Веб-сајтот е со интересен и едноставен дизајн и моментално на него можат да се најдат информативни содржини поврзани со програмата и работата на центарот. Работилниците кои се дел од програмата се од секаков вид и имаат за цел да му овозможат стекнување здрави и корисни навики на секое дете, кои ќе му помогнат во секојдневните школски активности и задачи. Креативно пишување и читање, компјутери, англиски јазик, македонски јазик, домашни задачи и развивање на т.н. животни вештини се само дел од активностите кои децата секојдневно ќе ги извршуваат и совладуваат со помош на стручно обучените лица. Исто така, меѓу активностите не е изоставено одржувањето редовна физичка активност на децата преку вежби за пилатес и аеробик. Центарот организира и подготовка за полагање државна матура по англиски и македонски јазик и книжевност, како и курсеви и индивидуални часови по деловен англиски јазик, ФЦЕ, ЦАЕ, ТОЕФЛ и ИЕЛТС.На сајтот директно може да се аплицира за членство во центарот преку пополнување на формуларот во кој родителот треба да остави неколку основни податоци за себе и за своето дете.
Дополнување: редовно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: интересен и едноставен
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Политика за приватност: нема
Јазик: македонски
Адреса: www.mediaart.mk


Најпрво, поврзете ја вашата кориничка сметка на Твитер со апликацијата. Потоа одберете го вашето или кое било корисничко име, чиј твитер стрим сакате да го проследите. Почекајте неколку минути за апликацијата да го генерира дневното издание на Твитер. Линкот кој води до Твитер весникот кој го креиравте, може да си го зачувате во обележувачите на вашиот прелистувач и да го посетите во некоја наредна прилика. 
