[лекториран]
„Слободно нуркање“ (free-diving) е англиски термин, кој покрива низа активности во вода, кои ги поврзува тоа што не се користи опрема за дишење, туку се нурка со задржување на здивот.
Филмот „Слободен нуркач“ раскажува топла приказна за млада девојка, која учи како да стане врвна спортистка во длабинско нуркање на прекрасниот грчки остров Спетсес, а е направен врз основа на вистински трагичен настан. Авторот (актер, сценарист и режисер) Алки Давид и неговиот тим имаат вложено огромна енергија и љубов при снимањето.
Инаку, освен на нуркање и на снимање филмови, Давид и неговите истомисленици се посветени и на зачувување на природната околина и организираат еколошки активности за заштита на морето и негово чистење од штетните човекови влијанија.
Со концизноста и директноста, веб-сајтов може да послужи како пример за македонските филмаџии, од кои повеќето имаат покажано минимално разбирање на моќта на
Од аспект на употребливост, недостаток на веб-сајтов е отворањето на нови прозорци кај некои надворешни линкови. Иако употребата на рамки за прикажување на содржините исто така не е препорачлива оти попречуваат пристап за машините за пребарување при индексирањето, сепак страниците што ги содржат се структурирани да овозможуваат длабинско линкување.
ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: ретко
Брзина: брзо
Функционалност: добра
Код: ХТМЛ
Дизајн: комбиниран
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Јазик: англиски
Адреса: www.thefreediver.org
1 коментар:
Grand bleu, Le (1988)
Објави коментар