„Гуглгуглгуглгугл“ е веб-сајт кој се состои од 4 рамки кои го делат екранот на 4 еднакви дела, а во секој од нив има по една гугл почетна страница. Можете да ги користите сите 4 рамки истовремено, што значи во секое поле за пребарување да пишувате различни поими, за кои соодветно ќе добивате и различни резултати. Оваа можност е многу практична за веб-истражувања кога вообичаено треба да се обидеме со повеќе варијанти од клучни зборови и нивни комбинации додека да дојдеме до резултатите што сме ги очекувале.

Сега за сега, сајтот е функционален, но во најава се некои нови функционалности кои би требало да го направат уште попрактичен и покорисен за употреба.
Дополнување: нема
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: нема
Јазик: англиски
Адреса: googlegooglegooglegoogle.com
Нема коментари:
Објави коментар