Доколку ви се допаѓа нешто што е веќе продадено, можете да побарате сличен производ или да поставите прашање за можноста за изработка на слично парче. Оваа веб-локација е и одлично место кое можете да го посетите доколку наидува нечиј роденден за кој сакате да приредите убаво изненадување со изборот на подарокот.
Нарачаните производи се подигнуваат од пошта, каде на цената на производот ќе треба да додадете уште некој денар за поштарина. Пратката би требало да ја добиете за 3-5 дена од моментот на нарачувањето.За секој производ, претставени се одерени детали кои ќе ви помогнат во изборот, а начинот на прегледување и пребарување на разните видови облека е толку практичен, што понуденото за кратко ќе ви изгледа недоволно. За купените производи добивате гаранција од 10 дена за нивно враќање, за што ќе го добиете платениот износ назад.
И на крајот, доколку вие сте изработувачи на рачни работи, можете да се приклучите и вашите творби да ги направите достапни од галеријата на уникатно.
Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: пријатен
Навигација: минимална
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: нема
Политика за приватност: нема
посебно, но има кратка информација
Јазик: македонски
Адреса: unikatno.com.mk






