[лекториран]
„Мај спејс“ е веб-сајт за социјално вмрежување (social networking) од Калифорнија, кој нуди интерактивна мрежа од блогови, кориснички профили, фотографии, групи и интерен систем за пораки.
Оваа виртуелна заедница, која има 300 вработени и се смета за најпопуларен веб-сајт во САД, на корисниците им нуди можност за прикажување најразлични нивни содржини (дури и видео), што делумно довело до култен статус во современата култура. Подемот на сервисот беше комбиниран со активности за вмрежување надвор од Интернет, како организирање журки за корисниците или промоција преку фотографии на некои од нив во „Плејбој“.
Низа уметници успеале да се промовираат преку овој сервис, а низа веќе афирмирани уметници имаат отворено профил на „Мај спејс“ за да ја искористат „плимата“. Наводно, меѓу нив се и Селма Хајек, Хеле Бери, Лаетиција Каста, Нели Фортадо, и Аврил Левињ.
Пред некое време 14-годишно девојче, кое се жали дека било сексуално нападнато од 19-годишник, го тужело „Мај спејс“ за 30 милиони долари, кривејќи го дека нема систем за заштита на малолетниците. Како чекор во таа насока, „Мај спејс“ не пропушта да ги потсети корисниците дека
- „страниците и форумите се јавно место,
- луѓето не се секогаш она што тврдат дека се - не додавајте непознати во листите на пријатели,
- пријавете ги сите видови малтретирање, несоодветни содржини и говор на омраза,
- не објавувајте ништо од што подоцна би се срамеле,
- не лажете дека сте постари или помлади од тоа што сте“.
ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: постојано
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: АСПХ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: www.myspace.com
Нема коментари:
Објави коментар