[лекториран]
Можноста да се прочитаат изворно светите списи е основа за интелигентна јавна дебата за низа прашања поврзани со системот на вредности и устројувањето на општеството. Со оглед на тоа што МПЦ ги нема објавено изворните текстови на својот веб-сајт, мистериозниот „Библија на македонски јазик“ е во ситуација да игра клучна улога во таа дебата, а и да послужи како алатка за учење за предметите поврзани со религија. На сајтот има неколку преводи на библијата и на други јазици, а на македонски се еден поархаичен од 1990 година и еден посовремен од 1999 година.
Содржината на еден првиот превод на прв поглед изгледа исто како едно од изданијата одобрени и благословени од МПЦ. За жал, на веб-сајтот нема оставено импресум, референци, ниту било какви информации за изворите на изданијата и идентитетот на сопствениците, кои би овозможиле јакнење на кредибилитетот на овој ресурс.
Особено јака страна на сајтов е можноста за пребарување по клучни зборови, која овозможува и преглед на слични и сродни термини.
Текстовите се објавени бесплатно, според поуката од Евангелие по Матеј 10:8 „бесплатно добивте, бесплатно давајте“. За отстранување на било какви пречки во пренесувањето на цитати, би било добро да се искористи стандардизирана лиценца како Криејтив комонс.
Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, бугарски, српски, англиски
Адреса: www.mkbible.net
3 коментари:
gplv3 ;)
нема веќе библија на македонски
Префрлена е на http://svetopismo.com.mk/
со малку полоша навигација, со неколку дополнителни изданија и јазици. И со _ужасен_ дизајн... Ама, брка работа. :)
Објави коментар