Содржините на „Лудница“ се вообичаени за веб-сајтовите од овој тип: „занимливости“, видео и аудио клипови и слично, без поставени линкови до изворите на информациите. Доколку авторите, инаку велешани, продолжат со ваквата уредувачка политика, наспроти пронаоѓање на нешто оригинално или фокусирање на одредена област непокриена од друг сајт кај нас, би било добро да ги исправат барем следните пропусти:
- Клучните зборови и описите во мета-таговите треба да ја рефлектираат содржината на страниците. Особено неискористен е делот за наслов (title), во кој може покрај името на сајтот да оди и заглавието на тековниот напис.
- На насловната страница, линк (врска) до целото тело на веста би требало да биде насловот, за Гугл да ги регистрира зборовите во него, а не фразата „Прочитај повеќе...“. Би било добро со секој напис да стои и датумот на објавување.
- Малите „рандом слики“ што се вртат во левата колона по случаен избор, би требало да бидат линкови до поголеми верзии. Преку изложената навигација е невозможно да се влезе во дел со фото-галерии.
Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: средна
Код: ПХП (Џумла)
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: минимално
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 3/10
Јазик: македонски
Адреса: www.ludnica.com.mk
Датум на пишување: 14.08.2006.
Нема коментари:
Објави коментар