затворени формати на документи во сопственост на определени компании, при што до линкот за симнување не е наведен форматот, ниту големината на документите. Добра страна е исклучително добро изведеното мени.
ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ, ЈС
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: www.ppp.gov.ie
1 коментар:
može dobro da dojde rubrikata "blog na denot":D
btw, FAAALLAAA što me uvrstavte vo devArt mk.figurite(endeneue)
:D
Објави коментар