21 ноември 2008

Купи лаптоп

Купи лаптоп е бренд којшто стои зад компанијата USAnotebook, која постои од 1988 година, а се занимава со продажба на нови-неупотребувани или реновирани лаптопи од познати и реномирани производители, како IBM, Dell, HP и Toshiba. Компанијата има мрежа од над 50 ексклузивни партнери од целиот свет, а од пред една година овозможува и директна продажба од Македонија.

Производите кои тие ги продаваат се такви кои биле купени по малопродажна цена и вратени во рок од 30 дена од страна на корисниците, потоа производи кои биле изложувани низ продавниците во САД, како и такви од кои постојат големи залихи и се продаваат по пониски цени заради чистење на производот од залиха и воведување на нов модел.

Сајтот, сам по себе, не е особено презентативен и дизајнерски дотеран, но е едноставен за пристапување и ја врши својата намена, односно ги презентира потребните информации. Доколку се решите да нарачате лаптоп преку оваа компанија со претставништво во Македонија, истиот можете бесплатно да го добиете дома во рок од 24 часа. Доколку пак сакате да го видите производот пред да си ги дадете парите, посетете ги нивните канцеларии, за што информациите ќе ги најдете на сајтот.

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: текстуален
Навигација: минимална
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 1/10
Јазик: македонски, англиски
Политика за приватност: нема
Адреса: kupilaptop.com

1 коментар:

Анонимен рече...

Би било добро во електронското издание на „Време“ да се објавува и адресата до веб страницата за која што е наменет самиот текст. Во денешниот број, сајт на денот е „Купи“... и за него - толку! Читателите нека гледаат на гравчиња каде може да се отвори... :))