![]() |
Сервис кој ви помага да ги донесете сите контакти на едно место |
За да го користите „Гист“, потребно е да направите своја корисничка сметка. Откако ќе го направите ова, следниот чекор е да ги поврзете вашите сметки за електронски пораки со „Гист“. Притоа сервисот ќе побара дозвола за пристап до истите. Истото ова ќе треба да го направите и со вашите профили на социјалните мрежи, како на пример Twitter и Facebook. Доколку имате контакти и на некое друго место, импортирајте ги и нив.
Откако ќе го креирате вашиот профил, на „таблата“ (dashboard) на „Гист“, ќе ги видите најновите ажурирања од вашите контакти, а во јазичето „People“ ќе може да ги прегледате сите внесени контакти. Сервисот ви овозможува да ги пребарувате контактите по име, по датумот кога се внесени во „Гист“, а нуди и други корисни опции.
„Гист“ може да го инсталирате и на вашиот мобилен телефон или пак како додаток на вашиот веб прелистувач.
Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 6/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: http://gist.com
Нема коментари:
Објави коментар