![]() |
Веб-сајт со содржини за унапредување на образовниот процес |
Содржините се објавуваат во вид на стручни размислувања, истражувања или добри практики од страна на луѓе (наставници, педагози, родители) кои сметаат дека со споделување на нивното лично искуство и знаење би придонеле во подобрување на образовниот процес. Така, во содржините наменети за наставниците, ќе можете да најдете добри практики, како на пример: добар час по ликовно образование, пример за час со примена на ИКТ во одделенска настава во комбинирана паралелка, насоки за планирање и подготовка на наставата, работа со ученици со потешкотии во учењето и слично. Во делот за родители може да најдете интересни информации и идеи, како на пример, активности со кои децата во предучилишниот период лесно би се подготвиле за читање. Сите текстови на „Е-педагог“, освен кратките објаснувања за нив, се дадени во PDF формат. Истите можете да ги преземете, но не и да ги менувате или користите како свои.
Доколку сакате и вие да придонесете со вашето искуство, тоа може да го направите со испраќање на вашиот стручен текст на електронската адреса на креаторката на сајтот.
„Е-педагог“ бил вклучен во 50-те најдобри едукативни сајтови на eLearning Awards 2010 организиран од страна на European Schoolnet (www.europeanschoolnet.org).
Дополнување: од корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: едноставен
Навигација: нормална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.e-pedagog.com
Нема коментари:
Објави коментар